Автомобили кои ги моторизираа македонските граѓани!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Заборавив да напишам пред два дена:
На 31 март 1996 почина Dante Giacosa.
Таткото на сите заставини возила, инаку дизајнер во Фиат...
Сите негови креации се произведуваа во Застава.
Популарното Фиќо (З 750), 1300/1500, 101, 128, Југо...
 
не знам дали знаеш дека за свој пазар фсо(или полски фиат)имаат верзија на популарната пезетка верзија акрополис односно моделот од 80-ти со мотор и менувач од фиат132 2000 со 5-ка менувач и адаптирана шал табла од фиат132.го најдов на јутјуб
 
Polonez

А дали го заборавивте овој легендарен крш кој сега служи само како кокошарник во некои селски средини...

FSO_Polonez_Coup%C3%A9_8018_big.jpg
 
Овој постиран од Атом Ант е спомнатиот со 2 литарскиот DOHC од ФИАТ 132...
Достапен за раководните структури на Комунистичката партија на Полска, незнам Војчех Јарузелски дали имал еден од лимитираната серија...
Инаку, на база на 125 П, со посовремена (за тоа време) каросерија, т.е. механика комплет на ФИАТ 1300/1500, но во друго руво.
Во Струмица сеуште има понекој регистриран примерок да прошета...
 
Skoda 100 L

Мислам дека никој не спомна за еден од доста популарните автомобили во тоа време кој сеуште се тркала по нашите улици...

Skoda_100L_(1975)_9917.JPG
 
комшијата ја чуваше до ланската година само во купе верзија шкода 100р
 
шкода

еве еден прототип на шкода кој никогаш не е влезен во сериско производство.штета навистина убав автомобил,но очигледно чесите биле инспирирани од легендарната 12 на рено или дачија1310.како и да е одличен олдтајмер
 
нсу принц

еве уште еден олдтајмер кој се тркалаше по скопските улици.ваков модел имаше комшијата до нас.нсу принц 1000 со в4мотор и 5штрафа на тркалата.некаде ги склопуваа во ех-југославија ама не ми текнува сега.знам дека беше брзо ауто но со нестабилна предница(заден погон а напред празна).мораа да стават две вреќи цемент да биде стабилно.
 
шкода

еве уште еден прототип на шкода кој за жал не го виде светлото на денот.моделот е шкода720 и како што добив информација била направена мала серија за тогашните директори и функционери на чешката влада за да кога ке им доаѓале :vozbud:колеги од западот:pos2:да се фалат дека и тие имаат прозападно ауто.инаку се гледа дека е инспирирана од фиат131(се знае гледале луѓето што е квалитет),и бил доста луксузен модел за свое време(централна брава,електрика и сл.)голема штета за шкода,инаку сега ќе беше одличен олдтајмер.
 
уште еден класик кој за жал го немаше на нашиве патишта.шкода720
 
како додаток на фоткава за љубителите на класични автомобили од фсо(алиас полски фиат)полонез стратос во класа на денешно врц
 
a i ovoj mod na LADA mnogu go imase u MK.(mislam)ako sum greska kazete...inaku dedo mi imase vakva....
 
skoda120.jpg


Оддамна на автопат Скопје - Тетово бев во иста ваква шкода која беше сопственост на пријател на татко ми.Во сред вожња испадна задното десно тркало.Среќа се добро се заврши :)
 
ладата е или со 1500цм3 мотор или со 1600цм3 мотор.првата беше 73кс а втората мислам 82кс.фантастично авто.истите русите ги правеа до 2000 за нордиските земји под името лада класик.фантастично авто за свое време
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom