ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
На егзибициониот турнир во Абу Даби, во финалето Новак Ѓоковиќ го совлада Николас Алмагро со 2-1 во сетови (67/63/64) .. мечот се играше речиси 3 часа, и ни најмалце наликуваше на егзибицијален, се прикажа доста добар и квалитетен тенис, на моменти имаше и некое опуштање што е и нормално за еден ваков турнир, и за еден ваков меч.

Новак продолжува во Перт, каде ќе ги брани боите на Србија на Хопман купот.
 
250 000 долари за победникот на овој турнир, па сеа види колку е егзибиционен. :icon_lol:
 
250,000 долари ги заработуваат додека спијат.
 
Па Алмагро тие пари ги зема за речиси пола сезона, а може и повеќе, сепак не се за потценување парите.
 
250,000 долари ги заработуваат додека спијат.

Да да, можеби јас ги заработувам, ама Алмагро? :D :pos:

Алмагро заработил 1,330,000 долари минатата сезона шо играше како коњ од јутра до сутра, а да не правиме муабет за 2 одиграни меча. :)
 
Добро, Алмагро и таквите знам, зборев за овие класа над повеќето, поготово женскиве што за 5 слики у списание им даваат толку :)
 
Добро, Алмагро и таквите знам, зборев за овие класа над повеќето, поготово женскиве што за 5 слики у списание им даваат толку :)

Епа добро, женските.... не се многу такви, реално.... на раце се бројат, барем тенисеркиве кои ги има за списание. :D

Иначе веќе од понеделник, 31.12.2012 ќе има оооооогромна понуда на тенис, погледнете само на rezultati.com (y)
 
Среќна Нова Година , љубители на тенисот.:)
Бидете активни како и лани по темиве , не бидете инаетчии ако очигледни не сте во право и да ја задржиме дискусијата на ниво како и претходната година ;)
 
Кандидат за поен на годината уште од првиот ден е поенот на Јужни.:eek::eek::cuc: Ако излезе клипче ќе постирам.
 
Ферер - Браун, каков меч играат, значи :cuc:
1-1 во сетови, изненадувачки 1-1, во третиот е 3-2 за Ферер, нема брејк направено никој.
На Еуроспорт моментално иде преносот.

И, Среќна Нова година на сите љубители на тенисот!
 
3 пати проверив, ги тријам очите и не ми се верува. Томич го победил Џокович 6-4 6-4 сабајле во Хопман Купот. :pos:
Со која игра не ми е јасно . Дрво на годината беше лани.
 
3 пати проверив, ги тријам очите и не ми се верува. Томич го победил Џокович 6-4 6-4 сабајле во Хопман Купот. :pos:
Со која игра не ми е јасно . Дрво на годината беше лани.
И мене не ми се веруваше но сепак не мора многу да значи ова, имаше напорна сезона Новак а ова е само Хопман Куп и не вреди да ризикува некаква повреда во пресрет на претстојниот Грен Слем во Австралија. На било кој битен турнир да играат овие двајца Ноле ќе го згази Томич. Но, исто така е возможно и малиов да напреднал, мислам дека и редно е после очајната сезона лани, иако јас сеуште стојам на ставот дека Томич е апла исфорсиран од тениската јавност, за мене Гофин е далеку поталентиран од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom