ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Поранешниот светски број еден, Carlos Moya се вклучува во тренерскиот тим на Rafael Nadal за сезоната 2017. За 9 дена, Надал ќе игра против Бердих во Абу Даби, четвртфинале на традиционалната егзибиција. Доколку победи, следниот ден ќе игра против Милош Раонич, а во евентуалното финале би се сретнал со Енди Мареј.
Сезоната официјално почнува на 2. јануари со ATP 250 турнирите (Doha,Brisbane,Chennai), исто така почнува и егзибицијата Hopman Cup.

Кој каде ќе игра имате неколку мислења погоре. :)
 
Нигде нема наведено точно што е причината за ова? Или ја пропуштив низ текстот...
Колку што глеам не е пак некоја повреда, него чисто онака не бил доволно спремен физички.
Па не знам, али да откажиш учество на месец дена пред почеток... не знам колку е логично да е само неспремен физички и што всушсност тоа значи...
 
15665839_668991119932494_5136488048086603702_n.jpg
 
Па не знам, али да откажиш учество на месец дена пред почеток... не знам колку е логично да е само неспремен физички и што всушсност тоа значи...
Не бил физички спремен да ја истера сезоната како шо сака и затоа откажал, ако настапел ќе му ги пореметело припремите сигурно.
 
Па играше Дејвис Куп до средина на ноември, како да биде спремен за следната сезона? Он само што отиде на одмор 95% од тенисерите беа во екот на своите припреми... Нема време за АО и само ќе ризикува. Исто очекувам и од Марин, може не да откаже учество али конкретно од него ништо не очекувам на стартот на сезоната.
 
Во ред е, така лани го пропушти и Ролан Гарос. Не е страшно, битно да не се работи за повреда и пополека да се враќа во топ 10 каде што всушност припаѓа.
Исто така се надевам до крајот на следната година, да се консолидира топ 10 бидејќи моментално на ништо не личи.
 
Во четврток почнува Mubadala World Championship во Abu Dhabi. Првиот ден играат Nadal-Berdych, Goffin-Tsonga четвртфинале. Победникот од првиот меч игра против Raonic во полуфинале, а од вториот меч против Мареј во полуфинале следниот ден.

За точно една недела почнуваат ATP 250 Doha, Brisbane и Chennai, а веќе го има списокот на играчи кои ќе настапуваат на сите турнири.

upload_2016-12-26_15-10-11.png

upload_2016-12-26_15-11-1.png

upload_2016-12-26_15-11-39.png
 
Последно уредено од модератор:
Прво па мушко, 6-0 првиот сет за новата сезона. Одлична партија, ако денот по утрото се познава, не очекува далеку поинтересна сезона од претходните.
 
Добра партија на Надал денеска, се гледа му се враќа борбениот дух, али пак очекувам слична сезона на ланската со титула тука и таму, некое финале тука и таму, пар ок настапи и тоа е тоа.
Сервисот му е очај, ќе дозволува брејкови ко будала и годинава, а чисто сумњам дека може на секој противнички сервис да враќа брејкови...пак ќе има некои луди 6-2;6-1 и 6-0 изгубени сетови годинава.

Али добро е, со добар ждреб ќе видиме до кај ќе стигне. Се надевам на РГ ќе биде 100% здрав таму ќе биде интересно да се прати, пак очекувам добра земјена сезона
 
'нди бре? :confused:

A овој Рафа па кога запнал јако да игра ко да нема утре...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom