ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Федерер веќе не е фаворит на скоро ни една подлога, жал ми е да го зборам тоа, но со моменталната форма тоа само се наметнува, дури и сервисот му е сменет заради повредите на кичмата, скроз друга е положбата на телото сега кога се крева за сервис...ја нема таа леснотија/ефикасност/прецизност. Некои ме критикуваат дека не сум имал верба во Фед и не сум бил прав навивач критиките се дел од она што се вика навивање, за мене да бидам реален е посилна потреба - чуство, него да се базирам на лажни надежи.
На секој му доаѓа крајот индивидуално гледано. Не викам дека ова е крајот за Федерер, ама мора да се сложам дека Роџер многу тешко може да се истакне како фаворит за освојување на некој турнир. Мислам на главен фаворит, иначе сепак името е толку големо што Федерер под дифолт стои во потесниот круг фаворити. Тоа е, годините минуваат, а со нив и кај секој индивидуален спортист се јавуваат проблеми. Пред се поврзани со физичката спремност. Федерер го направи своето во овој спорт, го руши секој можен рекорд, освои неверојатен број на Гренд Слем титули и му остана да си игра чисто од љубов кон спортот. Дури мислам и мотивацијата му е на далеку пониско ниво, нема за што да се бори конкретно, име има поголемо од било кој тенисер, титули и победи има повеќе од било кој тенисер, бил број еден исто така повеќе недели од било кој тенисер. Единствено ако нема некои проблеми со коцкање, па да му требат пари за да расчистува долгови. :D Зафркавам, сепак годините го јадат полека полека, мислам дека максимумот му е уште еден Гренд Слем и тоа ако начека чист ждреб и со малце среќа на негова страна. Сепак, испаѓа друг проблем, моментално е број 5, во Њујорк ќе му биде многу потешко, но мислам дека каде и да е Ферер ќе падне под него и бар ќа ги избегне Ноле, Мареј и Рафа уште во 1/4 финалињата. :)

А на нас ни останува да се надеваме оти ќе биде нешто од овие Димитровци, Перовци, Гофановци и слично, па да гледаме добар тенис и во иднина. :)
 
Можам да ставам секого во ист кош, јас не споредувам само титули, и константност, јас споредувам можности на одредени играчи во сосема поинакви услови на игра, каде одбрамбената игра, или калкулациите се скоро секогаш судени на пропаст, на сметка на напаѓачката игра.

Па само види го финалето на АО 2012, дали тоа беше хумано? неможат поен да си земат, срамота е тоа, како за играчите од физички аспект, така и за АТП кои ќе направат све да профитираат со додатно продолжување на мечевите за создавање на фама, доколку подлогите "играа" малце побрзо, Фед ќе завршеше со најмалце неколку слема повеќе, кој има дилеми нека ги прегледа резултатите на Фед во сала, и Синсинати, турнир/подлога која е достојна на оние старите.

Да пак ќе ти потврдам, Федерер падна најмалце 30% од 2008 па натака, забораваш дека во 2009 изгуби од Делпотро? да беше овој дуел 2 години пред тоа, Делпо ќе беше збришан од теренот со 3-0. Тоа се почетоците на поразите на Фед од играчи кои не му се достојни, да Делпо е одличен играч, но да изгубиш од дебитант, на грен слем финале после водство од 1-0 во сетови, а си човек кој во тој момент имаше 15 слема ако не се лажам....е само твоја вина и ништо друго.

Јас не сум човек кој верува во изјави од типот, беше надигран и слично, затоа што јас скоро секогаш ги споредувам максималните можности на одреден играч, наспорти максималните можности на противникот, само тоа е меродавно за мене.

Повелете, видете кој беше Сафин..



Како кажуваш ти.. да не бил овој,да не било така,да не било вака Федерер би ги освоил сите турнири на кој учествувал и сега би имал 100+ титули. Па спорт е ова. Нормално е да има и други освојувачи.Веќе сите на некој начин играат одличен тенис.И не може да кажеш нема јака конкуренција сега.Чим на трите слеми до сега има тројца различни освојуачи,доста изедначено е.Еве на пример порано се знаело уште од Јули кој ќе биде најдобриот играч за годината.Сега ако се деси Федерер да го освои УС Опен стварно не знам на кој ќе се додели тоа признание.

Да оваа година Вимболдон т.е. подлогата беше неочекувано лоша, многу играчи се лизгаа и имаа проблеми, тоа до сега се нема случено на Вимболдон....

Лош ден е можна варијанта, не викам не, но како што реков, разгледај ги резултатите и поразите на Фед во 2007 и оние во 2008/2009, погледни од колку послаби играчи има порази во овие години за разлика од 2007 да речеме.

Па Фед само во 2007 има 3 слема, додека од 2008 до сега само 5, ако ова не е доказ незнам што е, како пример.

Иначе единствените 2 слаби играчи од "слабата ера" се Филипузис, и Багдатис, други слаби играчи нема....Сафин, Хјуит, Родик, се далеку од слаби играчи, поготово не на тие подлоги.

Во 2007 кога Федерер беше доминантен изгуби два пати по ред од Кањас во Индијан Велс и Мајами.Не мора да значи штом изгубил од послаби играчи дека веќе се гледа пад во неговата кариера.Сега има пад да,ама не е кузнај каков.Чим сеуште се вртка топ 5,не се знае ништо од него.
 
Како кажуваш ти.. да не бил овој,да не било така,да не било вака Федерер би ги освоил сите турнири на кој учествувал и сега би имал 100+ титули. Па спорт е ова. Нормално е да има и други освојувачи.Веќе сите на некој начин играат одличен тенис.И не може да кажеш нема јака конкуренција сега.Чим на трите слеми до сега има тројца различни освојуачи,доста изедначено е.Еве на пример порано се знаело уште од Јули кој ќе биде најдобриот играч за годината.Сега ако се деси Федерер да го освои УС Опен стварно не знам на кој ќе се додели тоа признание.



Во 2007 кога Федерер беше доминантен изгуби два пати по ред од Кањас во Индијан Велс и Мајами.Не мора да значи штом изгубил од послаби играчи дека веќе се гледа пад во неговата кариера.Сега има пад да,ама не е кузнај каков.Чим сеуште се вртка топ 5,не се знае ништо од него.

Не е кузнае каков? Федерер има само 1 титула во 2013, а згора на тоа излезе во 2 коло од Вимболдон...а поразите од Кањас беа само една аномалија, Федерер во 2007 освои 3 слема!
 
Она што беше Џордан во кошарката, е Федерер во тенисот, права легенда.

Многу е едноставна работата. Кога Федерер го играше својот најдобар тенис, тоа е најдобриот тенис било кога одигран.
--- надополнето: 12 јули 2013 во 15:46 ---
А на нас ни останува да се надеваме оти ќе биде нешто од овие Димитровци, Перовци, Гофановци и слично, па да гледаме добар тенис и во иднина. :)

Ако иднината на тенисот останува на Димитров, Пер и посебно на овој Гофан, јас ќе почнам да пратам куглање...
 
Па нема некој што наговестува дека може да ги загрози првиве четворица во иднина, за жал.
 
Многу е едноставна работата. Кога Федерер го играше својот најдобар тенис, тоа е најдобриот тенис било кога одигран.
--- надополнето: 12 јули 2013 во 15:46 ---


Ако иднината на тенисот останува на Димитров, Пер и посебно на овој Гофан, јас ќе почнам да пратам куглање...

Тие тројца ми дојдоа прво де. :D
 
Алмагро,Хас,Бердих и Монфилс лузеришта :pos:

Гришо има голема шанса да освои прв АТП турнир.Мечот со Вердаско е како финале,иако не мора да значи овој Де Бакер ментална будала е.Одпаѓаше скоро сегде на почетокот,сега има огромна можност да игра во финале.

Во Штутгарт Колшрајбер би требало да го земе Мерцедесот.Уствари не мора да значи.. како што тргнала работава Баутиста ќе го земе турнирот :facepalm:
 
Вечерва, во полуфиналето во Њупорт играат Карлович и Изнер. :icon_lol:

Ко воли, нек изволи...

:)
 
Сепак, испаѓа друг проблем, моментално е број 5, во Њујорк ќе му биде многу потешко, но мислам дека каде и да е Ферер ќе падне под него и бар ќа ги избегне Ноле, Мареј и Рафа уште во 1/4 финалињата. :)

Не паѓа Ферер пред US Опен никако, без разлика што Федерер најави дека ќе игра и во Хамбург и во Гштад(500+250 поени ако освои). Во Синсинати брани титула, дури и да освои само ќе ги одбрани поените. А на Роџерс купот не играше, плус 1000 ако освои. Дури и да ги освои сите 4 турнири кои ваљда ќе ги игра пред УС Опен, би земал 1750 поени. A разликата со Ферер моментално е околу 1400 поени, со тоа што испушти еден мастерс лани.

Како шо изгледа, треба да се надева од првите 4 да го добие Ферер во 1/4, за да има шанса за завршница. Сепак, ќе видиме што ќе покажат и другите на турнејата па после да прогнозираме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom