- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
Австралија ја менува политиката кон Македонија
Нова влада, нова политика за Македонците во Австралија. Иселениците почувствувале дека полека нивната позиција се менува. Притисок вршела опозицијата, ставот бавно го менува власта. Очекуваат Македонија во иднина да добие потврда за уставното име од Австралија.
-Сега положбата е многу подобра од што беше пред три години. Затоа што кај опозициската партија напреднавме многу, и кај политичарите кај владејачката партија има политичари повеќе на наша страна за разлика од пред три години. Тоа е поради лобирањето, вели Ѓорги Влахов од Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права.
Иселениците чувствуваат хендикеп од моќноста на грчкото лоби но веруваат дека со новата премиерка Џулија Гилард македонското прашање ќе има поинаков третман. За следната година најавуваат поголемо лобирање кај власта. Сепак бројноста на иселениците го создава и влијанието.
Во Јужна Австралија пред шест месеци премиерот Ран, пред грчката дијаспора ги обвини Македонците дека ја крадат грчката историја.
За што веднаш нашата дијаспора побара извинување.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69096