Автомобилот на вашето детство!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување
еден и единствен фиат1300

еден и единствен за мене уникатен модел фиат1300.Нашиот беше ист како на сликата и бојата му ја погодиле.Татко ми го купил од белград 1967 лето господово на 10 јуни ја памтам регистрацијата уште за тогашни 12000марки од салон на фиат.Регистрацијата му беше со 4бројки ск-37-61.После него а со него поминал 220000км и ке терал уште ама му скршил лагер на трет клип и така дошол од велес до скопје без да прегрее:uvo:ја купува југословенската копија на фиат1300 и тоа со иста боја,но првиот модел со 4диск кочници и со алтернатор,а мењачот беше доле.Завидна кариера со скоро 200000км за да сега :toe::toe:кутриот влече дрва во некое скопско село,кое знам дека е некаде накај браната козјак:vozbud:.После него легендарното фико,па југо темпо 1.1 и сега нова кола т.е лименка:vozbud::vozbud:матиз.Tribute to FIAT1300
 
Ех тој тристач. Пред да се родам татко ми имал 125 pz, ја шитнал и купил Фиат 1300 втор газда. Ја возел 2-3 години како ерген и минал сито и решето со неа. По тоа што ми има расправано знам дека сменил неколку мотори во колата, а тој крајниот што го имал ставено некаде пред да се родам јас мина без дефекти. Никогаш не не остави на пат, освен кога немаше бензин колку што знам во тоа време кај нас имаше криза за горивата. Значи од кога знам за себе, знам и за Фиат 1300 и колата ми е в душа. Многу ми е мака што татко ми ја продаде, прво отиде во едно беровско село, а потоа колку што дознав во Берово. Сега најверојатно е претопен во некоја ограда. Беше сина боја, а внатре маската беше покриена со некаков материјал, незнам каков точно, и имаше рачка на менувачот со некаква фигура внатре, тоа ми има останато во сеќавање. За некоја година да дојдам во можност и јас по стапките на Струмикс би реставрирал еден таков.
 
Прво стокец на кој едвај се сеќавам, па после вакво
ford-escort-mk-2-anyo-77_0.jpg

472731.jpg

936.jpg

834.jpg
 
Tреба да го препрашам татко ми ама се` мислам првата беше медитеран сина, 101, како на сликава ама сина.
23.jpg



Втората исто застава, ама понова мислам скала 55

Zastava-101-Skala-55~21868ba50411c66ffae1582e7331c509~lightbox.jpg


После следеше Рено 9-ката, од турсkите, ако се сеќава некој 94/95 носеа едни турски таму ги клопеа, наново.

renault9gtlqg1.jpg



После следеа астрите,ама веќе не бев дете :))))
 
првото во шо сум се возел е фичо со него ме донесле од болница а после тоа имавме лада 1600лс
Lada1500.jpg

па голф мк1 1.6д
па поло мк2 92ра год 1.4дизел(точак)
па пежо 405 седан и сега исто такво само караван
 
skoda105.jpg


Па и не беше баш многу одамна. Беше Шкода 105л , неодамна се разделив од неа и уште си ја отплакувам. Беше боја Банана 48 (така викаше во сообраќајната), а од додатна опрема ( така тоа го викале во 1981) имаше отварачи за прозорците на задните врати, пепелјари на задните врати, калници, алат и дизалица и радио на касети:nesvest: По долго боледување и седење во гаража, и беше извршен операцијски зафат и доби нов мотор (додуша и појак за некои 20 коња и 100цм3) и така продолжи нашето дружење. Само моја стана во 2005-2006 година (не памтам точно).

Со неа се дружам од денот на моето раѓање и и како голем љубител на автомобили скоро се ми е поврзано со неа: Првото искуство зад воланот со тате на другото седиште, па возење без да знае тате, па 95% од песните што ги слушав на радио, па малски лудории со задниот погон, па прва девојка, па втора девојка па така натаму се до пред 3 месеци.


zcz101b.JPG

ТОгаш се избудалив и си заменив со Застава 101. Таа (не дај боже) можи ќе биди кола на мојата рааааана младост. Заставата е од 1980 година, купена од 2 газда, со 60 000 км, со 2 вратим, ама ни малку не ми го прави кефот како Шкодата.


opel-vectra-photo.jpg

Па едно влета и една Опел Вектра 1.7ТД седан , бела, од 1995 година со екстра фул опрема. Иако беше најсилна, најопремена и најнова од сите коли со кои имав контакт не ми правеше и сеуште не ми прафи кеф затоа што не е лично моја


opel-kadett-city.jpg

b5c71b07a9d94f10med.jpg

Така, за на кратко поминаа и други 2 коли: Опел Кадет 1.2 автоматик хечбек , окер боја и Застава 125п со бледо жолта боја (иста како на сликата). Не се ни сеќавам на нив добро пошто бев мн мал.
 
мојата кола во која сум се "родил" беше пезетка 125п мојата најголема љубов,во неа се возев од мојата 2-ра година до 13-та во таа кола ми се најубавите спомени од моето детство ,на неа учев да возам ми беше како другар за мене беше најубавата кола(иако на повеќето му изгледа смешно,и велат овај е шшш,),и на крај со неа се завршитака што се продаде пред 2 год. ми беше толку жал но тоа е тоа... (ова беше од срце).беше произведена далечната1978г.
2060775554_c3daf0a81a.jpg
 
skolski, taa pezetkata sto ja imav niz doma i bese dupnat auspuhot. Mozis da zamislis kolku bese tivka:vozbud:
 
Портокалова Застава 750, '81 година, земена за свадбата на моите. Возена без прекин до '95/6, оттогаш седеше пред зграда и скапуваше и вадеа делови кој ќе стигни :) Лани ја реставрирав - ништо профи, ама сепак е убава за око. Уште не е регистрирана, треба да се среди уште внатрешноста и некои ситници надвор (преден браник и сл.). Моторот е коска - пали-вози, дури и кога седеше невозена,и само ја палевме в место. Планирам да ја подарам/продадам на еден добар другар, кој знам дека ќе ја пази.
 
Fiat_126.jpg



еве го автомобилот на моето детство! само што таа беше црвена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom