ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Абе дечки залудно е да се зборува за ова кога била конкуренцијата поголема, кога помала. Таква му била среќата на едниот, поинаква на другиот. Што да рече првиот освојувач на Вимблдон што го освоил турнирот и добил дури 12 фунти, а сега среќнициве освојувачи не знаат да ја прочитаат сумата на пари која ја добиваат. :D
 
Момците по име Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Давид Ферер. Кога Федерер доминираше, немаше ваква конкуренција. Јас сум рекол и пак ќе кажам, не му ги оспорувам успесите и рекордите на Федерер, само што моментално конкуренцијата е малце поголема за разлика од времето кога он доминираше. И не е точно дека падот на Федерер почнал од 2008 година, он тогаш беше во најзрелите тениски години, баш тогаш почнаа да го стигаат Надал и Новак, односно прво Надал а малку подоцна и Новак. Он по таа 2008 година освојуваше Грен Слем титули, се враќаше на првата позиција, така да муабетите дека по 2008 следела пад на формата се излишни.

Jок, тогаш почнува падот на Фед, што е и нормално, јас не зборам за порази од Надал или било кој од топ тенисерите, јас зборам за порази кои се неочекувани од послабо рангирани тенисери, кои не се ни приближно на ниво на Фед.

И да падот почнува точно тогаш, ти тоа неможеш да го приметиш затоа што не си навивач на Фед, јас тоа многу добро го приметувам. Порано конкуренцијата беше посилна, сега имам јак топ 4 и ништо повеќе тогаш имаше јак топ 10, играчи од типот на Сафин, Налби, па дури и Родик кој да не беше Фед ќе имаше неколку грен слем титули, подценет играч дефинитивно.....само хејтерите или необјективен тенис фан може да каже дека оваа ера е најсилна и слично, кога Ноле во својата најсилна форма губи на рандом турнири од 35 годишен играч кој беше конкурент на Фед јасно е све...да не ги спомувам рекетите и брзината на подлогите од тоа време, како и топчињата.

Стај ги Ноле или Надал на тревата од Вимболдон во 2002, или АО кога беше рибаунд ејс (подлога) и ќе гледаш како искачаат во први 2/3 кола или најмногу 4 финале....дури и кога би биле во своите најдобри години, да сериозен сум и тоа би излагале како шала од Сафин/Налби и Родик....

За крај тоа што Фед освојувал слемови и после 2008 не значи дека он не паднал во форма, смешно е да се каже тоа, реков дека он беше пак доволно добар но далеку далеку од своите најдобри години, 27-30 години почеток на крај на тениските кариери генерално. Да има исклучоци како Хас, но тоа е затоа што има играно доста помалце заради повреди.
 
Jок, тогаш почнува падот на Фед, што е и нормално, јас не зборам за порази од Надал или било кој од топ тенисерите, јас зборам за порази кои се неочекувани од послабо рангирани тенисери, кои не се ни приближно на ниво на Фед.

И да падот почнува точно тогаш, ти тоа неможеш да го приметиш затоа што не си навивач на Фед, јас тоа многу добро го приметувам. Порано конкуренцијата беше посилна, сега имам јак топ 4 и ништо повеќе тогаш имаше јак топ 10, играчи од типот на Сафин, Налби, па дури и Родик кој да не беше Фед ќе имаше неколку грен слем титули, подценет играч дефинитивно.....само хејтерите или необјективен тенис фан може да каже дека оваа ера е најсилна и слично, кога Ноле во својата најсилна форма губи на рандом турнири од 35 годишен играч кој беше конкурент на Фед јасно е све...да не ги спомувам рекетите и брзината на подлогите од тоа време, како и топчињата.

Стај ги Ноле или Надал на тревата од Вимболдон во 2002, или АО кога беше рибаунд ејс (подлога) и ќе гледаш како искачаат во први 2/3 кола или најмногу 4 финале....дури и кога би биле во своите најдобри години, да сериозен сум и тоа би излагале како шала од Сафин/Налби и Родик....

За крај тоа што Фед освојувал слемови и после 2008 не значи дека он не паднал во форма, смешно е да се каже тоа, реков дека он беше пак доволно добар но далеку далеку од своите најдобри години, 27-30 години почеток на крај на тениските кариери генерално. Да има исклучоци како Хас, но тоа е затоа што има играно доста помалце заради повреди.

Е ај бе Псај како тоа почнува падот од 2008, кои се индициите за тоа? Значи ниту повреда имаше ниту беше стар, едноставно почнаа и некои други да играат на повисоко ниво. Немој да ми кажеш дека со 27 години бил стар затоа што нема да ти држи вода тоа, баш напротив, тоа се најзрелите години за еден тенисер и спортист воопшто, особено кога е Федерер во прашање, играч кој не е склон на повреди и кој не се троши премногу во мечевите како што се троши Надал да речеме.

Според мене сега конкурецијата е далеку поголема за разлика од пред 10тина години, али не сакам да навлегувам во понатамошна дискусија, едноставно тоа си е мое мислење. А за подлогите е бесмислено да правиме муабет, како за него така и за сите други, башка ај сеа јас да кажам што би било кога 70% од турнирите би билe на земја...
 
Не е како за него така и за другите, извини. Дали би било исто, ако Ферари пуштиш да се трка низ рели патеки, наспроти рели автомобил? кој ќе ја има предноста, како се тоа исти услови?

Во денешно време, со хомогенизацијата на подлогите, потешките топки, и далку по спорите подлоги, за да земеш поен требаат многу поголеми напори и поголема употреба на кондиција/физичка сила него порано, според тебе, кого фаворизира спора подлога, играч со физички предиспозиции како Ноле на 25 години, наспроти играч како Федерер на 31 година? онака чиста логика? физички поспремен > техника и вештина, одамна е јасно тоа на денешната турнеја.

П.С. Далеку подогла е сезоната на земја, него онаа на трева ако веќе спомнуваш, и за крај сега имаш тврди подлоги кои се однесуваат скоро како земја, голем одскок, мало забрзување на топчето, после допир со земјата, и одлични услови за спинување...само сети се како се игра во Индијан Велс.
 
Пример дадов само со земјата, колку да ти доловам. Инаку во право си за стилот на играта, многу работи се сменети во последно време.

Али јас не ти зборам за 31 годишниот Федерер наспроти 25 годишниот Ноле, него кога Федерер имаше 27 години, 2008 негде одприлика. Нема тука никаков пад, стварно не знам за што збориш. Јас пад кај Федерер видов оваа сезона, ланската беше доста изедначена, сите 4ца освоија по еден Слем, Федерер мислам највеќе Мастерси, а Ноле завршниот Мастерс.

И пази, пак ќе ги спомнам тогашните конкуренти на Федерер, кажи ми, доколку ги тргнеме на страна подлогите, Налбандиан, Сафин и Родик дали можеш да ги ставиш во ист кош со Надал и Ноле? Ни под разно. Факт е дека моментално оваа ера е појака од таа пред десетина години, али пак ќе кажам, тоа ни малку не ги намалува успесите и рекордите на Федерер, се имам веќе изјаснето на таа тема. Човекот направил што направил, апсолутно го заслужил секој трофеј и тоа е тоа.
 
Можам да ставам секого во ист кош, јас не споредувам само титули, и константност, јас споредувам можности на одредени играчи во сосема поинакви услови на игра, каде одбрамбената игра, или калкулациите се скоро секогаш судени на пропаст, на сметка на напаѓачката игра.

Па само види го финалето на АО 2012, дали тоа беше хумано? неможат поен да си земат, срамота е тоа, како за играчите од физички аспект, така и за АТП кои ќе направат све да профитираат со додатно продолжување на мечевите за создавање на фама, доколку подлогите "играа" малце побрзо, Фед ќе завршеше со најмалце неколку слема повеќе, кој има дилеми нека ги прегледа резултатите на Фед во сала, и Синсинати, турнир/подлога која е достојна на оние старите.

Да пак ќе ти потврдам, Федерер падна најмалце 30% од 2008 па натака, забораваш дека во 2009 изгуби од Делпотро? да беше овој дуел 2 години пред тоа, Делпо ќе беше збришан од теренот со 3-0. Тоа се почетоците на поразите на Фед од играчи кои не му се достојни, да Делпо е одличен играч, но да изгубиш од дебитант, на грен слем финале после водство од 1-0 во сетови, а си човек кој во тој момент имаше 15 слема ако не се лажам....е само твоја вина и ништо друго.

Јас не сум човек кој верува во изјави од типот, беше надигран и слично, затоа што јас скоро секогаш ги споредувам максималните можности на одреден играч, наспорти максималните можности на противникот, само тоа е меродавно за мене.

Повелете, видете кој беше Сафин..

 
Да али забораваш дека може да не му е денот, да игра слабо, а од друга страна противникот да игра појако и да гаѓа све. За мене невозможно е Федерер и после 2007 да освојувал по три Слема у сезона, не е робот човекот, без разлика што е најдобриот во историјата. Тие порази од Делпо и слично се микс од успорувањето на подлогите и напредокот на останатите играчи, особено во физичкиот аспект.

Јас тврдам дека да беше малку појака конкуренцијата на Федерер во периодот од 2003-2007 Федерер ќе имаше некој слем помалку, тврдам дека да не беше Надал Федерер ќе имаше 5-6 слема повеќе, особено на РГ, тврдам дека ако не беше Новак Надал сега ќе имаше сигурно 15 слема, ако не и повеќе... Али се е тоа АКО, животот иде даље, Федерер има 17, Надал 12 и тоа е тоа.

П.с. Веќе коа споредуваш ужас од подлогите спореди го овогодинешното финале на Вимби, тоа беше се освен игра достојна за најбрзата подлога на светот. :D
 
Да оваа година Вимболдон т.е. подлогата беше неочекувано лоша, многу играчи се лизгаа и имаа проблеми, тоа до сега се нема случено на Вимболдон....

Лош ден е можна варијанта, не викам не, но како што реков, разгледај ги резултатите и поразите на Фед во 2007 и оние во 2008/2009, погледни од колку послаби играчи има порази во овие години за разлика од 2007 да речеме.

Па Фед само во 2007 има 3 слема, додека од 2008 до сега само 5, ако ова не е доказ незнам што е, како пример.

Иначе единствените 2 слаби играчи од "слабата ера" се Филипузис, и Багдатис, други слаби играчи нема....Сафин, Хјуит, Родик, се далеку од слаби играчи, поготово не на тие подлоги.
 
Ја од тие тројца само Сафин го признавам ама он имаше проблеми со главата, удрен беше директно во централниот мозок, и тоа со мокра чорапа. Хјуит добар играч, но ништо спектакуларно, да речеме нешто ко што е Ферер сега, само што двајцата сакаат различни подлоги и со тоа што Хјуит е Грен Слем шампион, а Ферер само финалист. Родик, одличен играч али и он вечити лузер, башка играч што знаеше да игра само на побрзите подлоги, на овие земјените и спорите бетони беше ужас. Значи, да се разбереме, јас не велам дека Сафин, Родик и Хјуит се слаби играчи али не се на нивото на Надал и Ноле, па дури и Мареј. Нормално Федерер беше далеку над нив, нема тука збор. Иначе Филипузис и Багдатис се играчи со еднократен блесок, нешто како Цонга на пример, нив не ни ги рачунам како некоја конкуренција.
 
Стефан гледај репризи на стари мечеви, ептен се интересни, поготово Сафин, кој беше неверојатен талент.....истото важи и за Налбадијан. Хјуит беше многу добар играч, но заради неверојатната форма на Фед и делумно Сафин неможеше да направи посериозна кариера, исто како што успесите на Фед заради Надал на земјена подлога се лимитирани ако се споредат со оние на другите подлоги.

За крај едно квиз прашање до сите слаба ера фанатици (не е за тебе прашањево)

Наведете ми еден спорт, во кој се шират фекалии за слаби ери и се пробува да се деградира успехот на одреден играч, шампион, тим, или репрезентација која се обвинува заради евентуален бенефит од слаба ера т.е. недостојна конкуренција.

Се ова е еден начин да се стават во сенка успесите на Федерер и ништо друго, еве да речеме и дека имал 2 послаби конкуренти во 2 финалиња и ги освоил истите, пак доаѓаме до 15 слема, бројка која е неверојатна....згора на тоа Фед е легенда заради техниката, начинот на кој игра, убавината, стилот....икона во тенисот, не е само успехот во прашање.

Она што беше Џордан во кошарката, е Федерер во тенисот, права легенда.
 
Абе Русевски и Деари да му биле конкуренција не смее да му се оспорат успесите. Без разлика дали била јака или слаба ера сепак треба да си нешто посебно за да освоиш 17 Слема, да поставиш толку рекорди и да држиш толкав континуитет толку време.

Инаку сум гледал некои мечеви, а и доста хајлајтси, Сафин го памтам, затоа и ти реков, он беше неверојатен талент али многу беше нездрав, а и Федерер беше во топ форма тогаш така да немаше многу шанси. Никогаш нема да му ги зборавам бесмислените кршења на рекетите, или карањето сам со себе, страшна појава беше Сафин. :D

И во право си за последната реченица, апсолутно е така, Федерер е тенискиот Моцарт, нешто ко Џордан во кошарката.

Забораив да спомнам, повторно го гледав финалево на Вимби пред некој ден, уште не ми се верува како е можно Ноле толку криминално да играше на мрежа... Сам себе се уби, со оглед на тоа што Мареј не беше ама баш ништо специјално. Јас уште стојам на ставот дека Мареј лани играше далеку подобар тенис на трева отколку годинава.

Едит: Подлогава на АО до 2005 година, 159435435 пати е побрза од сегашнава. :D
 
E да ама лани Мареј го имаше Федерер во една неверојатна форма наспроти себе, според мене ако Ноле својата најдобра форма на трева би ја играл во одреден меч и истата би била оценета со некоја 7-ца да речеме, она што го играше вс Мареј беше една бледа 5-ка. Нека проба Мареј вс Федерер да пребацува само како во голем дел од играта на мечот вс Ноле, ќе гледаме рекорди во форхенд винери :pos:

Иначе дури и да игра со своја максимална 7 - ца од можни 10 (така го оценувам Ноле на трева) Ноле нема шанси да земе меч доколку наспорти себе го има Федерер на трева кога е во добра форма, како 2011-2012...едноставно она што за Ноле е тврдата подлога, е тревата за Фед, мада Фед е според мене скоро исто добар како Ноле на спора и средно брза тврда подлога, а подобар на брза (зборам генерално) не за моментална форма, моментално Фед нема што да бара вс Ноле...можеби би земал некој дуел но 90% шансите се на страна на Ноле.
 
Па тоа е тоа што јас пробував да им го доловам на фановите на Ноле пред почетокот на Вимби, дека ова е апсолутно најслабата подлога за Ноле, и дека Федерер и Мареј се подобри играчи од него и Надал на оваа подлога, само тогаш очи ќе ми извадеа некои од нив. :D
Федерер се знае зошто, едноставно е ол раунд играч кој максимално ја користи предноста што ја дава тревата, а Мареј затоа што совршено знае да ги искористи своите дефанзивни способности, умртвувајќи ја играта со слајсови и од време на време со плескање на некој винер. Како што кажа и самиот, Мареј нема никаква шанса на трева против Федерер во најдобра форма, едноставно ќе прштат форхенд винери и винери на мрежа.

Мене многу ме занима што ќе се случи на Мастерсиве во Америка и на УС Опен, а особено на Синси. Тука под дифолт би требало Федерер да е прв фаворит, али ради повредата на грбот и слабата форма сезонава предност би му дал на Ноле. Највеќе ме занимаат поради Надал, би требало крајов на сезонава да даде горе доле реален приказ за тоа што може и колку може да направи во преостанатиот дел од кариерата. Дали ќе си остане доминантен на земјата или стварно има надеж за нас, неговите фанови дека може да освојува титули и на брзите подлоги.
 
Федерер веќе не е фаворит на скоро ни една подлога, жал ми е да го зборам тоа, но со моменталната форма тоа само се наметнува, дури и сервисот му е сменет заради повредите на кичмата, скроз друга е положбата на телото сега кога се крева за сервис...ја нема таа леснотија/ефикасност/прецизност. Некои ме критикуваат дека не сум имал верба во Фед и не сум бил прав навивач критиките се дел од она што се вика навивање, за мене да бидам реален е посилна потреба - чуство, него да се базирам на лажни надежи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom