Avatar - The Last Airbender

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување
Кој не ја гледал серија Avatar:The Last Airbender не е свесен што пропуштил.
Само пофални зборови имам за серијата - совршенство.
Продолжението Avatar:The Legend Of Korra е исто така добро иако е само 12 епизоди.

Филмот е срамота,ѓубре,(стави рандом грди зборови)...

Серијата ја препорачувам на сите ,од филмот подалеку не можам да опишам со зборови колку сум разочаран од филмот.
 
Аууу одличен цртан би го препорачал на сите . Филмот си немаше врска стварно го упропастија но тоа беше и очекувано. Сега новото продолжение со Кора е исто така одлично едвај чекам да излезе 2 сезона :D
 
Kora ме разочара. Некако премногу работи убација во 12 епизоди+несфатливата романса на Кора со заборавив како се вика типот кој си ќари една богаташка (дали саму единствен на кого богаташката му се допадна повеќе од Кора?)
 
Го даваа на Прва синхронизиран на македонски последниов месец, но изгледа го прекинаа, следи ли некој?
Ми беше изгледана со германска синхронизација, сега го почнувам наново во оригинал и некако потапа ми е.
 
Серијата ми се допаѓа многу, но филмот јок.

Ми се допаѓа тоа што дејствијата се сместени во измислен свет, со измислена мапа, измислени животни итн.

Одлично е и тоа што се прикажани преку контрола на елемнтитe боречки вештини

Омилен лик ми е Зуко, кај него најмногу ми се допаѓа тоа што е човек со минато. А потоа спротиставувањето на татко му за да се приклучи на страна на аватарот.

Најодвратна ми е Азула поради тоа што е безобразно створење.

Филмот ми е тапа. Нема толку добар bending како во серијата, дејствијата се одвиваат некако многу брзо и самата глума, а и сценариото не ми се нешто посебни.
 
Последно уредено од модератор:

Нов обид, овојпат серија на Нетфликс.

Оригиналната серија е ремек дело кое може слободно да го гледате со децата. Првиот филм е тежок фејл. Кора ја откажав на трета епизода после два обиди, едноставно автомобили и мотори не ми легнаа во тој свет.

Баш да видам на што ќе личи ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom