Има разлика од тоа своите мислења и ставови да ги пишуваш пред даден настан, и да се правиш генерал после војна, оние што често те читаат овде и на темата кладилница им е јасно дека 99% од твоите експертизи се после завршен настан, па веројатно затоа си толку успешен. Ти кажав 100 пати, јас моето мислење не го менувам, 100 пати да е истата ситуација пред полуфиналните мечеве 100 пати Возниачки би била зад Халеп и Кербер како трет фаворит за освојување, не знам што не ти е јасно тука, трет фаворит не значи дека нема шанси да освои, за денешниов меч моето предвидување ќе беше точно ако Возниачки не се исплашеше во средината на вториот сет кога Халеп едвај се движеше и бараше МТО па почна да ја игра онаа пасивна игра од пред 3-4 години, без никаков ризик и топчиња кои паѓаа кај сервис линијата по средина молејќи да бидат претворени во винери од Халеп, па успеа да го сјебе цел втор сет и да отиде во трилер завршница во третиот каде Халеп водеше со 4-3 со брејк. Не очекував да ми реплицираш ама веројатно гордоста не ти дава да останеш покус во некоја дискусија во која не си бил во право и сега ти е време да вратиш, кога веќе се е завршено и се знае исходот, разликата е тоа што јас нема сега да се бранам или не знам што, ти кажав, моето мислење пред полуфиналните мечеви беше дека Кербер е прв фаворит, и во таа ситуација беше, Возниачки беше трет фаворит од четири тенисерки односно претпоследен, па не знам што воопшто ме цитираш како да сум кажал нешто погрешно, сите правиме предвидувања, некои успешни некои не, ти текнува тебе на Вимблдон кој ти беше прв фаворит и од кого и во кое коло загуби?