Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ти стварно мислиш дека Жељко ќе работи со него?
Сега му е ментор додека трае шоуто, платен е сега Жељко тоа да го прави.

Платен е и да го влечка по концерти, да го форсира до толку?? Не гледам другиве истото да го прават...

Жељко си има продукција негова, а Даниел моментално е потенцијал да растури по Балканов и не гледам зошто некоја таква продукција не би го сакала да го има.
 
Велики Брат не гледав па затоа не ја знам Маријана,Не се согласувам со тебе,но сепак си имаш право на свое мислење.
За Александра се сложувам дека е добра,а има една маана,прави многу гнасни фаци додека пее :unsure:
Баш тие фаци прават да се разликува од другите , а со тоа што она не е копија на друг пеач се прави она да е вистинска ПЕАЧКА :)
 
Ти стварно мислиш дека Жељко ќе работи со него?
Сега му е ментор додека трае шоуто, платен е сега Жељко тоа да го прави.

Гледам веќе ме претркале, Жељко си има своја продукција, гледа каква слава стекна за многу брзо време, бар ништо друго пари ке прави од него.
 
Ти стварно мислиш дека Жељко ќе работи со него?
Сега му е ментор додека трае шоуто, платен е сега Жељко тоа да го прави.

Да мислам, затоа што Даниел е популарен и го засакаа низ цел Балкан а Жељко има сопствена продукција и може да прави пари од него. Не од љубов сигурно:)
 
Да мислам, затоа што Даниел е популарен и го засакаа низ цел Балкан а Жељко има сопствена продукција и може да прави пари од него. Не од љубов сигурно:)
Жељко може една песна ќе му направи и ништо повеќе..... мое мислење :)
 
Како да не, Жељко ќе го зел Македонецов понатака, а не некој Србин.
Политика на продукцијата е ова додека трае шоуто, веројатно и Емина исто ги влече ако има некаде концерт, може и нема периодов. А другине двајца не се пејачи па да ги влечат.
 
Што има врска ако е србин или македонец, ако може пари да прави од него?:)
 
Иначе дури и Марија Шерифовиќ изреагира на Твит за матерниот језик. :D Иначе минатиот пат ептен добар твит имаше за Даниел :)

Marija Serifovic@futomaki

Ali njegov maternji jezik nije Srpski

:pos:

Како да не, Жељко ќе го зел Македонецов понатака, а не некој Србин.
Политика на продукцијата е ова додека трае шоуто, веројатно и Емина исто ги влече ако има некаде концерт, може и нема периодов. А другине двајца не се пејачи па да ги влечат.

Во бизнис нема мешање баби и жаби. Ако сака некој да функционира нема селективност. Моја претпоставка е дека ќе има соработка Даниел со продукцијата на Жељко. Вакви актуелни потенцијални фаци кои можат да опстанат на ју-просториве а да не се турбо фолк се бројат на 1 рака, така да секоја продукција ќе прави добар бизнис ако ги има како свои ексклузивци.

Исто колку за инфо Жељко му плаќа стан во хотел, да биде понастрана од другите и да биде поконцентриран. Не верувам некој бадијала да вложува пари, а при тоа во иднина да не очекува да му се вратат.
 
Истото ќе ни се случи како со Операција Триумф, ќе стигне овој до финале и тогаш ќе победи Србин или Босанец. А ние ќе му се клањаме дотогаш на Кајмакоски, потоа ќе се заборави исто како Белов

Ако се сеќаваш Влатко Лозаноски се проби преку Музичко Шоу на Драган Вучиќ така да ако си квалитетен нема така одеднаш да замреш.
 
Јас сум љубител на скоро секаква врста на музика и имам погледнато неколку талент шоуа. Едно од нив е и ѕвезде гранда, навистина во ова шоу немам фаворити ама го гледам оти ми е забавно, секакви ликови има а и интересен ми е начинот на кој на натпреварувачите ги пуштаат да поминат понатака, со дигање на завесата. Еден србин многу убаво пееше песна од Тоше и тоа на македонски ама не помина понатаму. На тоа Шабан Шаулиќ искоментира дека превисоки се критериумите кога се пее песна на Тоше а не треба да биде така. После тоа во следните емисии поминаа бајги кандидати што пееја песна на Тоше. Повеќето пеат на македонски а не се македонци, само еден или двајца песните од Тоше ги имаат испеано на српски. Најпеани македонски песни се, Во коси да ти спијам, Тајно моја, Зајди зајди и македонско девојче. Еден македонски кандидат се претстави со српска песна и доби критики од жирито, му рекоа ќе поминеше сигурно ако пееше македонска песна зашто поубаво би звучел.
Самиот Жељко има снимено цд со преработка на македонски народни песни и пее на македонски. Не туку ломотете више. Ако сака и на ромски нека пее Даниел јазикот не е воопшто битен.
 
А што мислите, која македонска песна би му одговарала на Даниел да ја пее, зашто секако ќе пее некоја во наредните емисии, и Жељко кажа. Јас се размислувам и ниедна не ми текнува во моментов.
 
Даниел има сам изјавено дека ако му дозволи продукцијата би сакал да ја отпее "Ој девојче девојче". После вчерашните напади не знам дали сега би се осмелил.
 
Ма нека си пее што му душа сака бре, што ги шиша.
Мене лично многу ми се допадна тоа што, иако е многу скромен, после песната на сцена дури ја прекина водителката за да каже за песните на Тоше, и многу паметно кажа. Никој не е како Тоше, нит па ке биде некој, ама зошто никој да не ги пее неговите песни?

И да:
Песните на Тоше се за да се пеат и слушаат а не да останат заборавени.
Да си здрав и жив друже, ова у форумски цитати треба да иде. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom