Australian Open, 11.01.2012 - 29.01.2012

Кој ќе биде годинешниот шампион на Australian Open, 2012 ?

  • Новак Џоковиќ

    Гласови: 24 40,7%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 14 23,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 18 30,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 3 5,1%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 3 5,1%
  • Ким Клајстерс

    Гласови: 5 8,5%
  • Ли На

    Гласови: 1 1,7%
  • Каролина Возниацки

    Гласови: 9 15,3%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.923
Поени од реакции
16.195
Нема шанси до толку да кења, нема шанси. Еве види со ракометов и кошарката. Овој претера бе, претера!

Србиве имаат национализам level. Greece за вакви работи!!! не генерализирам, не скокајте...

Честитки за Џоковиќ.
Имате „среќа“ што не коментираше тој што го искоментира женското финале, е тогаш да видете како се коментира за некој од твоја земја кој е во финале..
Овој не ми го напрај ќефот, едноставно го немаше тој жар за да го искоментира финалето, а на овако страшно добар меч треба и одличен коментатор.
И нема што да ни смета тоа, Еуроспорт Србија е си коментира за неговото подрачје, не е Еуроспорт Интернешнал.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Баш со ова покажа дека е се поблиску до победа над Новак.Смени рекет, има промени во играта и денес покажа дека има работено многу и дека може да го победи Новак
Се согласувам, многу му е подобрен сервисот и игра поагресивно и посамоуверено, но треба да признаеш дека Ноле денеска не играше со својот максимум.
Тактизираше доста за да не се умори премногу брзо, посебно во првиот сет којшто искрено Ноле лесно ќе го добиеше да играше со максимумот заради многуте неизнудени грешки на Рафа.
Има прогрес во играта на Рафа, и тоа го поздравувам, мечот беше легендарен, но Ноле по седми пат по ред испадна ментално појак.
Неколку работи му се поклопија на Рафа, имаше доста полесен пат до финалето од Ноле, имаше и ден плус за одмор, Мареј скоро да му ја извади душата на Новак, но повторно Рафа не успеа да го победи, и не гледам како во блиска иднина (следните 2-3 гренд слема) ќе успее да го победи.
 
С

сашенко

Гостин
А за заморот на Новак имам само едно :pos:.И Надал во 2009 изигра ненормален меч со Вердаско во полуфиналето и во финалето извади 5сетер со Федерер што беше еден од најдобрите мечеви во последните неколку години.Новак и лани имаше мечеви каде се фаќаше за груди и дишеше како да со последната капка сила го држи топчето и неколку секунди после тоа вади сервис од 200км на час и трча ко коњ по теренот.Можеби правеше фаци на замор ама јас qрот ке си го исечам ако стварно имаше толкави проблеми со заморот како што покажуваше со фаците негови.Пишав и на Новак фан клубот тоа е само психа...кога ке го надминат тоа можат да направат што сакаат.Имаат кондиција и двајцата и вакви мечеви не се проблеми за нив.Имашенекој гејм проблем ама ги доби тие гејмови Новак и после тоа на 5-5 психички се врати и тоа беше битниот момент.Заморот им е само психички, нивните мускули можат да издржат многу повеќе.Се е до тоа колку е ментално спремен тенисерот да издржи во такви моменти.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Дефинитивно Надал изигира најдобро од сите мечеви вс Џоле во скорешна историја. Ама останува еден голем прашалник. Што ако Џокович беше во подобра форма (гледајќи од перспектива на кондиција?) дали тогаш неговата игра пак ќе беше релативно пасивна ако се земе цел меч како анализа? сепак мора да се спомне дека Џокович играше долг и исцрпувачки меч вс Мареј, и имаше еден ден помалце за одмор, нивната идна средба мислам дека ќе биде клучна, од огромно значење пред се за кариерата на Надал.

Доколку и тогаш изгуби, формата на Надал пак ќе му опадне како претходнава година а со самото тоа и самодовербата, како и менталната предност што ја има кога игра со тенисерите кои се малце послаби од големата четворка, нема веќе толку да му се плашат и ќе го исцрпуваат повеќе на меѓусебните мечеви што значи дека во една година во просек ќе треба да останува на терен далеку подолго со што неговата физчика стостојба исто така многу лесно може да опадне, ( од поглед на кондиција) се разбира тука јасно е дека и евентуална повреда е можна, заради истата исцрпеност и начинот на којшто Надал практикува да игра т.е. да не се штеди како голем дел од другите тенисери. Забегав малце али нема везе :D
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
По по по, заедно со финалето на Вимболдон, епското финале 09та година мегу Роџер и Рафаел, заедно со ова според мене се најдобрите два меча кои сум ги изгледал во животот. Денес кој и да победеше, ќе беше заслужено. Честитики за Новак, уште еднаш успеа да го победи Рафаел, но каков меч, каков. Браво, секоја чест мајстори, секоја чест !
--- надополнето: 29 јануари 2012 во 16:51 ---
И не се препирајте, кој бил повреден, немал концидија и сл. Изиграја меч од 6 часа, и чим имаат кондиција за најдобар тенис, за врвен тенис толку време, значи се во топ форма, двата !
 
С

сашенко

Гостин
Пазеше Новак да не се замори брзо, тоа се согласувам.Ама ако се плашеше да не издржи толку многу време на теренот зошто не запна на старт и не го доби со 3-0? Мене тоа не ми е јасно, искрено.Знае и самиот дека Надал нема проблем да издржи таков голем меч, да играш со Надал така и да му даваш шанси не е баш препорачлива комбинација.Изминативе години он правеше такви грешки со Надал и губеше мечеви поради тоа.Единственото нешто поради кое тој го доби Надал 6 пати лани е тоа што не чекаше и веднаш ја играше својата најдобра игра за да не дозволи да дојде до долг меч.А денес не беше заморот причина.Беше доволно спремен да го победи и во 5 сетер и ете го направи тоа.Со самава победа на Новак паѓаат во вода сите теории за заморот.Ако изгубеше ке беше тоа причина зошто така изгледаше на 4-2 на Надал во 5тиот сет.Ама тоа беше психички пад на Новак, можеше физички да издржи уште.Успеа да се врати ментално и победи, тоа е единствената разлика сега.Новак е посамоуверен и по детерминиран (незнам баш превод на овој збор на мак. како е) и успева во такви моменти да го извади својот максимум.Тоа е она што го прави шампион, заборавање на заморот и играње како сега да почнал мечот.И двајцата го можат тоа, но дефинитивно на Новак концентрацијата му работи повеќе во такви моменти.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Немојте сеа да испадне муабетов дека Надал изгура пет сета затoa што Новак бил уморен... o_O

И двајцата играа до крајни сили, да трчаш 5 часа натаму-наваму треба да си голем атлета. Ноле лани беше у страшна кондициона форма, еве останал у истата. Надал пак, годинава ја има подобрено кондицијата, и тоа значајно.

Ја има подобрено и психата, што е уште позначајно, и мислам дека при наредна нивна средба на Гренд Слем ќе следиме иста ваква тесна борба.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
После Вимблдон ова беше најубавото финале кое јас лично го имам гледано, макар што до кај трет сет не видов ни Т од Тенис. Неизнудени грешки, глуп сервис, игра во грч. Тапа работа. Ама затоа 4 и 5 ти сет беа вистинското нешто. Момците дадоа се од себе, и јас цврсто стојам на тоа дека нијанса го одлучи победникот, бидејќи во мечов двајцата беа на исто ниво. Да не беа, немаше да играат толку часа. Немој некој да ми се вади со тоа дека Новак имал тешки мечеви, па ако нив ги немал може ќе го тепал полесно. И Надал имал таква ждрепка некогаш и Федерер. Ако си во врвот на тенисот мораш да си подготвен за таква игра. Она што ми е мило е дека Рафа повторно игра тенис со старата жестина и може повеќе од ова. После полуфиналето на Новак со Мареј и ова финале, се наговестува тешка година за Новак, во која конкурентите нема така лесно да го пуштат да жнее победи. И тоа е добро за тениската игра. Ќе гледаме преубав тенис.

Честитки за Новак.:)

П.С Коментаторот на Еуроспорт треба да се убие. Мислам дека Игор Трпески нема шанси да го надмине со онолкава доза на пристрасност и малограѓанско коментирање. Во еден момент се надмина кога рече дека татко му на Надал се радувал до толку многу што доколку носел перика ќе му паднела. Ало бре, те слуша цел Балкан. Само во Србија ли те слушаат? Резил. Ај атер на моиве што не разбираат англиски, ама си го пуштив англискиот коментатор за да не слушам тропање глупости.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Никој нерече дека немаше да има 5 сета со сигурност, но мора да се спомне како валидна забелешка, јас секогаш сум реален колку што можам, Надал ме изненади со играта, очекував дека ќе му требаат уште месец/два за да дојде на највисоко ниво, но денеска беше многу, многу блиску до тоа ниво, што е многу побрзо него што очекува (нереално дури) како што реков. Можам слободно да кажам дека Надал го има најдобриот тренер во историјата на тенисот, сервисот му е страшно подобрен, играта - тактиката ја променил видно, и што е најбитно многу брзо и лесно, се адаптирал на сето тоа! тоа е стварно неверојатно!
 
С

сашенко

Гостин
Еј, да не забравам еве пак ке спомнам.Дужам пиво на дечкото што рече дека Мареј ја тера накај 80ка со неизнудени грешки во полуфиналето...:pos: 85 биднаа и си го ветив и ке го давам...

Уште нешто за кое се покајав за време на турниров е што реков дека добрите мечеви завршија во полуфиналето :tapp: :pos:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Феноменално финале, како што доликува. Браво за Ноле, покажува дека сеуште е несовладлив.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.923
Поени од реакции
16.195
Еј, да не забравам еве пак ке спомнам.Дужам пиво на дечкото што рече дека Мареј ја тера накај 80ка со неизнудени грешки во полуфиналето...:pos: 85 биднаа и си го ветив и ке го давам...

Уште нешто за кое се покајав за време на турниров е што реков дека добрите мечеви завршија во полуфиналето :tapp: :pos:
Сакаат да бидат близу најдобриот во историјата на тенисот, ко можи Федерер да има 63 грешки, овие кај да е до 80 ќе стигнат.:D
:pipi:
Иначе оваа победа ја посветуваме на Фил Ајви, можи не чита, ама тешко да пиши.:D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.296
Нема шанси до толку да кења, нема шанси. Еве види со ракометов и кошарката. Овој претера бе, претера!

Србиве имаат национализам level. Greece за вакви работи!!! не генерализирам, не скокајте...

Честитки за Џоковиќ.
Ги слушаше енглезите кога играа Мареј и Ноле ? :pipi:
Нормално е ова, и самиов коментатор денес потенцираше дека ќе си биде пристрасен ко и увек, рече ако сакате неутралност за денешниов дуел, пуштете си еуроспорт со англиски коментатори.

Инаку точно е дека Надал беше блиску до победата ко никад до сеа против Ноле ( збориме за она што се случуваше во последниве година дена ) ама треба и да се напомене дека многу малку фалеше мечот да заврши и по четвртиот сет, кога Ноле имаше 3 брејк шанси, ама па затоа и Надал е Надал, се врати во свој стил но и покрај Се Ноле покажа и докажа зашто е број 1 во светскиот тенис, цар.

И психички и физички е фантастичен, алал нека му е за денешниов триумф, мислев дека го испушти во четвртиот сет после Се она што му се деси, и во тај брејкот и претходно, убеден бев дека го испушти по брејкот на Надал во петиот сет но ниту тоа не беше доволно да биде победен.

А да не зборам и за катастрофалните одлуки на негова штета од линиските судии, СРАМОТА, срамно беше тоа што го правеа, срамно, пола од тие топки повеќе беа во поле отколку во аут, и ова влијае на психа ама очигледно среден е во тој поглед ненормално добро, кој и да го издејствувал тоа од него капа доле.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Ги слушаше енглезите кога играа Мареј и Ноле ? :pipi:
Нормално е ова, и самиов коментатор денес потенцираше дека ќе си биде пристрасен ко и увек, рече ако сакате неутралност за денешниов дуел, пуштете си еуроспорт со англиски коментатори.

Инаку точно е дека Надал беше блиску до победата ко никад до сеа против Ноле ( збориме за она што се случуваше во последниве година дена ) ама треба и да се напомене дека многу малку фалеше мечот да заврши и по четвртиот сет, кога Ноле имаше 3 брејк шанси, ама па затоа и Надал е Надал, се врати во свој стил но и покрај Се Ноле покажа и докажа зашто е број 1 во светскиот тенис, цар.

И психички и физички е фантастичен, алал нека му е за денешниов триумф, мислев дека го испушти во четвртиот сет после Се она што му се деси, и во тај брејкот и претходно, убеден бев дека го испушти по брејкот на Надал во петиот сет но ниту тоа не беше доволно да биде победен.

А да не зборам и за катастрофалните одлуки на негова штета од линиските судии, СРАМОТА, срамно беше тоа што го правеа, срамно, пола од тие топки повеќе беа во поле отколку во аут, и ова влијае на психа ама очигледно среден е во тој поглед ненормално добро, кој и да го издејствувал тоа од него капа доле.
Физички е фантастичен а? Не би рекол, а за психички рака му давам секоја чест. :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.296
Физички е фантастичен а? Не би рекол, а за психички рака му давам секоја чест. :)
Па после она што го изигра со Мареј, и денес, докажа дека физички е феноменално подготвен, ако го пратиш подолго време премногу лесно можеш ова да го уочиш, исто и српскиот коментатор кажа дека пред неколку години ваков меч Ноле немало шанса да изигра, што е и те како точно.

Напреднат е во сите сегменти, освен со сервисот што има проблеми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom