ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Добар е Ноле, огромна разлика од ИВ и Мајами до ова во Монте Карло. Физички е уште далеку од посакуваното али ударите се тука, вратена е и старата сервис техника, Вајда такоџе (иако не знам до кога), би требало да биде ок во остатокот од сезоната ако е физички здрав.
Втор фаворит е за РГ (исти коеф. со Тим). Да е паметен да го игра уште Мадрид, и Рим да го прескокне да се опорави физички, ќе тера минимум полуфинале на РГ (освен ако не се падне со Рафа претходно).
За УС прв.
 
Последно уредено:
Со Вајда продолжува до крај на сезона на земја, има напредок во однос на претходните турнири, сепак му фали мечеви. Следна недела ќе игра или во Барселона или во Будимпешта.
 
Втор фаворит е за РГ (исти коеф. со Тим). Да е паметен да го игра уште Мадрид, и Рим да го прескокне да се опорави физички, ќе тера минимум полуфинале на РГ (освен ако не се падне со Рафа претходно).
За УС прв.
:pos:
 
После вчерашниот меч против Димитров
:cuc::cuc::cuc::cuc:

Каков спортист, каков работник, каков човек :cuc:

Во меѓувреме честито 11-та титула во Монте Карло, поставувањето нови стандарди продолжува, ретко достижни се овие бројки во блиска иднина.
 
После вчерашниот меч против Димитров
:cuc::cuc::cuc::cuc:

Каков спортист, каков работник, каков човек :cuc:

Во меѓувреме честито 11-та титула во Монте Карло, поставувањето нови стандарди продолжува, ретко достижни се овие бројки во блиска иднина.
Страшно играше цела недела. Дури финлево најслаб меч му беше.. Да не го урочам ама со моменталнава конкуренција, Ундецимата на РГ треба да биде само формалност.
 
Страшно играше цела недела. Дури финлево најслаб меч му беше.. Да не го урочам ама со моменталнава конкуренција, Ундецимата на РГ треба да биде само формалност.
Не е уште на 100%, уште во Дејвис купот се виде тоа, ама и оваа форма е сосема доволна за да се земат МК и Барса. На РГ го очекувам на 100% како и лани.
 
Посакај му да умре, минус гемови го имав со Баена. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr: Шала на страна пренеси импресии од мечот, како е да се гледа во живо Рафа?
Уфф, не се опишува со зборови. Доцнев ко бајаги на комплексот па ги испуштив мечевите на Димитров и Тим, а Новак го гледав од средината на вториот сет.
По искуството од Софија, ова мора да признам дека беше многу подобро, првенствено поради долгите размени на земја.
Од Новак не бев задоволен, премногу млитаво одигра иако делуваше доста моќно така во живо па си помислив дека се враќа во форма, но она што следуваше, мечот на Рафа беше сосема друга димензија, страшни спинови и неверојатна агресивност, а богами и Карбаљес Баења делуваше дрско.
Останува да се вратам дома во недела па да видам сето тоа како изгледало на тв. Посебно импресиониран бев од последниот гејм на Рафа.
По завршетокот на овој меч погледнав и по некој гејм од мечевите Шварцман-Циципас и Карено-Пер, но освен лупање на рекетот од земја, Пер апсолутно ништо друго не покажа и публиката цело време го свиркаше.
За повеќе детали, слики и видеа штом се вратам дома на 30ти. :)
 
Тенисерот кој требаше да биде најголема конкуренција на Надал на земја, а воедно е и втор фаворит за освојување на Ролан Гарос годинава, обложувалниците за утрешниот меч не му даваат ни 10% шанси за победа.

upload_2018-5-11_1-10-38.png
 
Надал помизерен и од 2015, а Тим без малку перфектен. Сево ова резултираше со лабави 5-7 3-6 за Тим.
Федерер се враќа на првата позиција, на ист начин како што последно Рафа ја презеде, со гледање од фотеља. :)
Ако Рафа го освои Рим, повторно се враќа на првата позиција и секако дека ќе треба да го одбрани Ролан Гарос за да истата ја задржи и после него. :)

Се покажа дека кладилниците незнаат што прават некогаш.
Овој Надал немаше врска со тој од претходните мечеви, ниту пак Тим кој едвај излезе на крај со Дел Бонис, Чорич, па и бруките кои ги направи во Барселона и Монте Карло.
 
Не ми е јасно што е причината за толкавиот пад во неговата игра....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom