Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Точно. И што има лошо во тоа јас да живеам лагоден живот со покриени трошоци за секакви заебанции што ми текнуваат, наместо да се мачам да рмбам за тројца-четворица и да се тресам секој дена дали ќе има или ќе нема леб на масата за сите?
Не знам од каде логиката дека треба да патиме.
Тој што мисли дека му требаат деца слободно нека си ги прави и по 50 ако сака, само не мудрувајте за тоа колку треба да има некој друг.
Да, и јас би го поставил истото прашање. Во ред тоа формирање семејство и се, ама немојте да се лажите дека не е битно како тоа дете/деца ќе живеат во иднина или битно е само да се склепаат, па после ќе му ја мислиме. Сам си ставаш јамка околу вратот со правење поголемо семејство а скромни услови за живот. Двете работи едноставно не одат заедно. Јас, со моите квалитети и образование, да живеев пример во Шведска, Норвешка...да видиш како би направил 4-5 деца, ама овде би се ограничил на 1-2. Тоа ти е Македонија.
 
Нема везе муабетов, едноставно постојат луѓе на кои деца не им го прават кејфот. Мене лично едно дремење на шанк ми прави далеку поголем кеиф. Едноставно не можам ни пола саат да издржам со деца, досадни се и глупи.
Ne ti trebase ovoa! Dosadni i glupi deca ne postojat. Dremenjeto na sank e minliva glupost! Koa ke porasnes ke svatis!
 
Не си запознал доволно деца. :)

Абе работава е - сите деца се глупи и досадни, освен моите :D.

П.С. Кој си е глуп си е глуп, без разлика дали е дете или возрасен....
 
Pa zost
Мразам да се вклучувам во вакви или слични теми, затоа што се тоа е релативно и зависи од искуство до искуство. Има и во Македонија еден куп што животот им е топ. Такви се моите роднини. Среден живот, плати, пари, деца. Не правите од нас како да сме Тунгузија, затоа што не сме.

Македонија за твоја информација има 85% поврзана патна инфраструктура на слично ниво како Хрватска, но Хрватска има поубави патишта, затоа што кај нив тие патишта економски се оправдани и можат да ги извадат.

Јас возев 2 години низ Европа камион, затоа што имам 4 деца на грб, а ако ми се дигне ќе одам и на петто дете и воопшто не ми е гајле, но се борам за нив секој ден, секоја минута, секој момент. На никој не плачев, не висев секој ден пред влада на РМ да ми дадат пари или било што, туку загреав газ и спиев како куче по камиони, се мачев, заработував, праќав пари дома, но со тие пари средив комплетно куќа, купив автомобил и пар други работи. Сум работел се и сешто во животот, никогаш не сум наоѓал маани во животот. Многу добро сум го почувстувал менталитетот на луѓето низ Европа и на Балканот и можам да направам многу паралели.

Зарем ти очекуваш некој дека во мали градови ќе ти гради театри, културни домови, кина, спортски сали или било што? На кого? На старци ? За да има прво наведените работи треба да има многу младина, многу деца и потреба, а за да ги има тие работи требаше нашите девојки да останат во тие градови да живеат , а не да се ебат и продаваат на странци за 50 евра само колку да отидат во Германија и Швајцарија да живеат на негов грб и да ги лаже мама и тато како успеала во животот.

Јас не правам паралела меѓу животот во Европа и Македонија, затоа што е глупост да споредуваш стари цивилизации со куп турско ѓубре овде на Балканот.
Тие народи во Северна Европа си имаат систем на функционирање, систем на вредности, работничка дисциплина, паметни се за разлика од нас.

Ние Македонците имаме баш онаква држава каков што е нашиот менталитет, а тоа е дивјачки. Ни ти, ни јас, ни било кој не сме подобри од другиот. Ние сме колективно ѓубре, алчни, погани, корумпирани, да заебеме некого, да му подметнеме нешто, а секојдневно сме труени со пропаганда и бабини деветини дека сме многу чесен и добар народ. Жими куров сме чесни и добри. Одиме на доктор или било каде со чоколади, бомбоњери, вина со цел да подмитуваме некој. Цела држава, цел народ функционира на корупција. Овој народ не можеш да го научиш на основна сообраќајна и улична култура, а не дај боже за нешто трето. Тоа е реалноста, толку ни е црпката.

Сите ќе те учат од тие пребеганите „успешни“ печалбари како се живее на Запад, како таму имало култура, како Западњаците биле такви, улиците чисти, зеленила, паркови, а додека зборуваше со мене 50 пикавци и хартии фрли на улица и никогаш не отишол во театар или кино. Се собираат и пијат на некои босански Цигани певачишта кои завиваат како кучиња. Ми се усеруваат од зборување како парковите, сообраќајот бил пуцка, а кога се враќаат во Македонија ечи музика од тие сељоптерски мерцедеси некои одвратни ориентални мелодии и крст 4 метра во кола. Исто како Шпоновите, Турците коишто секоја куќа, стан, кола има некое шпонско знаме мислиш незнам каква цивилизација или од каде дошол, а излегол од држава каде што канализација и шоља у веце беше мисловна именка пред 10 години.

Не сите, но добар дел од Балканци по Западна Европа особено шпонови се занимаваат со прљави работи таму. Ниска класа, но од дрога и криминал од друга страна се прават најчисти пари.

На овој народ комплетно треба да му се менува менталитетот и воспитувањето, затоа што многу е лесно да работиш на Запад кога со тебе командува тој Западњак и ти дава инструкции што да работиш и како да работиш. Нив очајно им требаат работници, затоа што немаат младина, а не дека ние сме се покажале како незнам какви работници.

Сакаш да ми кажеш дека ти во Македонија да имаше фирма ќе им даваше на твоите работнички 40.000 плата и 10 дена слободни во месецот? Ма, немој да ме јебеш :)
Pa zosto odis vo stranstvo i vozis kamion, za plata taka, plata 1500 evra taka, pa sedi bre bratce tuka zemaj 9000 den plata, pa ne 5 10 deca imaj.Vooedno, vozis kamion, sigurno imas bg pasport, a ti mene ke mi kazuvas prajte deca ke se unisteme kako nacija, cccc
 
Абе работава е - сите деца се глупи и досадни, освен моите :D.

П.С. Кој си е глуп си е глуп, без разлика дали е дете или возрасен....

Баш така. Кој мисли дека сите деца се паметни и ангелчиња, треба да ја прочита "Lord of the Flies".
Или да работи во училиште.

За твоето никогаш нема така да мислиш.

Јасно. И покрај мојот претходен коментар, не сум ги целосно исклучил децата. Сега за сега сум 70-80%. :D
 
Реално, ситуацијата е ваква:

Ако некој има добра плата, но не сака деца затоа што му се товар, да тоа е одлика на незрелост и непреземање одговорност. Но сепак, тоа е и негов/нејзин личен избор. Не можеш сите со сила да ги натераш да имаат/немаат деца.
Но ако некој нема доволно за себеси да преживее, а одозгора создава и дете, е тоа е веќе тежок нонсенс. Тоа е она што јас го зборувам, а ти сакаш да кажеш дека сме разгалени, па ете, ќе ни се скрател комфорот. Па Македонија не е Шведска или Германија во поглед на животниот стандард! Како може да ти се скрати комфорот кој воопшто го НЕМАШ?

А тоа кој од нас има или нема муда за создавање семејство, не е твое да процениш. На крајот на краиштата, секој може да направи деца, но не и да ги изведе на прав пат. Ромите и Албанците со тајфа деца кои просат по семафори или се свртуваат кон други нелегални активности се репер за одговорни и зрели родители, затоа што решиле цел куп да направат, а после кому како...? Немој ти се молам. Да се биде родител не значи само да изродиш куп деца. Напротив.
Да, и сите Македонци што имаат 1-2 деца нивните деца станаа научници, така? Ма, те молам:)

Приказни и приказни само. Кој тоа тебе те лаже дека кај Албанците и Турците просат по улици или се пуштени буквално на улица? Па, кај Македонците процентуално има 15 пати повеќе наркомани, алкохоличари, курви, распуштени девојчиња отколку кај Албанци или Турци. Работат млади Албанци деца со татковци без разлика дали е легално или нелегално, се учат да преживуваат за разлика од тоа што ние правиме комплетни дебили од нашите деца што не знаат да истискаат бубуљица на 28 години.

Има и луѓе што имаат Шведски стандарт во Македонија со македонски цени. И тоа многу ги има такви. Барем не сум слеп да затворам очи. Таков народ сме да кукаме само.

Јас никаде не ја споредувам Македонија со Европа или богати држави, затоа што не сме за споредување.[DOUBLEPOST=1404160294][/DOUBLEPOST]
Се согласував со некои од работите што ги кажа во претходните постови, ама ова воопшто не ти беше на место.

Пиша дека имаш 4 деца. Супер. Ти кажа некој нешто? Не. Зошто ти си даваш за право да им кажуваш на другите како да живеат?

Можеби не сакам дете, и што сега? Криминалец сум? Недоволно патриот? Немам муда?

Секој си го тера животот како што сака и како што никој нема право да ти каже на тебе дека е глупост да имаш 4-5 деца, така ни ти немаш право да кажеш дека е глупост да немаш дете. Енд оф стори.
Не може секој да прави што сака во животот. Тоа е неодговорност. Мора да има ред и дисциплина во секое општество ако сакаме да одиме напред. Немањето деца и непреземање одговорност не е убава работа за сите. Без деца ќе немаш ни економски развој, ни театри, ни кино сали, ни училишта ни било што, затоа што никој сигурно нема да ти гради за старци или да ти отвора фабрики и работни места во населено место полно со старци.[DOUBLEPOST=1404160550][/DOUBLEPOST]
Не си запознал доволно деца. :)
И ние немаше да те запознаеме тебе тука на форумот мајка ти и татко ти да размислуваа така. Биди благодарен што ти подариле живот каков и да е, а ако мислите дека тоа е мала работа тогаш пробај да се самоубиеш да видам колку муда имаш, нели?

Дали децата се напаст, лоши, ти одземаат време, ти одземаат задоволство е знак прашање. Не велам дека е се сјајно, но не си цел живот млад и способен, не можеш цел живот да ти е интересно ноќен живот. Прва прилика кога ќе паднеш болен ќе видиш што значи семејство, подршка и се останато во животот, затоа што на никој друг на овој свет не му е гајле за тебе освен на твоето семејство.[DOUBLEPOST=1404160866][/DOUBLEPOST]
Да, и јас би го поставил истото прашање. Во ред тоа формирање семејство и се, ама немојте да се лажите дека не е битно како тоа дете/деца ќе живеат во иднина или битно е само да се склепаат, па после ќе му ја мислиме. Сам си ставаш јамка околу вратот со правење поголемо семејство а скромни услови за живот. Двете работи едноставно не одат заедно. Јас, со моите квалитети и образование, да живеев пример во Шведска, Норвешка...да видиш како би направил 4-5 деца, ама овде би се ограничил на 1-2. Тоа ти е Македонија.
Во Малме (Шведска) имаш еден куп Битолчани претежно, а помалку од други градови. Исто така запознав 2 семејства Македонци од Тетово. Никој од тие Македонци што ги запознав таму немаше повеќе од 2 деца, некои и по едно. Нема врска муабетот и не сакам да се претвори во тема кој колку деца имал или било што, туку не сакам да се шират лаги. Тој што сака деца и семејство ќе ги створи било каде.
 
Последно уредено:
@Астронаут без работа
Види, имаш право за дел од работите што ѓи кажа и се согласувам со тебе, но малку да те симнам на земја.
Ајде вака, Џорџ Карлин кажал нешто што оди одприлика вака: „Замислете колку е глуп просечниот човек, е сега дали сфаќате дека половина се уште по глупи од тоа“, не се мисли овде за коефициентот на интелигенција или пак нечија способност за комперхенција на работите, се мисли на менталитетот на луѓето. Е сега ми велиш дека секој треба да има многучлено семејство, и покрај тоа што ми го наметнуваш твоето лично мислење и гледање на работите, сега ќе ти посочам на дупките во твојата теорија(без навреда).

Хипотетичка ситуација, еве маж и жена имаат заеднички примања од 2000 евра во Македонија(одлична плата за Македонија) и имаат 4-5 деца. Тие работат по 10 часа дневно и немаат воопшто време да им посветат на децата, така? Така.

И да работат и за 8000 денари пак ќе немаат време, но ако имаат 1-2 деца колку толку им посветуваат некое внимание, ѓи воспитуваат. Бидејќи не е само важно да се создава население и население, важно е и какво е тоа население, бидејќи ако од нашите деца произлегуваат криминалци, наркомани, луѓе без никакви етички и морални вредности, тоа би било штетно за општеството, така?
А неможеш да ми кажеш дека исто е да воспитуваш 2 и 5 деца, тие деца бараат љубов, бараат внимание, внимание коже можеби нема да можеш да им го посветиш во ова капиталистичко општество.

И не секој што тргнал по лош пат е поради родителите, колку што имаат влијание родителите, толку има и општеството со кое се опкружени.

Да се навратам на цитатот горе, поентата ми беше ако вие ги учите вашите деца на погрешни вредности, тогаш тие немаат никакво полезно значење врз општеството без разлика во колкав број се.

Хипотетичка ситуација 2, маж и жена имаат заеднички примања од 18000 денари и имаат 5 деца?
Не само што неможат да им посветат никакво внимание туку тие деца најверојатно ќе растат во услови недостојни за едно човечко суштество.

Поуката на постов, квалитет пред квантитет.
А ние во Македонија го немаме ниту едното само поради тоа што сите сме учени(не значи од родителите) на погрешни вредности од типот секогаш да скршнуваме по пократкиот и полесен пат што во мнозинство од ситуациите е погрешниот, односно нелегалниот. А покрај сето тоа погледни како конзумеризамот ги уништува луѓето и тоа е многу малку изразено во нашата држава во споредба со земји како САД. Замислете некои земаат кредити за да им купат iPhone 5S или Samsung S5 на нивните деца занемарувајќи го фактот што ниедна сметка не им е платена и најверојатно ќе јадат леб и кисело млеко за појадок, ручек и вечера во наредните 3 месеци, е сега размислете што ќе се случува кога западњачката култура ќе стане дел од нашиов регион уште повеќе.
 
Не може секој да прави што сака во животот. Тоа е неодговорност. Мора да има ред и дисциплина во секое општество ако сакаме да одиме напред. Немањето деца и непреземање одговорност не е убава работа за сите. Без деца ќе немаш ни економски развој, ни театри, ни кино сали, ни училишта ни било што, затоа што никој сигурно нема да ти гради за старци или да ти отвора фабрики и работни места во населено место полно со старци................
И ние немаше да те запознаеме тебе тука на форумот мајка ти и татко ти да размислуваа така. Биди благодарен што ти подариле живот каков и да е, а ако мислите дека тоа е мала работа тогаш пробај да се самоубиеш да видам колку муда имаш, нели?

Бре, бре, и до самоубиства дојдовме. Овој пост е толку долен што и не заслужува одговор, ама еве...пошто немам работа во моментот.

Јас пријателе на тебе ништо не ти должам, ниту пак ќе стварам деца само за да отплатам некаков имагинарен долг кон тебе и општеството. Не знам од каде ја добиваш оваа сила од толку високо да зборуваш кон мене и останатите овде, ама баш со ништо не си ја заслужил таа позиција на авторитет. Капиш? Толку од мене.
 
Нормално дека на мене не си ми должен ништо, но утре моите деца не ти се должни тебе да работат како црнци за да ти ја одплатат твојата пензија само затоа што ти си го дрвел како млад и не си создал семејство. Едното со другото е поврзано. Нема сигурно моите деца утре да те ранат и лечат, а мајка ми да оди на работа на 67 години, затоа што не можеме да одржуваме пензиски ситем.[DOUBLEPOST=1404163565][/DOUBLEPOST]
@Астронаут без работа
Види, имаш право за дел од работите што ѓи кажа и се согласувам со тебе, но малку да те симнам на земја.
Ајде вака, Џорџ Карлин кажал нешто што оди одприлика вака: „Замислете колку е глуп просечниот човек, е сега дали сфаќате дека половина се уште по глупи од тоа“, не се мисли овде за коефициентот на интелигенција или пак нечија способност за комперхенција на работите, се мисли на менталитетот на луѓето. Е сега ми велиш дека секој треба да има многучлено семејство, и покрај тоа што ми го наметнуваш твоето лично мислење и гледање на работите, сега ќе ти посочам на дупките во твојата теорија(без навреда).

Хипотетичка ситуација, еве маж и жена имаат заеднички примања од 2000 евра во Македонија(одлична плата за Македонија) и имаат 4-5 деца. Тие работат по 10 часа дневно и немаат воопшто време да им посветат на децата, така? Така.

И да работат и за 8000 денари пак ќе немаат време, но ако имаат 1-2 деца колку толку им посветуваат некое внимание, ѓи воспитуваат. Бидејќи не е само важно да се создава население и население, важно е и какво е тоа население, бидејќи ако од нашите деца произлегуваат криминалци, наркомани, луѓе без никакви етички и морални вредности, тоа би било штетно за општеството, така?
А неможеш да ми кажеш дека исто е да воспитуваш 2 и 5 деца, тие деца бараат љубов, бараат внимание, внимание коже можеби нема да можеш да им го посветиш во ова капиталистичко општество.

И не секој што тргнал по лош пат е поради родителите, колку што имаат влијание родителите, толку има и општеството со кое се опкружени.

Да се навратам на цитатот горе, поентата ми беше ако вие ги учите вашите деца на погрешни вредности, тогаш тие немаат никакво полезно значење врз општеството без разлика во колкав број се.

Хипотетичка ситуација 2, маж и жена имаат заеднички примања од 18000 денари и имаат 5 деца?
Не само што неможат да им посветат никакво внимание туку тие деца најверојатно ќе растат во услови недостојни за едно човечко суштество.

Поуката на постов, квалитет пред квантитет.
А ние во Македонија го немаме ниту едното само поради тоа што сите сме учени(не значи од родителите) на погрешни вредности од типот секогаш да скршнуваме по пократкиот и полесен пат што во мнозинство од ситуациите е погрешниот, односно нелегалниот. А покрај сето тоа погледни како конзумеризамот ги уништува луѓето и тоа е многу малку изразено во нашата држава во споредба со земји како САД. Замислете некои земаат кредити за да им купат iPhone 5S или Samsung S5 на нивните деца занемарувајќи го фактот што ниедна сметка не им е платена и најверојатно ќе јадат леб и кисело млеко за појадок, ручек и вечера во наредните 3 месеци, е сега размислете што ќе се случува кога западњачката култура ќе стане дел од нашиов регион уште повеќе.
Мене не ми е поента кој колку деца имал, туку бројот на децата нема врска со воспитувањето и криминалот. Познавам девојчиња коишто се од многу богати семејства, а се прави курвичиња, а нивните братчиња кокаинчиња. Нема врска муабетот. Парата дава многу во животот, но некогаш и зема многу иако секако би одбрал да имам многу пари.
 
Ретко кој од децата на екстремно богатите се психички-здрави личности, не ме сфати не зборувам за како би било со многу деца во богато семејство, туку со многу во сиромашно(што е многу по честа ситуација во Македонија), во денешново општество нема услови за многу деца без разлика од материјалната состојба, еве Германија зошто има недостиг на работна сила ,а е развиена држава? Бидејќи родителите немаат време. Приказната околу тоа како било порано ја знам јас, но тогаш луѓето живееле или во рурални области(каде појави како дрога, криминал, проституција биле скоро непостоечки) или во Социјализам/Комунизам каде што моралните и етичките вредности биле други(а покрај тоа и целокупната организираност на општеството, државата и т.н.).

Првенствено родителот треба да е ментално здрава личност со нормални вредности за да оформи семејство(а подоцна да зборуваме за многучлено) и да има некои основни познавања од типот на воспитување на децата. Јас сум релативно млад и не планирам во блиска иднина да основам било какво семејство? Зошто? Не се плашам толку многу дека ќе нема да можам да им обезбедам леб, јас иако сум на почеток на факултет имам доста познавања што може месечно да ми донесат приходи повисоки од просечната плата(сум вадел просечна плата во средношколски денови како фриленсер), но немам време(тоа е и проблемот на денешницата, нели?), јас сум доволно себичен да си ја сакам слободата(барем уште некое време) од една страна ,а од друга сум доволно дарежлив да не основам семејство сега или во наредните 10(живи и здрави) години бидејќи тоа дете ќе биде воспитувано од еден тотален лаик во таа област без никакво вистинско животно искуство и јас моето дете не сакам да порасне да биде психички нестабилна личност само поради тоа што татко му не бил доволно зрел(што е и честа појава во нашето општество, некогаш и не зависна од годините)
 
Јас возев камион насекаде, а таму каде што возев камион вриеше од имигранти, затоа што тие жени од богати држави не раѓаат, туку ладат пизда на 35 години со некое куче кое го накитила како бебе. До тој снобизам одат. Нивните школи и улици се полни со имигранти од секаде, затоа што немаат доволно младина и работници.

Ако кај нас е економијата проблем кај нив што е проблем? Македонците се ограничија на 1-2 деца уште пред 40 години во Југославија, а бројот на неженети е голем уште пред 20 години. Живеете во тешки илузии дека се треба да ви е идеално во животот. Повеќе е до менталитетот отколку до економија , а разводите се резултат само на промискуетноста и опаѓање на моралноста кај младината.

Не знам зошто, ама мислам досадни сте веќе со тие изговори, затоа што реално поголемиот дел од вас немате муда да преземете одговорност во животот и да создадете семејство, затоа што сите задоволства и легачина ви се скратува.
Другар гледам парите си ги заработил дома????И да не те навредам знам дека е тежок шоферскиот живот ама ти живееш во илузија.Одиш рмбаш како скот како што каѓуваш ти без фамилијата и ги носиш парите дома за да ти живеат домашните.Епа оди плукниси на рацете дома во МК и не оди и не вози камион надвор ако нема живот.Јас живеам и моите ми се до мене и го уживам тој момент.Можам да ги пратам за Македонија и јас да штанцам пари.Ама за што--???
Мене ми е убаво да ми бидат моите до мене е не како и сите што кењаат дека некаде се е имигранти одат самите да заработат некоја пара надвор од Македонија.
Овој роко како ли го викаа деловите ги увезува 100% и ги препродава ги монтира.Валво оди шверца коли или не е битно што прави ама пак не заработува во МК пари.Ти си истиот.Па не ми е јасно зошто излегувате од МК ако толку ви смрди наоколу.???
 
Se ti kazaa ovde Астронаут без работа samo dali mozes da go vidis, koi se vistinskite vrednosti vo zivotot i semejstvoto sto za mnogumina se naucna fantastika vo MK..... smiri se malku so postovite dodeka ne si izrevoltiral nekoj, znaes kako vikaat "Trgni si prvin od sebe od svoite postapki i dejanija, pa posle diskutiraj, napagjaj i osuduvaj drugi" pozz
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom