- Член од
- 11 јули 2014
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 4.461
Со години Рафа игра најлошо на Мадрид. Полузатворен е теренот, потполно различни услови од Монте Карло, Барселона, РГ...Не ми е јасно што е причината за толкавиот пад во неговата игра....
Плус фактот што не е веќе 23 годишен, да ја изигра цела сезона на земја на врвно ниво. Си има скоро секоја година некој ваков пораз, и лани изгуби од Тим, и 2016та исто од Тим, ама пак си темпира форма за Роланд и делење компири.



На спорите подлоги е лош, денес поен не зема на ритерн, а и вчера со Хасе не можеше ритерн да убаци, на брзите подлоги и јас мислам дека ќе биде ок играч во иднина. На мрежа е криминално лош, значи О Ч А Е Н, можеби најлош од младиве тенисери. Има сеуште време за него, едино ми се допаѓа што има одлична физичка конституција и добро е спремен ко за негови години.
Ама велам рано е за него затоа што е многу млад, памтиш и лани Руд изигра страва турнир у Рио, 1/2 финале, и после го снема од мапата на живите, еве го сега не може меч на Челенџер да добие. Не дека имам нешто против Шапо, ама има уште ниви за орање. Иначе брат, ако го споредуваме со Родик ондак нека не игра тенис Шаповалов, зашо поограничено створење од Родик тешко дека ќе се роди, уствари у Америка секој тенисер е таков сем Агаси.