ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да си апла лаик во спорт и да очекуваш дека Надал ќе ја задржи истата форма. Се фокусира на Лондон, мислам.
 
Во Лондон ќе тргне со сите сили, не е спорно тоа, него ја мислам дека ќе запне и за еден од Шангај и Париз, ако не и двата... Историска шанса му е ова да биде првиот тенисер кој освоил 6 Мастерса во една сезона.
 
Малце оф топик шо играч е Ебден ?
 
Oд понеделник Ферер е трет, Мареј четврт, а ако продолжи Дел По на последните 2 турнири може и како број 3 да ја заврши годината. Базел мислам го брани само.
 
Интересно, Новак во последните 3 години, има 54-1 на турнирите низ Азија / Австралија, едини пораз му е во полуфиналето во Дубаи 2012 година.
 
Федерер го отпушти Анакон по завршувањето на Мастерсот во Шангај. Останува да видиме како ќе игра Роџер во следниот период и дали ќе ангажира нов тренер или ќе тера сам како што правеше пред некоја година.
 
186435553525b9709ae106290325708_size3.jpg
 
Номинирани се кандидатите за наградите во неколку категории. Кои се вашите фаворити?

Stefan Edberg Sportsmanship Award

Juan Martin del Potro
Roger Federer
David Ferrer
Rafael Nadal

Most Improved Player of the Year

Pablo Carreno Busta (715-66)
Ivan Dodig (73-29)
Fabio Fognini (45-17)
Stanislas Wawrinka (17-9)

Comeback Player of the Year

Somdev Devvarman (656-90)
Rafael Nadal (4-1)
Tommy Robredo (115-19)
Dmitry Tursunov (125-39)

Во првата категорија награда би ја доделил на Давид Ферер, во втората на Додиг, а во третата на Рафа.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 19:30 ---
Гледам никој не пишал, Јоаким Јохансон се врати на тениските терени по двегодишна пауза. Игра на турнирот во Стокхолм, веќе помина три кола во квалификациите, сите три меча ги доби со по 2-0, а во моментов игра со Алехандро Фаља и води со 6-1 1-0. Одлично е ова за тенисот, стар добар играч е Јохансон, 31 година има, баш стара школа е, силен сервер, рамни удари.
 
Секој кој ќе каже нешто друго освем Делпо (фер плеј) е нереален.
 
Секој кој ќе каже нешто друго освем Делпо (фер плеј) е нереален.

Јас меѓу него и Ферер се двоумев, па во последен момент реков Ферер, инаку и Делпо да ја добие ќе биде апсолутно заслужена. И двајцата се многу фер и коректни момци.
 
Јас меѓу него и Ферер се двоумев, па во последен момент реков Ферер, инаку и Делпо да ја добие ќе биде апсолутно заслужена. И двајцата се многу фер и коректни момци.

Јас би гласал за Степанек, ама не е во конкуренција...

:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom