Што е за тебе добра заработка? 1000, 2000, 3000е? Во Македонија има малку што уствари заработуваат, повеќето преживејуваат. Ти да почнеш беше да заработиш во странство, што не остана во Македонија да поработиш некаде за плата па да видиме за колку време ќе отвореше бизнис.
Незнам ти што читаш ама до сега јас не прочитав никој од надовр да се жали или да не е баш задоволен. Тоа што има менаџери и информатичари е баш за пофалба, луѓето си се снашле и заработуваат. Никој не те чека иначе ни во Македонија ни во странство ако имаш струка/знаење и си работлив ќе стигнеш кај што треба кога тогаш.
Интересна работа што и ти и валво исто верглате за тоа како имало разлика при плаќањето во странство зависно од каде си. Да, има, кога се во прашање работни места каде не се бара образован кадар него повеќе се сведува на физичка работа или не е морално да се има квалификација за да се работи тоа. На пример механичар еве ко тебе некој нормално дека неможе да зима исто ко некој германец што има завршено техничко школо, правено пракса во мерцедес и работел чирак потоа 2-3 години. Плус тој знае германски, знае како да направи муабет со муштерија, знае да одговори на телефон, да склопи фактура, да набави што треба а ти само што си дошол од балканот и понешто разбираш што си видел во „салонот“ каде си работел и знаеш да чукаш углавно. Исто е и во Австалија имам другар што има бизнис - малтерџија. Типот има 80 вработени од кој 20тина се топ, тукашни деца дел македонци втора генерација, дел други националности со тука завршен занает а другите му се градежни работници од балканот кој постари дојдени на времето кој сега дојдени на туристички визи па сакаат да поработат на црно, кој на студентски визи итн... Поентата е неможе и не ги плаќа исто затоа што дел буквално се неспособни да дојдат на работа сами (нема превоз бе, од дома ги зима или треба да им организира да ги земат) или незнаат англиски па неможе да ги остави сам, случајно да не дојде газдата на објектот па да неможат да се разберат. Најтрагично е што буквално секој од Македонија кога ќе го праша што знаеш да работиш му вика се ко да е роден малтерџија

а не знае права линија да повлече. Во такви струки норамално е да има разлика. Друга работа е што многу од занаетчиите/бизнисите не наплаќаат на секого исто. Кај што има повеќе пари и цените се повисоки. Да дојдеш до тој дел на пазарот фаќа време ретко кој стига за една или две генерации па затоа и така ти си чини дека е неправедно, уствари нормална работа си е.
Сепак кога станува збор за white collar работни места во поголеми организации или фабрики платите си се стандардизирани според работното место, способноста на кандидатот и нормално искуството и образованието што го има. Сум работел за една од најголемите банки на светот на 3 континенти и никогаш нит сум се чуствувал инфериорен нит сум бил дискриминиран во било кој поглед така да полека ни од далеку не така ко што викаш.