Сине барем од тебе не очекував ваков пост. Песните им се прекрасни за слушање? Иначе за момциве шчо да речам? Рандом момци на коишто им рекле Абе вие сакате пари, голи жени и слава? И овие рекле важи бе. 3 ноти текст како пените од М2 продукција тинејџерки од 12 до 17 мастурбираат и вриштат. Нешто како New Kids on The Block на времето. Не оставија некоја трајна вредност или некој хит за памтење.Ај уште од старт да пресечам да не земе некој од копиљациве wannabe металци да пишуваат работи кој што не ги знаат.
Backstreet boys се легенди на некој начин. Иако и пред нив имаше популарни бојбендови сепак тие го однеасо терминот бојбенд на друго ниво. Станаа свестка мега атракција, тинејџерките низ светот буквално сечеа вени за нив...БУКВАЛНО.
Но највеќе што ми се допаѓа е што зад нив стои една одлична музичка продукција и екипа. Секој албум им беше подобар и позрел од претходниот, сега веќе песните навистина им се прекрасни за слушање, немаат веќе граница на тинејџерки сега се бенд за сите.
Сусаро јас не се обидувам слепо да го бранам рокенролот. Ако е нешто квалитетно според мене јас ќе го кажам тоа. Ти за пример даде една од нивните први песни, ама еве една од последните да погледнеме и ќе ја видите разликата. Можеме да се збори до утре ама песната е добра.Сине барем од тебе не очекував ваков пост. Песните им се прекрасни за слушање? Иначе за момциве шчо да речам? Рандом момци на коишто им рекле Абе вие сакате пари, голи жени и слава? И овие рекле важи бе. 3 ноти текст како пените од М2 продукција тинејџерки од 12 до 17 мастурбираат и вриштат. Нешто како New Kids on The Block на времето. Не оставија некоја трајна вредност или некој хит за памтење.
еве една од ако добро памтам 96 негде беше хит. Ако ги сакавте Магија на времето ќе ви фати уво песнава
Првиот бојбенд. За жал не беше ни последен.
Озбилно, имаат талент, но плус имаат огромна продукција позади нив и затоа станаа толку успешни. Сега целата таа работа испари и бој бендовите не се веќе толку популарни. (јес ) Освен Токио Хотел и US5, тие на секоја кривина ги има, ама пак не се фактор во музичката сцена.
А за Бекстрит Бојс некој огромен риспект и немам баш, пошто целата работа беше за пари... а која пак не е?