ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислите на Монфилс ке му се игра на овој турнир ке оди по поени или? Оти игра со Матосевич не е баш некој лузер тој
 
Tипса на Кремљ купот во Москва загуби од домашниот тенисер, а моментално 808 на АТП листата, русинот Карен Качанов, со оваа победа 17 годишниот русин е прв тенисер после Кеи Нишикори во 2007 што се пласира во едно 1/4 финале на АТП турот со само 17 години.
 
^ За тоа муле никогаш нема да ми биде жал
Инаку за утре доста добри тениси има..
 
Качанов е страшен потенцијал, само да не го усмерат во погрешен правец луѓето што работат со него. Скоро 2 метра е висок, одличен сервис, одличен бекхенд, форхендот е добар али има доста простор за прогрес, а највеќе ме фасцинира неговата одбрана, знае и со слајс да се одбрани и со паралела и со дијагонала, и тоа доста квалитетно. Секоја чест за победава денес, само нека продолжи вака.
 
Утре Качанов игра против Карловиќ, ете одлична можност да го одигра своето прво 1/2 финале во кариерата на еден АТП турнир, и тоа со своите 17 години.
 
Ништо од тоа дека Надал ќе го гледаме во Базел. До крај на година ќе игра во Париз и Лондон.
 
Се откажа да му пушти на Роџер да освои,за да се пласира на завршниот мастерс. :icon_lol:
 
Сега читав за Надал, 150те поени од Виња дел Мар не му се урачунати затоа што имал казна од лани поради ненастапување на турнирите од категоријата 500, и казната му трае до 28 овој месец така да од 28 ќе му се урачунаат и овие 150 бода, па затоа и не го игра Базел, ова ќе му биде доволно за да остане на број 1 позицијата на крајот на сезоната, под претпоставка дека добро ќе ги одигра Париз и Лондон, а особено првиот кој е доста битен во борбата за првата позиција затоа што и он и Ноле не бранат практично ништо, бидејќи лани Рафа не играше а Ноле испадна одма на стартот од Квери.
 
Добра одлука да не речам одлична, потребен е одмор и дополнително спремање, нема кај да бега Лондон оваа година.:D
 
Aкo oсвои Србија Дејвис Куп со две победи на Ѓоковиќ, ќе добие 150 поени плус 125 како бонус за освоената титула. Тоа се 275 поени.
http://www.b92.net/sport/tenis/vesti.php?yyyy=2013&mm=10&dd=18&nav_id=767068

Од Париз многу работи ќе зависат. Ако испадне Надал 1/2 финале да речеме, а Ѓоковиќ освои, се е можно за позицијата број 1. А дека Надал ќе добие за најдобар тенисер годинава тоа е јасно уште по УС ОПЕН.

Ајде Дел По, Бердих... Дарцис да се заврши сезоната со стил. :D
 
Браво Гриша секоjа чест !!! Голем си момче. Ова надевам се е почетокот на големите врхове и успеси во кариерата.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom