Avatar - The Last Airbender

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Локација
Himalayas
--- TV Series:

За тие што не знаат, во оваа серија се работи за авантурите на протагонистот Анг и неговите пријатели, патувајќи низ светот, барајќи учители кои ќе можат да го подучат на Анг да ги усоврши и преостанатите вештини со кои ќе ги контролира водата, земјата и оганот со цел да може да ја запре војната која трае еден век, со други зборови да го порази премоќниот крал на огнената нација кој сака целиот свет да биде под негова контрола.

Во три сезони (Book 1: Water, Book 2: Earth, Book 3: Fire) серијава е креирана под влијание на кинеските боречки вештини и древните приказни од Азија за манипулациите со четирите елементи: воздух, вода, земја и оган. Во неа се прикажани четирите нации кои живеат во тоа време и единствениот преостанат "Airbender" кој воедно е и Аватар, човекот кој за The Water Nation и The Earth Nation е единствениот спас од The Fire Nation. Приказната е повеќе од солидна, има многу различни а воедно и импресионирачки карактери (пр: Zuko и Iroh).

--- Movie:

Според првата сезона (Book 1: Water) неодамна беше направен и филм, режиран од M. Night Shyamalan со буџет од 150 милиони долари. Освен премалиот буџет, нажалост големо промашување се и актерите, скоро ниеден не е претставен како во анимето. Настрана расизмот, ама во филмот видов премногу индијци меѓу кои и главните антагонисти кои во анимето немаат допирна точка во изгледот и однесувањето.

--- Spin Off:

Во Ноември 2011та се очекува spin-off на серијава со мини серијалот "Avatar: Legend of Korra", новиот Аватар кој се појавува во периодот после 70 години од поразувањето на Ozai (The Fire Nation King).

Па, кој ја има гледано серијата и/ли филмот, нека прокоментира, баш ме интересира кој како го доживеал серијалот наспроти филмот.
 
Само филмот го гледав... можело многу... многу подобро да го направат, ама што е тука е... ако се изземе недостатокот на добро смислено сценарио (како за филм) и тоа што изборот на актерите е очаен, филмов ме задоволи, сакам вакви жанрови и уште од кога го најавија си чекав да излезе на убава (+ достапна) снимка, очекувам многу повеќе во наредните два дела.

п.с и режисерот е индиец не?
 
Сценариото како предобро го има во серијата (изгледи ја), меѓутоа во филмот само две третини се прикажани. За следните два дела и јас очекувам подобро. Ако не го променат режисерот барем поголем буџет да се одвои со што ќе се напраат повеќе/подобри ефекти.

И режисерот е индиец, затоа и ги прибрал неговите. :icon_lol:
 
Само филмот го гледав... можело многу... многу подобро да го направат, ама што е тука е... ако се изземе недостатокот на добро смислено сценарио (како за филм) и тоа што изборот на актерите е очаен, филмов ме задоволи, сакам вакви жанрови и уште од кога го најавија си чекав да излезе на убава (+ достапна) снимка, очекувам многу повеќе во наредните два дела.

п.с и режисерот е индиец не?


ima veke izlezeno dvdrip od - The Last Airbender
 
Серијалот беше перфекција.
Филмот тек сеа ќе го гледам.
Баш ме интересира дали ќе ги пополни моите исчекувања.
(иако веќе не ми се сфиѓа како изгледаат Аанг, Сока, Катара...океј прилично сите, а и колку лошо е направен ефектот на airbending-от, али ај, ваљда ќе се оправда)
 
Најт беше еден од најнадежните режисери и сценаристи во Холивуд, набрави бум со 6th Sense, каде е сценарист и режисер, продолжи со Unbreakable, и од тука почнува да добива дигресија неговото филмско работење, Знаци беше онаа граница на истово, следуваа The Village и Lady in the Water за да на крај го има дебаклот со The Happening, до ден денес не можам да сватам како човекот кој го изрежира и напиша 6th Sense ја направил оваа холивудска бљувотина со која фрли 1 тон кал врз себе ...

Според критичариве, и со The Last Airbrender поминал многу ... многу лошо, така да од една страна ја иам неговата грда дигресија, од друга лошата критика за филмов и у тешка дилема сум дал да трошам нет за истиов, незнам што се деси со типов и талентот кој го поседуваше за пишување на сценарија и режирање на истите, полош е и од Меган Фокс и нејзиниот стил на глумење ебаго. :)
 
Сега ме ставивте на дваума. Го имав симнато и спремено...да го гледам или не, гледам или не, сиренцето или саламчето...ќе го изгледам, чисто ради тоа што го пофаливте режисерот и ефектите...без разлика на имдб оценките, секогаш баш и не им верувам :)
 
Абе оставете го филмот, Најт Шјакакоидае не е во мода... :icon_lol:. Се зафркавам. Секој режисер има утки и тоа е тоа.

А цртаниот филм е близу врвот. Спој на јапонски и американски цртан. Приказната е добра, но најмонгу што ми се допадна поврзано со приказната е начинот на раскажување, преминот од една епизода во друга, преминот од една сцена во друга, storyboarding и editing. Кулминацијата се чувствува баш кога треба да се почувствува, мирно е кога треба да биди мирно. Тоа е најјаката точка од цртанот. Добро сега не се до толку совршени, одвреме навреме се забележува шаблон во некоја епизода но тоа е нормално за серија со 61 епизода.
Друга работа која ми се допадна многу е опкружувањето, неговиот цртеж. Инаку правено под силно влијание од цртаните на Мијазаки. Дури и самите автори го кажуваат тоа. (Апа му е прв братучед на Тоторо)

Е и музиката е добра.
:icon_lol:
 
Серијата е закон, за сите од 7 до 77 години.

Ама филмов е... не знам ни сам како да го окарактеризирам, не е катастрофа, ама не е ко шо треба.

Ваква серија стварно не заслужува, вака безвезен филм.
 
Не се осмелувам да го глеам филмот нејќам да ми го усере филингот што го воспостави серијата.А и мирисам дека е мувла.
 
супер серија, ама само првата сезона ми е гледана, чиста за релаксирање е супер :)
 
Серијата е доста добра. Иако е наменета за помлада публика. Зосто ова американциве или прават анимирани серии за деца или за возрасни, додека па јапонците прават серии кои можат да ги гледааат и деца и возрасни. А да и ке кажам за филмот дека очекував многу повеќе. Многу е набутан и скратен бар за тие сто ја имаат прво гледано серијата.
 
Нема осет за актери човекот.

За Шесто Сетило, му се погодија актерите, т.е. имаше среќа што прифатија тие да глумат, замислејте добри актери и во The Happening, и нема да е толку голем floop. Имаше некои сцени на The Happening, што нависитна се чудев како не викал CUT (THE CRAP) режисерот, ама тоа е тоа, а и камерата ептен лошо наместена кога збореа актерите.

За овој филм нема што да речам, освен последната сцена со огромниот бран немаше ништо добро, глумата... Не беше ни нула... Нула глума имаат порничите, ова беше онака, тотално не залагање, значи сигурно му било жал да го натера тоа малото дете да плаче, и секогаш на емотивни сцени од далеку камерата...

Има и многу работи што како фан на серијалот никако не можам да ги проголтам ама тоа е тоа, барем беше за 10 пати подобар од ДрагонБал, кој го исклучив по само 4 минути и немам намера да го гледам. :)
 
Прв трејлер за новово продолжение, прикажан на Comic-con.

Троа повеќе феудализам помешан со помалку футуризам (да не мавнат и на стимпанк?), појапонски цртеж, а со тоа и (големи) цицки.
 
Ima nekoj link od seriite ? :D na tpb go ima 11 giga ne mise dava za site 3 sezoni ako ima neko naki stai :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom