ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Steta ne pocna porano mecov ne mozam da go dogledam ali top igra Coric i bi trebalo da dobie, da ne go urocam.

Plus ovoj Cicipas kakvo ligle e, greota ke e Borna od nego da izgubi.
 
13 км на саат побрзо сервирал од УС 2020 кога играа
 
Каде го имало ова во последни 15 години тенисери од ранг на Борна и Карено Буста да добиваат врзани мастерси како Монтреал и Синсинати. Тенисот без Рафа,Новак и Роџер ќе биде ранг на турнири од категорија 250.Кај новите генерации нема никој да се издвојува со константност.Секој секого може да тепа дојде време Еванс да игра полуфиналиња на мастерси..тоа се кажува.Сега топ 10 играч лагано губи од 150 на атп.Порано ќе ми текне Новак Рафа Роџер Мареј до 2017 Вавринка Дело Содерлинг Бердих Тсонга.....
 
Па ова во Синсинати беше тенисот со Рафа, не без. И тоа во животна форма :D

Иначе Борна и Буста не се некои рандом анонимуси што освоиле голема титула како што се дешава во женскиот дел од тенисот. Можеби никој не очекуваше дека баш сега ќе освојат мастерси, но дефинитивно имаат квалитет за такво нешто.

Карено лани го победи Новак за бронза на Олимпијадата и има две или три полуфиналиња на слемови.
На Борна ова му е второ мастерс финале, првото го изгуби од Новак. Ако не се лажам го победи Федерер во финале на некоја 250ка само не ми текнува каде. Далеку од наивни играчи.

Конзистентност од рангот на големата четворка тешко дека ќе видиме пак али не верувам дека АТП ќе падне на нивото на ВТА.
 
Свесен си колку глупости изнакажа во еден пост? Членот погоре е потполно во право, послаба конкуренција и топ 15 тенисери немало од 2005 навака, а можеби и пред тоа.
Рафа во животна форма? Се надевам си ироничен за ова, не е ни на 50% овај негов левел, единствено можеби бекхендот го мава подобро и на моменти сервис, во се друго заостанува далеку ама тоа што игра многу агресивно ти дава таква слика...

Еве да ги анализираме топ 10 тенисерите, Медведев постои само на тврда и тоа периодично, годинава после АО е очаен, за Зверев залудно е да се дискутира докажано најслаб психички тенисер кој никогаш нема да освои слем. Алкараз беше константен неколку турнири и делуваше сериозно ама еве повторно губи од кој што ке стигне, чоука мечеви и е тотална енигма засега. Циципас постоеше само на земја, а годинава и таму беше резил, потребно е да трошам зборови за Руд,Аугер,Нори и Хуркач како останатиот дел од топ 10? Никакви тенисери кои во доба 2010-2015 не би биле ни во топ 30, тешки просеци со квалитет за АТП 250ки.

Тешка катаклизма доживува тенисот и повеќето гледаат само заради ривалството Ноле-Надал и да се види кој ќе заврши со повеќе слемови/мастерси.
 
Кои глупости жити се?

За Рафа намерно пецкам пошто одма некој ќе се фати ко слеп за стап, ко ти на пример сега. Али и да се шалам малце пак е факт дека зема два слема и догура до полуфинале на Вимблдон пред да се испичка. Плус статистички имаше најдобар старт на сезона во кариерата. Сакаш да ми кажеш дека Рафа не е во форма бидејќи не е на нивото што бил пред 10 години?
Ок тогаш и Џокович лани не беше во форма бидејќи не e ни пола од играчот што беше во 2015 и 2011 :tapp:

Не знам зошто ми збориш за конзистентност и нивото на Топ 10 играчи кога јасно кажувам дека се далеку од големата четворка и нивното постојано присуство во завршната фаза на големите турнири. Али АТП се уште не е на ниво на ВТА каде што анонимус како Радукану што не може две победи да сврзе цела година освојува слем. Или еве посвеж пример Рибакина на Вимблдон. Не ми ни беше поентата за ова да дискутирам али ај.

Му реплицирав бидејќи имаше пишано дека Топ 10 губат лагано од 150ти на АТП. Во реалноста Борна е далеку од No.150 и има покажано во минатото дека кога е здрав може да се носи со најдобрите и да игра во финалиња на мастерси и 500ки. Исто како што Буста не е рандом играч што догурал до финале.
Пак ќе кажам, изненадување е што сега земаа илјадарки, но апсолутно се играчи со квалитет за барем една мастерс титула во кариерата.
 
Чим и официјално број 1 фаворитот за освојување на УС Опен нема да игра, тогаш е време да се отвори дискусија за Топ 3 фаворити на турнирот.

Ноле аут, Зверев аут, Ти(е)м очаен, Надал поужасно никогаш не играл според експертите на темава така да морам да им верувам (+ е повреден 100%), најцивилизираниот Австралиец Ник Киријос издиша последниве месец дена и ќе е чудо ако издржи физички две недели на бетон, Алкараз не е истиот од почетокот на сезоната, Синер, Хуркач, ФАА и Фритц се meh.

По процес на елиминација Топ 3 фаворити на овогодишниот УС Опен се
1. Медведев
2. Беретини
3. Циципас

Фаворити од сенка Чилич и Чорич.
 
Ја нз како Медо издиша со Циципас, со Фриц играше ко луд.. ама јест не е толку битен Синси ко Ус Опен. Одличен беше и Циципас кој КОНЕЧНО почна да напаѓа и искача на мрежа, има висина, има сосема добар сервис и го користеше тоа.. ама Борна го надигра ептен и предобра недела беше за Хрватот. Надал играше лошо да, ама прв меч по 2 месеци, друго е бе слем не знам како да ви кажам..
Медо
Циципас
Надал
од сенка Чорич, Фриц, Киријос, Синер, Алкараз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom