Измешани емоции имам за оваа титула на Новак, али би рекол дека можда е најслатката и најголемата во неговата кариера ако се земе во предвид низ што помина оваа година, всушност и самиот го посочи тоа индиректно а и реакцијата после освоената титула и плачењето на клупата доволно говореа. За СК изјави дека све што му се деси сезонава ептен влијаело на него од една човечка перспектива, зашто тоа и е на крајот од денот, човек, и у никој случај не му било сеедно тоа што се деси во Австралија и како медиумите го претставуваа низ цел свет, и сите тие навреди и измислени приказни кои лесно знаат да замајат раја и да го престават у светло кое реално не го претставува. У право беше Горан пред некој месец кога кажа дека тоа низ кое помина Новак, и сега пак да е конкурентен на турнири е нешто што само он и никој друг не е во состојба да го направи, али и самиот Новак рече дека многу влијаело ова врз неговата игра зашто му требало време и време за да си се пронајде самиот себе повторно у овој спорт.
Штета што други фактори пуштија пипци и у тенисот и можда расипаа епска битка за најмногу освоени слемови но што е тука е, вчера покажа и докажа кој е и што е во овој спорт, на најеминентниот турнир во историјата на овој спорт, 7ма титула, една помалку од Федерер кој со овој слем е и поминат на онаа ранг листа за освоени слемови, и 4та во низа ... на трева, што само по себе говори каков карактер и менталитет поседува овој човек бидејќи ретко кој, ради неговиот стил на игра, му предвидуваше вакви успеси на оваа подлога. Всушност годинава потврди зашто ги има истите тука, играше тенис далеку од своето врвно ниво, не памтам толкав број на изгубени сетови да има на еден турнир а притоа да го освои, далеку беше Новак од своето најдобро, а веќе е и у години, емоционално доста оштетен сезонава и сеште се осеќа дека не е при себе на терен, едноставно не е тоа тоа сеуште ... и пак е шампион.
Навивачки очекував нормално, појако е од тебе, али од некој човечки аспект сезонава не го гледав ко слем шампион, нереално беше тоа после све што се издеси али Новак не би бил Новак ако не достави и у таква ситуација голем трофеј, капа до под за истиот.
Не се слагам дека ова беше рутински триумф, всушност и самиот тоа го потврди, одење по жица беше долго време, можеше и во друга насока да отиде мечот после онаа неискористена брејк шанса во трет сет, бранеше и 0-40 на свој сервис успешно, едноставно ваков сервер ко Ник е една од оние ахилови пети за Новак у тенисот али се слагам со тоа дека и главата на Ник беше пресудна во одредени моменти и тоа му даде ветер у грб на Новак, кој уствари после оној брејк кога губеше 40-0 и го кажа тоа, видел дека почнал сам со себе да збори Ник, да збори накај боксот и со други зборови намирисал крв тука и тргна у поход, али верујте, далеку од лесен меч беше ова, скалила потежок од финалето со Беретини лани. На крај пресудно беше и тоа што Ник веќе беше заморен, сервираше добро ама у размени не се движеше добро, заден сет не можеше ни поен да освои на сервис на новак, 95% од тие што ги освои беа неизнудени грешки на Новак.
Не сакам да зборам за тоа како се понашаше, имајте у предвид дека психички не стои добро Ник, тоа што имал суицидни мисли пред некоја година, што излезе на АО со видливи самонанесени повреди на раце, има други проблеми надвор од тенисот човеков така да првично се надевам дека тоа ќе си го реши јер од еден човечки аспект тоа е најбитно, а не каков тенисер е и каков потенцијал има, а после ако е возможно нека си ја среди и тениската кариера зашто посетува страшен потенцијал кој може да му донесе многу слемови, да не зборам на брзи подлоги колку уствари може да е доминантен ако го достигне прајмот на својот ебан талент.
Штета што нема најверојатно да го глеаме и на ЈуЕс оупен, а нема да бидам изненаден и за АО така да може да помине скоро година дена за да пак го гледаме на 1 слем што за тенисот како спорт е голем удар со оглед каква историја испишува и он и Надал. Можно е и да истапи од топ 8ката ама нешто спомна дека ради тоа што освоил слем ќе има под дифолт право да игра на финалниот мастерс, бар така му било кажано.