Aвионска несреќа избегната за неколку секунди...

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Не знаев дали д ја постирам веста во Авионски несреќи или Избегнати несреќи.

Турски патнички авион само што се сруши во Амстердам при слетувањето. Односно слетал на блиските ниви и се скршил на три деа.

http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/7909683.stm

Ако е вистина дека има неколку мртви, Бог да ги прости.

Според последните информации има 9 мртви и пола од повредените се во критична состојба.

Еве неколку слики со голема резолуција од несреќата:

http://www.geenstijl.nl/archives/images/ANP-9259316.jpg
http://www.geenstijl.nl/archives/images/crashschiphol2.jpg
http://www.geenstijl.nl/archives/images/ANP-9259371.jpg


---
Девет лица загина при денешната несреќа на турскиот патнички авиони со 127 патници и осум членови на екипажот, кој се урна при слетувањето на амстердамскиот аеродром „Схипхол“, соопштија холандските власти.

На прес-конференција денеска официјални претставници на Холандија исто така соопштија дека околу 50 лица се повредени во несреќата, а 25 од нив се во критична состојба.

Турските власти засега соопшија дека располагаат со информација за седум загинати. Жртвите биле меѓу настраданите во несреќата, кои биле одведени во болница и таму подоцна починале, изјави заменик-министерот за транспрот Суат Хаири Ака. Според него, има околу дваесетина повредени.

Во авионот имало 78 турски државјани и 56 лица од друга националност, информира Ака. Засега не се знае од која националност се загинатите.

Експерт на турска управа за цивилна воздушна пловидба изјави дека најверојатна причина за насреќата е густата магла на „Схипхол“, но и ветерот, кој на амстердамскиот аеродром многу често ја менува насоката.

Претставник на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ соопшти дека авионот летал на релација Истанбул-Амстердам, додека компанијата „Туркиш ерланјс“ засега се уште не излегла со коментар за настанот.
 
Иако има преживеани има и загинати така да не знам колку вреди да се спомне како избегната авионска несреќа. Да дека избегната е поголема авионска несреќа каде што не загинаа сите ама сепак 9 души не се малку.
 
Кога прв пат јавија за падот на авионот, турскиот водител којшто беше на лице место рече дека нема жртви. Јас веднаш се израдував... :toe:

Бог да ги прости загинатите.
 
Чудно е како пилотот и копилотот се мртви...или не биле врзани или напраиле харикири одпосле....кокпитот не е уништен..???изгледа дека и загинатите и тешко пивредените, освен оние кои имале несреќа да седат на седуштата кај дробењето на трупот..летале низ кабината...
 
Чудно е како пилотот и копилотот се мртви...или не биле врзани или напраиле харикири одпосле....кокпитот не е уништен..???изгледа дека и загинатите и тешко пивредените, освен оние кои имале несреќа да седат на седуштата кај дробењето на трупот..летале низ кабината...

vo kokpitot ima golemo ostetuvanje. avionot od dolnata strana e mnogu osteten, tokmu vo kokpitot ima ogromna dupka, a i tesko stignale do kokpitot da pomognat, duri posle 11 saati.
 
оваа е дефинитивно црна недела за авионскиот сообраќај,да ти е страв да патуваш. за среќа во случајов се добро испаднало

prazno.gif
Авион слета на „трупот“ во Романија

28.02.2009 15:52
avion-romanija.jpg
Авионот успеал да слета врз пена, поставена од пожарникари
Романски авион, со 51 патник и екипаж во него, денеска направи вонредно „слетување на трупот“ во западна Романија, соопштија агенциите.
Сите патници се неповредени, соопшти МИА.
Кармен Стојка, портпаролка на меѓународниот аеродром во Тимишвар изјави дека авионот кружел над аеродромот речиси два часа, откако не можел да ги извади тркалата.
Авионот успеал да слета врз пена, поставена од пожарникари.
Портпаролката изјави дека на бродот на авионот имало 47 патници и четиричлен екипаж.
„Авионот слета врз килим од пена, поставена од пожарникари на пистата. Сите патници се добро“, изјави Синдија Влаја, портпаролка на инспекторатот за вонредни ситуации.
Таа изјави дека авионот се обидувал да го потроши горивото за да избегне пожар при слетувањето.
Најмалку десет возила на брза помош и три пожарникарски возила чекаа крај пистата на аеродромот во Тимишвар, која е со должина од околу 3,5 километри.
Авионот е на романската компанија „Карпатер“ и летал од молдавската престолнина Кишињев.
Романското Министерство за транспорт испрати екипа во Тимишвар за да го истражи инцидентот.
 
Погледнете како го дотерале клипов со целиот лет пред да слета во реката Хадсон (уз вистинските аудио коментари со контролната кула):



.
 
Па би рекол само одлична реакција на пилотот кој не само што ги спасил животите на патниците туку успеал да го насочи авионот на не населено место,
 
Незнаев каде да ги ставам клиповите кои се доста интересни за последниот лет на конкордот и причината зошто се урнал..




 
Сум гледал документарна емисија за ова, и многу е интересно ако памтам дека се урнал поради некој дел на пистата кој го закачил при полетување.Од тога сите овие авиони се повлекоа иако уживаа голема репутација кај патниците поради удобноста и сигурноста!
 
Ова е најдоброто слетување што го имам видено со бочен ветер... Навистина секунди биле во прашање. За пилотот немам зборови, замислете си да летате цигла од неколку стотина тони, пистата ви исчезнува од пред очи и гледате право во океанот

 
Ова е најдоброто слетување што го имам видено со бочен ветер... Навистина секунди биле во прашање. За пилотот немам зборови, замислете си да летате цигла од неколку стотина тони, пистата ви исчезнува од пред очи и гледате право во океанот


Ова ни на филмови нема... :nesvest:
 
Airbus А-300 со 355 патници:uvo: ....... три пати сакал да полета од аеродромот Гатвик и пилотот во последен момент кочел на пистата. Потоа механичарите го поправале, имал дефект на електричниот и на системот за гориво. Патниците зборуваат за “терор во авионот’’.

Monarch Air мора да е од тоа ефтинијата компании. Бог да чува со вакви да леташ! Да можел, ќе полетале без дефектите да бидат поправени.

http://www.dailymail.co.uk/news/article-1172247/Terror-jet-abort-times.html


The passengers were evacuated from the Monarch Airlines Airbus A300 twice before mechanics at Gatwick airport managed to fix faults to its electrical and fuel systems.

pig-1.jpg



 
дечки ај малку оф топиц надевам се дека нема да се налутат само сакаше да кажам дека ви завидувам за професијата нз некој од тука спомнате бил контролор а и гледам доста ги разбирате работите у секој случај знаете нешто со не го знаат ногу барем кај нас да не е воа форумо нема да знаеме со луѓе иаме дека и кај нас има некој со не го губе дено .позз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom