Аustralian Open 2011

Статус
Затворена за нови мислења.
Не реков дека неможе Надал да го тепа меѓу тие четворица тенисери ќе решаваат детали и моменталната форма иако Надал и Федерер се двојат во константоста што ја имаат.Пак ќе кажам и јас сум за Надал само кажав дека Мареј е во одлична форма.
Никој не рече дека не е во добра форма него ти рече дека е главен кандидат за титула.
 
Се надевам оти Џокович и Бердих ќе играат 5 сета, првите 4 да завршат 7:6;6:7;6:7;7:6..и да траат што подолго, за да можам да ја фатам на крајот.. :) Бар у 11 да почнуваа :S
 
Ах бе Робин Робин... Како можи од Долгополов да одпадниш бе... Веднаш се виде, падна психички... Значи не знам јас од кога Робин го немам видено дасе врати во меч.. Секогаш е вака, за него, секогаш... Едноставно кога губи самодовербата е најниско ниво кај него....

За Надал, хмм не знам шо да кажам игра добар тенис... Сум за него, јас сакам да освои, но Мареј и Вавринка го играат најубавиот тенис, на АО.. Но тоа не значи дека ке го совојат или пак ке стигнат далеку... За Мареј, е слична судбина како Робин.. Кога најмалку очекуваш, ке одпадни..

Не знам, дали е возможно, но сакам финале со Роџер... Сакам да поуживаме уште малку во мајсториите, па после иди времето на помладите, пред се мислам дека Федерер нема да игра уште долго врвен тенис, и сакам да ги гледам нив двата, пак.... Останува уште можеби 2-3 години, на кои можеме да ги гледаме двата како играат на највисоко ниво.. Ке бидам, „злобен“ и ке кажам дека сакам да ги гледам во секое финале, или полуфинале или што и да е...

Ме изненадува многу Бердих, и не знам, но можно е Џоле вечер да се спакова... Но, искрено, тешко ми е и мене за верување... Го изиграв Бердих 3:1 да победи, кладов уба паричка која ја добив предходно на Ферер.... Сега ке видиме
 
Ах бре Вавринка, како му игра опуштено Федерер и како го тренира на мрежа, жал да ти падне :icon_lol: Не ти под нози, не ти лобови, уште што не :) Јас се надевав на неизвесен тенис, но во првите два сета тоа го немаше, да видиме во третиот сет, и се надевам дека нема да биде последен :)

П.С. Џоковиќ - Бердих е во 09:30 часот по наше време, така?
 
Оти гледам по нивниот часовник сега е 14:30, а кај нас е 04:30, па ако е така тогаш би требало во 10:30 по наше време да почнат... затоа прашав некој поупатен што знае :)
 
Оти гледам по нивниот часовник сега е 14:30, а кај нас е 04:30, па ако е така тогаш би требало во 10:30 по наше време да почнат... затоа прашав некој поупатен што знае :)
Ќе почне во 09.30, али ако трае мечот Скијавоне-Возниацки подолго, што не верувам дека ќе биде тогаш стартот на мечот ќе се одложи.
А Скијавоне-Возниацки играат во 05часот.
 
Лесно дојде Федерер до оваа победа..БРАВО БРАВО!Тешко ќе биде у полуфиналето со Џока или па Бердих..Би сакал да гледам финале Надал - Федерер!
 
6-1 6-3 6-3 Победа на Федерер над Вавринка :)

--- надополнето ---

Ќе почне во 09.30, али ако трае мечот Скијавоне-Возниацки подолго, што не верувам дека ќе биде тогаш стартот на мечот ќе се одложи.
А Скијавоне-Возниацки играат во 05часот.

Фала :wink:
 
Не гледав ама според резултатот ништо од вавринка.Слушав вчера коментари од другари ке го јадел федерер, не верував ама бев сигурен дека баре сет ке изгуби.Игра добро вавринка ама ништо.Ноле нека тепа денес и едно убаво полуфинале имаме после.Надал Федерер финале и мој тип
 
Ајде го чекаме Ноле-Бердих да почне ќе биде неизвесно мислам.А дали видовте на на 5-3 во последниот сет и 15-40 за Вавринка кога имаше две брејк топки како лесно Федерер го реши.

--- надополнето ---

Готово,ќе беше јако да изедначеше Бердих.

--- надополнето ---

Добро бе не му кажува на Ноле дека погрд со брадана онака.
 
Каков тенис од Ноле, буквално го разби Бердих 6-1 7-6 6-1... овој имаше шанси само во вториот сет да се врати во игра, но после тај-брејкот се беше решено... какви форхенд и бекхенд удари од страна на Ноле, неодбранливи за Чехот :)

Во полуфинале против Роже, ако игра вака Ноле како до сега, мислам дека нема лесно Федерер да се пласира во финале, дури и Ноле има големи шанси во тоа, така да верувам дека ќе има одличен тенис од страна на овие двајца :)
 
Се надевам оти Џокович и Бердих ќе играат 5 сета, првите 4 да завршат 7:6;6:7;6:7;7:6..и да траат што подолго, за да можам да ја фатам на крајот.. :) Бар у 11 да почнуваа :S
Многу далеку од + :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom