Автомобил до 8000€

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
френки,во право си.Таа мојата е за америка.Моја грешка.
 
А и реклама гледав... Сеуште ја има Королата во продажба... Највероватно тоа краткото ке остане како Аурис а седанот Корола....
Кој ги знае што се не ке смислат?
 
Мислење за Фиат Панда? 7300 евра.
И дали може да се најде уште Фиат Пунто II во автосалоните и која цена се движи.
 
Пунто зависи во кој салон бараш можно е некаде да начекаш... А за Панда воопшто немам никакво инфо (барем јас)... Ако знае некој друг повелете пишете.
 
Денес конечно го продадов реното :).
Со таткоми размислувавме и моментално се двоумиме помеѓу Шкода Фабиа и Форд Фиеста. Мене лично фиестата ми е поубава.

Fiesta 1.3i 8V Ambiente, 7990евра, хечбек, Бензин, врати 2/3, 1299цц, 51 киловати

Fabia 1.2 HTP Junior, 7990евра, хечбек, Бензин, врати 4/5, 1198цц, 40 киловати

Ако може уште сега да дадете совет (зошто ми е премногу важно) и појке не досагам на темава :)
 
Како прво не досаѓаш воопшто :)
Како второ: Имам фиеста 1.8 дизел од 94-та и количето ми е супер. Е сега во споредба со шкодата... Штознам. Сепак се е ствар на вкус. Гледано Фиестата е чисто германец додека Шкодата е Чешка, но со германски капитал. Но, (барем најважно според мене) кола со 2 врати (и мојата е со 2 и затоа понекогаш се нервирам) е помалечка, влегувањето е поинаку и малку е глупо ако некој сака од зади да излезе па тој напред треба да стане и сл... Сепак би се одлучил за Шкодата пошо е до 4 врати што според мене во овај случај е пресудно. Сепак и Фиестата е добар избор како за малд човек поспотрска е со 2 врати :)

А колку го даде реното? 19-ка дизел беше така?
 
Реното го дадов 2100 евра, во Валандово. Спрема состојбата во која беше мислам супер цена извадив.

Не ми е пресудно дал е со 2 или со 4 врати. Фиестата ми е далеку поубава него Шкодата кој ми делува ептен строго во линиите. Читав дека форд се многу издржливи и во изработка не штедат во квалитет на материјали и користат доста добар лим. Шкодата е многу добра како внатре (што многу ме потсеќа на голф 4) така и надвор.
 
Па ако не ти е пресудна 2 или 4 врати тогаш би играл на Фиеста. И доколку сакаш да ја продадеш по некои 5-10 години гарант ке има повисока цена од Шкодата. Инаку можам да ти кажам дека доста сум задоволен од Фодр како марка (пошо имам фиеста и ескорд) и стварно знаат да се покажат. Многу ретко се во дефект најчесто за некои потрошни матерјали од типот плочки, гуртни, масло, каиши, филтри, а и деловите се прилично евтини. За шкодата незнам како се но одприлика тука се некаде речиси за сите. Некои 2-3 евра не менуваат ништо. Па откако ке се одлучиш очекуваме да го видиме јавно твојот избор.
 
А за која Fabia збориш, новиов модел сега што искочи или постариот?
 
Тој модел е и поубав.. Целата таа Румстер идеја не ми се допаѓа :toe:

Искрено ни мене, но ако му терба колата и за транспорт или за пазарење на подалечно место тогаш му е подобар избор.
Инаку за фиести не бери гајле за крадење, толку ниско не паѓаат денешниве крадци, ризикот им се исплати само коли на 20.000 евра.
 
Баш гледав сега Форд во Србија, фиестата таму е над 11 000 евра, а во Македонија е 8000 истата. Во МК цената е за старата или за новата Форд фиеста? Зошто на koli.com.mk сликата е од новата...Или?
 
Баш гледав сега Форд во Србија, фиестата таму е над 11 000 евра, а во Македонија е 8000 истата. Во МК цената е за старата или за новата Форд фиеста? Зошто на koli.com.mk сликата е од новата...Или?
Епа декс замоли некој од карпош 2 или 3 да тркне до изложниот центар на Ми-Да карши воена болница во скопје и да праша за сигурно.
Инаку не се изненадувај цената моќе многу да варира во зависност од моторот, опремета и државата во која се продава бидејќи за различни држави има ралични фиксни опремености, освен тоа во различни држави различни се даноците, еве на пример истата германска кола да ја земеш кај нас е поефтина него да ја купиш во германија и тоа со потполно истата опременост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom