Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Ти кажав ја претходно Кумровачка школа те учела, и си екперт за извртување на теории, ја кажувам мислење, а ти уште пишуваш на латиница, од две работи:
1. Или си неинтелигентен да пишуваш со македонска поддршка на тастатура
2. Не си Македонец, ти си дете на мешан брак, ти си Србин, Бугарин или Sqipo.

Ok da pocneme.
1.Kumrovacka skola ne postoi.Konstatacijta ti netocna..
2. Ekspert za izvrtuvanje teorii ne postoi.Konstatacijta ti netocna..
3.
ја кажувам мислење, а ти уште пишуваш на латиница, од две работи:
Hmmm...Uste se trudam da razberam sto sakas da kazis! Eve procitaj si ja recenicata na glas poveke pati.

4.
Или си неинтелигентен да пишуваш со македонска поддршка на тастатура
Не си Македонец, ти си дете на мешан брак, ти си Србин, Бугарин или Sqipo.
Znaci ne se Makedonci onie sto pisuvaat Latinica i se deca na bugari ili srbi...Konstatacijta ti e preglupava.

I za kraj: Te prasav kako go povrzuvas tvojot odogorot na postot od frang a ti mi replicira so uste poglupavi konstatcii. I jas sum bil neintelgenten :pos:.
PS: Rokko idoli li ti e ? Siffredi!
 
Па тоа викам и јас, живеам во Македонија, се случуваат проблеми и тука, но мораме сами да си ги решаме дека сме тука, ама пример ти доаѓаш од Австралија и се бањаш со купаќи со Австралиско знаме во Охрид, е сега ние треба да ја сватиме разликата. Во Австралија си Македонец, а во Македонија си Австралијанец. :). После се збунуваш, неколку генерации подоцна излегува незнаеш што си !! :). Јас кажувам со искуство, не сум обичен механичар, пишуваам маалски, а не литературно, не зошто сум неписмен, затоа што ми е поинтересно и поубаво за пишување. Најголем дел од парите ги заработив во Ирак, во Таџи воената база. На крај ќе кажам дека вистинските мажи секаде се успешни, ама верувајте нема поубаво место и држава од МАКЕДОНИЈА !!!

Роко не ме сфаќај грешно мили ми е што има луѓе што се борат и сакаат Македонија да иде напред ама се дури тоа не се пропрати од повисоко ќе идеме споро напред. Работата е дали сакаш да се бориш во Македонија каде ништо никогаш не е сигурно или да живееш некој нормален живот на друго место каде ќе бидеш ценет, награден и пред се ќе немаш толку главоболки со ништо, нит систем/држава да те малтертира, нит наплата е проблем ако водиш бизнис, осигурање те исплаќаат кога треба, здраство и се друго функционира... До утре можеш да попуваш овде дека во Македонија може да се заработи ама реално тешко тоа. Нормален човек во Македонија е среќен ако има некое евро во џебот на крајот на месецот, еве и ти и 10 000е на крај на годината нека ти останат тоа реално и не е некоја голема пара на запад. Налет парите, условите за живот не се споредуваат и тука завршува приказната.

За тоа дека секаде сум странец, СУМ и да ти кажам ич не ми смета, напротив секаде кај што ме потцениле се заебале. Еве и никот овде - фаранг, е уствари фразата за странец во Талјанд каде живеев порано и каде имам бизнис/фабрика до ден денес и види ништо не ми фали. Точно знам и кој сум и од каде сум и која држава што има направено за мене. Јас инвестирам пред се за да направам подобра иднина за мене и мојте поколенија и инвестирам таму каде има услови и каде можам да извадам поголем профит. Мое искуство е дека Македонија сеуште не е доволно развиена држава за да се води некој поголем бизнис таму затоа и релативно малку има инвестиции. Мали бизниси колку да се самовработиш може да успеат ако се водат правилно ама од тоа не се заработува од тоа може само да извадиш плата две.. Не сакам да звучам препотентно ама мене тоа не ме интересира јас имам поголеми цели.

За генерациите после мене да ти кажам право уште сега ќе ти кажам дека ќе бидат граѓани од првиот свет и ќе можат да живеат и работат каде сакаат углавно благодарение не на македонскиот тука на австралискиот пасош. Ако сакам да ги воспитам ко македонци не е проблем мада смешно е сепак тоа за кое ете ти се бориш, да останеме македонци накрај ќе ти го негираат политичарите па и со сила од тебе кад тад на крај ќе направат европеец, да се надевам исто граѓанин од првиот свет.

Иначе јасно ми е сега зашто Македонија за тебе е најубава. Не сум бил во Ирак ама сум бил на конференција во КСА и не лупнаа во база недела дена „за наше добро“ пошто сме неверници таму па да сме „безбедни“. Едвај чекав да си одам. Ако дома е најубаво зошто пола Македонија се пресели во Скопје? Да не се лажеме, Прилеп е поим за Долно Дупени, ко што Скопје е вегас за Прилеп, ко што Белград е за Скопје кој па неможе ни да се носи со Виена, Виена со Лондон и така натаму... Јас го обожавам Скопје и е без конкуренција најубаво место за мене во Македонија (во ОХ не сум бил на пливање повеќе од 20 години пошто спомна, едноставно за мене секој ден надвор од СК во Македонија е изгубено време освен ако не го гледам Вардар) ама дека Скопје или Македонија било најубаво место на светот :pos: тоа на некој друг да му кажеш што не излегол од резерватот... Далеку сме ние од пристојно :facepalm: да не збориме за убаво ама ајде, подобро да не пишувам повеќе и онака нема да се разбереме на оваа тема, let's agree to disagree
 
Мислам дека сами ќе си го спопикаме, селата изумреа, еве и градовите почнаа во мањак да идат. И ги разбирам дека во Македонија е лошо нема леб итн, итн. А како во бивша југославија кога беше мед и млеко, и со тој пасош можеш да патуваш каде сакаш, сепак имаше голема миграција? Пола Битола Австралија, Америка итн. Нели се било овозможено? И лесно работа се наоѓало и стан се печалело и се. Него пусто македонче, мора самото да се испозаебе. Да се вратиме по туѓо ропство ќе тргне, барем ќе имаме некоја цел, а вака не знаеме каде тераме. Браво за шип тарите бакшиж држава ќе си добијат а македончето ќе гледа од телевизија во Австралија, Европа или УСА и пак ќе пцуе што катил нација сне биле.
 
Те разбирам потполно, и во право си штом водиш бизнис знам како ти е, се трудиш со крајни сили да биде по профитабилен. За делот колку споро одиме напред, искрено незнам, но знам дека јас сум тука, јас се борам да одиме побрзо, го зголемувам семејсвото купувам земја се правам да им биде подобро на моите деца. Ти го правиш истото таму надвор од Македонија, ама па ќе повторам различно е чувството и гордоста. Различно е бидејќи еве на пример кога игра РК Вардар гледаш македонски тим, кој гази противници на кои им е криво што толку мала држава со толку малку луѓе ги растура, тоа задоволство е различно. Ти таму ќе прочиташ ќе видиш, ама неможеш да ја осетиш енергијата која владее тука. Затоа се повторувам, уживање е секој момент во Македонија. Знам дека гледаме со различни очи со многу од членовиве на форумов, ама неможам да се начудам како не се горди што барем се родиле тука. Ова парче резерват како што викате, да копнеш метро подземја наоѓаш историја. Ти се дел од таа историја, и градиш и создаваш за идните генерации, еве да не бидат иселеници. Да бидат горди Македонци
 
Зошто бе одма мора да проработи Македонското кај вас дури и кога сте далеку од Татковината? Тој само ги кажа ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРЕДНОСТИ ако имаш деца. Ама не вие морате со све да се сеирите и да се фаќате како слеп за стап, демек напрајл деца само за да бидат робови во фирмата. Класичен Македонски муабет, се фаќа за најситниот и најнебитен детаљ и го руга соговорникот до в крај.

Да, една од ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРЕДНОСТИ да имаш деца е робови да ти бидат.

Едно прашање - се осеќате себеси што пишувате и што браните?
 
Да, една од ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРЕДНОСТИ да имаш деца е робови да ти бидат.

Едно прашање - се осеќате себеси што пишувате и што браните?
Што сакаш по сликовито од ова да ти се објасни, игра РК Вардар гледаш македонски тим, кој гази противници на кои им е криво што толку мала држава со толку малку луѓе ги растура, тоа задоволство е различно.
 
Филинг бомба.Исто како порно да гледаш и да знаеш колку му е убаво на актерот оти ја цепи до даска.Не викам дека кожата не ми се ежи кога гледам колку одиме некогаш напред и навивам.И сум присуствувал на некој утакмици ама има некој страст за навивање.
И РК Вардар ќе ти дадат напредок во животот???Секој што го исполнува.Има многу луѓе сите со различни мислења.
 
Те разбирам потполно, и во право си штом водиш бизнис знам како ти е, се трудиш со крајни сили да биде по профитабилен. За делот колку споро одиме напред, искрено незнам, но знам дека јас сум тука, јас се борам да одиме побрзо, го зголемувам семејсвото купувам земја се правам да им биде подобро на моите деца. Ти го правиш истото таму надвор од Македонија, ама па ќе повторам различно е чувството и гордоста. Различно е бидејќи еве на пример кога игра РК Вардар гледаш македонски тим, кој гази противници на кои им е криво што толку мала држава со толку малку луѓе ги растура, тоа задоволство е различно. Ти таму ќе прочиташ ќе видиш, ама неможеш да ја осетиш енергијата која владее тука. Затоа се повторувам, уживање е секој момент во Македонија. Знам дека гледаме со различни очи со многу од членовиве на форумов, ама неможам да се начудам како не се горди што барем се родиле тука. Ова парче резерват како што викате, да копнеш метро подземја наоѓаш историја. Ти се дел од таа историја, и градиш и создаваш за идните генерации, еве да не бидат иселеници. Да бидат горди Македонци

Да не сме гордни и да не ја сакаме Македонија нема да сме на форумот, очигледно дека си ја сакаме Македонија САМО ние сме реални сме виделе и во Македонија како е и надвор. Јас ја викам резерват затоа што пробуваш цело време да ме убедиш како таму е подобро од надвор и некој што не бил зашто неможе да излезе може и да ти поверува а реално не е така. Светот е голем и убав и има многу да се види и научи и глупаво е да ограничуваш некого или да лажеш во стилот дома е најубаво а пола држава не живее во родниот крај.

За Вардар и тука не си во право, јас сум релативно често во Македонија, а пази на другата страна на светот живеам и водам бизниси. На нашиве во европа Скопје им е 2 саати лет. Можат кога сакаат да си дојдат, светот се глобализира не е веќе некој проблем. Разликата е во тоа што покрај РК Вардар ваљда гледаш и светското. Епа јас неќам да го гледам ни тоа на телевизија. Такви задоволства од Македонија со македонска „заработка“ малку потешко.

10463072_10152521534889201_2047279340180200962_n.jpg

10406661_10152521536669201_2320015891008880243_n.jpg

10441959_10152525548419201_5551638234531799684_n.jpg

За уживање не се секирај мое мото си е heaven is where I am. Не ми треба Македонија да уживам, ама тоа не значи ни дека не уживам во секој момент кога сум таму. Македонија си има посебен шарм ама треба уште многу да помине за да биде како треба. На прав пат сме ама ќе фати долго, а мене не ми се чека, неќам да ми пројде животот во чекање...
 
Ова парче резерват како што викате, да копнеш метро подземја наоѓаш историја. Ти се дел од таа историја, и градиш и создаваш за идните генерации, еве да не бидат иселеници. Да бидат горди Македонци
Тотално во право си само што некој не ја копа историјата или пак тоа што копа го продава.
СИСТЕМОТ Е СРАЊЕ државата е Македонија.И ќе остане Македонија
 
Аеродромот подобро работи од порано, може кога сакаме да дојдеме да си одиме, патиштата демек градат,еве возови - вагони ќе купат, приватни болници за пензионерски денови ќе има. Полека и пејпал воведуваат, сметки ќе може да се платат електронски - НА ПРАВ ПАТ СМЕ БАР ТОА МЕНЕ ШТО МИ Е БИТНО ;)
 
Мислам дека ситуацијата најдобро ја опишува зборот ,,pending,,. Нешто чепкаат, веќе 10тина години нема поголеми пертурбации, стабилно е, ама сега засега не е доволно и прашање е во која насока ќе се развиваат работите. Пример и Хрватска имаа еден период на јак напредок, ги имаат вистина најдобрите автопати(не претерувам) и сега тамам кога требаше да фатат чекор со развиенте држави застанаа, ми се чини како без идеја.
 
Епа тоа е тоа. Ние надвор секогаш ја имаме опцијата за назад. Ако се среди и ако имаш потреба да работиш или сакаш да работиш/вложуваш тогаш можеш. Ако не прави пари во странство и направи си модел како да ти стигаат пари секој месец а да живееш во МКД ако тоа сакаш. Ако се средат а полека се средуваат некој основни рарботи за колку толку нормален живот без многу нервози тогаш зошто да не?
 
Ако не прави пари во странство и направи си модел како да ти стигаат пари секој месец а да живееш во МКД ако тоа сакаш.
Да газдуваме дома да се курчиме и чаталиме.Цела популација кај нас за тоа живее.Цел ден кафичи,кафани и главни секаде.
А за работа бизнис нема ни да помисли.
Повеќето кога тргаат со таа мисла се.
 
Да, една од ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРЕДНОСТИ да имаш деца е робови да ти бидат.

Едно прашање - се осеќате себеси што пишувате и што браните?

Да не треба да ти нацртам за да разбереш? Какви робови спомнуваш бе? Семеен бизнис за тебе е ропство? Грижење за стар и изнемоштен родител кој ти обезбедил егзистенција за тебе е казна? Не знам какво суштество треба да си за да го тврдиш ова. Нека ти стои на чест.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom