Јас не сум шофер по професија, туку се сум работел во животот и цел живот работам наместо да трошам време по кафиња и жуљопичење како нема работа. Има работа секаде. Како Циганите сте исти. Мене возењето камион ми беше само моментална работа и тоа возев камион за доста професионална фирма. Од тие пари средив куќа, двор и купив автомобил. Парите не ги поебав на скапи одмори, кафиња и џеболебарење како што прават 80% од Македонците наместо да вложат во некој капитал или да вложуваат во себе.
Децата не ги направив, затоа што државата ме лажела или затоа што чувствувам обврска спрема истата да ги направам. Ги направив , затоа што така сакам и супер ми е. Утре да сум жив и здрав ќе имам преку 20 внучиња, огромно семејство, многу роднини за разлика од тебе кој што нема кој да те наследи. Здравје боже ќе имам и бесплатни работници за бизнис, сите пари ќе одат во семејството. Наместо да даваш пари за 4 работници имаш 4 сина и тие работат барабар со тебе. Така се прави капитал, бизнис. Ти утре ќе си сам, јас нема да сум, а вечно нема да сум здрав и прав.
А ако твоите 4 сина не сакаат да го продолжат бизнисот твој туку сакаат да станат доктори, адвокати или не е битно што? Или немаат избор некој? Како ќе кажеш ти така?
И ако правиш деца само за да те чуваат кога ќе остареш или ќе се разболиш, браво. Од тие 4, бар 1 сигурна сум ќе се најде да те тинтра. Не викам дека е лошо, не ме сфаќај така. Само, јас кога ќе остарам, не сакам да сум им товар на моите деца. Сакам да сакаат да дојдат да ме видат, да си попраат муабет со мене, да ми кажат ако нешто ги мачи, да им дадам совет ако побараат. Ама нема потреба они да го посветат цело внимание на мене. Пре би сакала тоа внимание да го потрошат на нивните идни семејства или кариера, зависно од тоа каде се во животот и што прават. Нормално дека како родител, не треба да размислуваат на тебе како товар. Сепак, ти си посветил толку време, си ги одгледал, си им пружил се` така? Ама, ако го правиш тоа со цел да добиеш нешто назад, е*ати родителот. Љубовта што им ја пружаш треба да биде без никакви очекувања, туку само заради тоа што ги сакаш. Ако они решат да ти вратат, тоа е друга работа.
Трошење пари на скапи одмори за тебе е глупост, така? Ок, твоја работа. Што ако некои луѓе не размислуваат така? Јас пре би отишла на таков одмор, отколку да возам скапа кола. Кола ко кола, ќе ме однесе кај што треба. Куќа ко куќа, не мора да е 1000 метри квадратни за да живеам таму. Боље ќе купам куќа доволно голема за моето семество, а ќе ги потрошам парите со семејството, ќе направам нешто што ќе го памтат додека се живи. Сигурно нема да памтат како парите што си ги направил си ги потрошил на куќата или на колата. Да, треба да се инвестира во капитал, ама треба и да се забавуваш со семеството, кога веќе заработуваш асално нели. Татко ми додека бевме мали зимаше супер плата и можевме да си дозволиме да идеме на одмор по цел месец. Тие одмори ми се најубавиот дел од детството. И многу сум им бладорарна што сме иделе по одмори наместо да купувал нова кола секои 2 години или да ги ставал парите во станот што го имавме, којшто патем, беше реновиран редовно и ништо не му фалеше, нити пак на колата....
Муабетот ми е, секој си има различни приоритети, и неможе ти на некој да му кажеш како да ги троши парите што ги заработил или колку деца да има. Ако за тебе нешто е глупост, може за друг не е, и обратно. Не сите размислуваат како тебе, нити пак треба сите да размислуваат исто. Не ќе стануваме овци сеа (не дека веќе некои не се). Сите можат да си праат што сакаат, се` додека ги почитуваат законите на државата.