И, како резултирала утката, со позитивно, или со негативно искуство ?
Прашувам онака, бидејќи Аргентина во 20-от век помина низ 3 воени хунти, од кои последната - од 1976 до 1983 година беше особено криминална и крвава.
Во 2002 година Аргентина прогласи банкрот од кој не закрепна целосно, поради што во 2014 година индиректно прогласи банкрот - што во превод значи дека не прогласува банкрот, туку одбива да ги плати долговите кон странство, но бидејќи гледам аргентински вести преку Интернет одвреме-навреме, не ми делуваат Аргентинците како силно да ги погодил индиректниот банкрот.
Како се снаоѓаат со храната и здравството ?
Аргентина е еден од водечките производители на генетички модифицирана храна во Јужна Америка, дури и имаше документарец пред некоја година за тешките заболувања и труења кај аргентинските фармери, но наводно сите тие генетички модифицирани отрови завршуваат исклучиво во САД, односно не остануваат во Аргентина.
Вообичаено во овој период - од декември до февруари кога е зима кај нас на северната полутопка, односно кога е лето кај нив на јужната полутопка, има масовни протести во Буенос Аирес поради недостатокот на електрична енергија за време на летните горештини поради застарената електродистрибутивна мрежа, но сеуште ниту сум видел на вести, ниту сум читнал на Интернет за такви протести од декември 2015 па наваму.
Еден познаник мој има еден брачен пар за пријатели, кои едно време работеле во пицерија во Барселона, но откако започна финансиската должничка криза, сопственичката одлучила да ја продаде пицеријата и да фати џаде за Аргентина и им понудила на сопружнициве нашинци да заминат со нејзе за Буенос Аирес.
Нашинциве прифатиле и наводно денес живеат задоволни во Буенос Аирес.
Да ти кажам право не ја знам нивната приказна за како живеат тамо само сум запознат со случката дека го згрешиле бродот и завршиле во аргентина наместо во уса, а како живеат не сум прашал. Ќе го прашам другар ми ако не заборавам затоа што моментално е преселен во германија па се слушамо на вибер па ако не заборавам ќе го прашам или здравје на лето кога ќе дојде. ЈБГ Од 5 другари уште двајца останавме но ништо чудно да се соединиме пак во германија сепак мнозинство се тамо. Само не м ие јасно како тоа заминале од невозвратена љубов а сите се женети уште пред да заминат.