Бабини деветини, суеверија

  • Креатор на темата Креатор на темата ogi_bt
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е онака од навика да спомнеш нешто што останало од старите, ама да не отидеш на работа зошто црна мачка ти го пресекла патот (на мајка ми колешка), е тоа е веќе претеризам.

Nessa, имав една другарка, секогаш кога ке и го пресечеше патот црна мачка, фрлаше камен, се враќаше три чекори наназад и се крстеше три пати :ROFLMAO:
 
Комшика на баба ми викаше поп да и пее дома, зошто чаршафите имале жолти флеки (од стоење најверојатно), но според неа самовили се мочале на нив.
 
Кај Дал Фуфо (Галија) претрча црна мачка и еден во бела Мазда закочи, почека друга кола да помине па да се вклучи во сообраќајот :pos:
 
Е сега нека пробам да заспијам. :pos: :icon_mrgr::ROFLMAO:
 
Комшика на баба ми викаше поп да и пее дома, зошто чаршафите имале жолти флеки (од стоење најверојатно), но според неа самовили се мочале на нив.

МЕ ПОМОЧА ОД СМЕА :pos::pos::pos::pos:
 
Ако видиш мртво животно, фати се за коса за да не останеш ќелава. Морам да признаам до ден денес несвесно ја допирам косата, зошто татко ми е ќелав, па језиво ми е.
 
Ако видиш оџачар фати се за копче, ама да ме убиете не знам за што беше тоа. И кога ќе помина амбулантно комбе строго за црвено да се фатиш демек да не ти се случело нешто и на тебе.
 
Пред неколку години во Маврово јадеме некои од локалните јадења. Еден момак од екипата несакајќи загреба со вилушката во тавчето. Од страна една баба која тука беше со внуците се избаци со епик коментар: Не го греби тавчето детеее, ко ќе умреш ќе ти врне. Браво бе бабо свака част, баш тогаш ќе му значи на него какво ќе биде времето. :facepalm:
 
Едно е онака од навика да спомнеш нешто што останало од старите, ама да не отидеш на работа зошто црна мачка ти го пресекла патот (на мајка ми колешка), е тоа е веќе претеризам.

Ако не и се одело на работа можела да си најде и друг изговор. :)

Вакви екстремни случаи, како оној со самовилите се очигледно се` поретки и поретки и кога тогаш ќе се изгубат. Но мислам дека ќе биде погубно за културното наследство ако целосно се изгубат сите вакви народни верувања.
 
Кога поминуваш покрај Старо Купуем - скриј ги прстите и забите, зошто колку прсти и заби ќе ти изброи - за толку дена ќе умреш.

Имаше и некое суеверие за ако ја јадеш главата на рибата - ама не ми текнува што беше

Пред неколку години во Маврово јадеме некои од локалните јадења. Еден момак од екипата несакајќи загреба со вилушката во тавчето. Од страна една баба која тука беше со внуците се избаци со епик коментар: Не го греби тавчето детеее, ко ќе умреш ќе ти врне. Браво бе бабо свака част, баш тогаш ќе му значи на него какво ќе биде времето. :facepalm:

Ја ова го знам, ако гребеш по тањирот, ќе ти врне на свадба :D
 
Ако не и се одело на работа можела да си најде и друг изговор. :)

Вакви екстремни случаи, како оној со самовилите се очигледно се` поретки и поретки и кога тогаш ќе се изгубат. Но мислам дека ќе биде погубно за културното наследство ако целосно се изгубат сите вакви народни верувања.

Се согласувам, истите суеверија се инспирација за македонските народни приказни и им дава посебен шмек. Но друже реално гледано, се што е претерано не е симпатично, ја губи смислата. Убавината е во мистериозноста. Јас лично не верувам во бабини деветини, но слатко ми е да ги слушам. Подобро да се смееме, отколку да се плашиме од истите зарем не?
Далеку од исмевање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom