АВРМ - Провери дали си пријавен

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Прв впечаток: Лесна регистрација. Се добива пристап до податоци преку кои би требало да имаме увид во некои основни информации за нашето вработување. Во принцип, да видиме дали сме навистина пријавени и со каков статус. И толку;

Втор впечаток: Не ми се допаѓа тоа што секој може да се регистрира како секого, само ако го има неговиот матичен број. Значи, јас ако го најдам матичниот број на одредена особа (колега, пријател, непријател, човек што го познавам или не го познавам), може да се регистрирам како него, да ги изменам неговите податоци (претпоставувам дека овие податоци се само за вебот, не за системот во агенцијата - ама сепак), може да ставам лажни CV-а, да гледам понуди за работа, да ги видам сите негови вработувања (минати и тековни), да му ја дознаам адресата на живеење, образованието и тн. Со други зборови, да си играм „курташак“ со луѓето ако „трефнам“ само три бројки. Дури и да не го знам целиот матичен број, сигурен сум дека ќе погодам некој од три обиди. И после тоа, вистинскиот корисник нема да може да се регистрира, затоа што јас сум се регистрирал со неговиот матичен број.

Јас би го решил ова со регистрацијата на поинаков начин, не вака. Но, нека му ја мислат консултантите и водачите на проектот, да не им давам бесплатни идеи.
 
Ја па не можам да се регистрирам:) Вели корисникот со овој меил и мб е веќе регистриран. Да не се поврзани фондот за здравство со аврм?
 
Кај мене местото на живеење е утнато, пишува Скопје - Гази Баба, и не дава можност да си го сменам во моето село Миладиновци, или мојата општина Илинден.
 
Прв впечаток: Лесна регистрација. Се добива пристап до податоци преку кои би требало да имаме увид во некои основни информации за нашето вработување. Во принцип, да видиме дали сме навистина пријавени и со каков статус. И толку;

Втор впечаток: Не ми се допаѓа тоа што секој може да се регистрира како секого, само ако го има неговиот матичен број. Значи, јас ако го најдам матичниот број на одредена особа (колега, пријател, непријател, човек што го познавам или не го познавам), може да се регистрирам како него, да ги изменам неговите податоци (претпоставувам дека овие податоци се само за вебот, не за системот во агенцијата - ама сепак), може да ставам лажни CV-а, да гледам понуди за работа, да ги видам сите негови вработувања (минати и тековни), да му ја дознаам адресата на живеење, образованието и тн. Со други зборови, да си играм „курташак“ со луѓето ако „трефнам“ само три бројки. Дури и да не го знам целиот матичен број, сигурен сум дека ќе погодам некој од три обиди. И после тоа, вистинскиот корисник нема да може да се регистрира, затоа што јас сум се регистрирал со неговиот матичен број.

Јас би го решил ова со регистрацијата на поинаков начин, не вака. Но, нека му ја мислат консултантите и водачите на проектот, да не им давам бесплатни идеи.

веќе им даде...и на едните и на другите :свиркам:
 
Ова со матични броеви голема зафрканција може да се злоупотребува на било кого матичниот број
Затоа и не се регистрирам.МБ може да заврши кај некој извршител па ќе биде УПМ.
 
LoL презимето е погрешно и како да поправам дали во фирма кај што работам да им кажам или ???
 
Јас би го решил ова со регистрацијата на поинаков начин, не вака. Но, нека му ја мислат консултантите и водачите на проектот, да не им давам бесплатни идеи.

За повеќето проекти таков им е стилот - „ Ние стартувамем не е важно како и со каков квалитет, потоа народот ќе ни кажува што понатаму, ќе ни укажува на грешките и ќе ни ги исправа пропустите.„
Иако, доколку подразмислиме испаѓа дека 100% професионалци биле најмени и платени за остварување на проектот
 
LoL презимето е погрешно и како да поправам дали во фирма кај што работам да им кажам или ???

...треба лично да отидеш со лична карта во Завод за вработување односно по ново Агенција за вработување
 
нели е малку претерано тоа-да некој губи време и исправа нечии грешки?
не треба ли да се бара одговорност од нив?
допустливи ли се такви„пропусти„ како што се презиме, ембр , па дури и адреса ....
Би ве прашал вас- кои сте се регистрирале на сајтот- дали ви фигурира некаде средното( татковото име) ???? или и тој пропуст е направен
 
Имам некои мали забелешки што би требало да се корегираат. да не ги спомнувам тие што веќе ги наброја ејсид...

еве нешто од мене.
Времетраење на работен однос (за Определено) 3 - ова 3 што им значи? 3 години? недели месеци денови? нека бидат малце по прецизни сои давањето информации. јас за себе знам дека сум на 3 месеци ама после ИКС години од кај да знам дали биле години или месеци или што и да е.

Начин на вработување Со огласување во АВРМ - ова со согласување што значи? стварно не го разбирам. демек преку АВРМ сум се вработил?
 
Прв впечаток: Лесна регистрација. Се добива пристап до податоци преку кои би требало да имаме увид во некои основни информации за нашето вработување. Во принцип, да видиме дали сме навистина пријавени и со каков статус. И толку;

Втор впечаток: Не ми се допаѓа тоа што секој може да се регистрира како секого, само ако го има неговиот матичен број. Значи, јас ако го најдам матичниот број на одредена особа (колега, пријател, непријател, човек што го познавам или не го познавам), може да се регистрирам како него, да ги изменам неговите податоци (претпоставувам дека овие податоци се само за вебот, не за системот во агенцијата - ама сепак), може да ставам лажни CV-а, да гледам понуди за работа, да ги видам сите негови вработувања (минати и тековни), да му ја дознаам адресата на живеење, образованието и тн. Со други зборови, да си играм „курташак“ со луѓето ако „трефнам“ само три бројки. Дури и да не го знам целиот матичен број, сигурен сум дека ќе погодам некој од три обиди. И после тоа, вистинскиот корисник нема да може да се регистрира, затоа што јас сум се регистрирал со неговиот матичен број.

Јас би го решил ова со регистрацијата на поинаков начин, не вака. Но, нека му ја мислат консултантите и водачите на проектот, да не им давам бесплатни идеи.
не се согласувам во потполно со тебе во делот дека може да го искористат .... исто е ова како фејсбук,ти доаѓа известување на твојот емаил со потврда да ти го активира влезот во системот ,потполно го заборави тој сегмент ... може да ја смениш шифрата ако те злоупотребиле,никој нема влез до твојот приватен емаил ...
а додека до првиот позитивен впечаток потполно се согласувам со тебе за тој дел,лесен преглед,имаш контрола на твоите податоци,што до каде е ,еве за мене баш сега ѕирнав дека не ми ставиле податоци за образование , јазици и обуки што ги имам поминато за компјутери итн ... а првиот пат кога се пријавив во Агенцијата,морав да пополнам и формулар со податоци отприлика се за мене ,но очигледно дебиливе ги мрзело да ги внесат во системот и ми требаше цели 60 минути да баратам и да се снаоѓам што како да средам :)
--- надополнето: 24 септември 2013 во 01:26 ---
Мене ми е националноста погрешно внесена!
мене мајчин јазик ми беше англиски , ни образование ни обуки ништо не пишале како треба ... само ставиле лични податоци како роден име презиме,матичен и тоа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom