Почитувани кајганџии,
Заинтересиран сум да почнам да се занимавам со ова страствено хоби. Меѓутоа, освен новите модели, поголем интерес за мене претставуваат и постарите класични, како и тјунирани. Еден од нив е Ford Fiesta XR2 MK1 (моделот со коцкасти предни светла), кој подолг период се обидувам да го најдам на Интернет со соодветен квалитет, но за жал залудно. Можеби Вие би можеле некако да ми помогнете во потрагата по ваква „автомобилска икона“ од 20. век. Исто така, благодарен би бил и доколку ми дадете некои основни насоки и совети од типот: на што да обрнувам внимание, како да правам диференцијација меѓу добриот и лошиот квалитет, од каде од Интернет да ги набавувам, вклучително и се друго што Вие сметате дека е важно во контекст на автомобилите во размер.
p.s. Мојот интерес кон колекционерството не е насочен исклучиво кон автомобилите, туку и кон воените и невоените воздухопловни и градежни средства, армиските и полициските, возовите и камионите.
Да не мислиш на XR2 MK2 ?? Таа е со коцкасти предни светла, МК1 е со округли.
Како и да е и двете ги имаш во 1/18 размер од Ottomobile, пластични модели, без отварања, но Ок бренд. Кај нас ги нема, само од странство.
Се што ти треба барај или на ebay или на
ck-modelcars.
За лош квалитет, се знае, Bburago, Maisto и Mondo motors, може да се најдат во нашиве продавници. Не дека се толку многу лоши, но не може да се мерат со изработката и деталите со другите дикаст брендови кои ги нема кај нас.
Колку повеќе личи на 1/1 моделот, толку е подобар дикаст моделот, но и поскап. Нема некои посебни насоки, обично кој е најскап, тој е најдобар бренд.
Не многу скапи, а ок брендови се Ottomobile, Norev, Welly/GT, Solido, Hot wheels итн.
Како поскапи или премиум се Autoart, BBR, Minichamps, Kyosho, CMC итн.
Пиши ако друго нешто те интересира.