ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Самиот Надал си кажува кој е најдобар, ама ако живејте во заблуда :helou:

Иначе за Џокович тоа е тоа, човекот нема стабилност у игра балканаец.

Да во право си има кажано неколку пати. Баш памтам 2008 Вимблдон коа беше тажен Федерер и А.О. коа плачеше 2009...:smir:
 
Kaко бе друже неочекуван пораз, тие што пратат тенис, сигурно очекуваа победа на Вердаско, пред 2 недели изгуби од него и ете денес пак го прими, не е во никаква форма Новак
добро се држеше до вториот сет, во третиот како да беше отсутен
 
Како се извади Надал не ми се верува, неискуството си го прави своето кај Гулбис.
Смешни поени од страна на Гулбис во финишот..штета.
 
Гулбис играше одлично, а Надал направи многу неизнудени грешки, немаше баш најдобра игра и можеше да се случи и да изгуби. Чудно што така несигурно играше, а до полуфиналето беше прилично доминантен.

Сепак не очекувам таков отпор од Ферер.
 
Сега кој турнир иде на ред и кога почнува ??

Инаку ако продолжи така Рафа без проблеми, незнам кој ке го сопре, едноставно прејак е. Зборам за на земја.

А за на Грен Слемовите ке видиме, многу го праите слаб Надал таму, ке стигнеме и до таму, и таму ке ги гризи медалите. :Р :)
 
Сега кој турнир иде на ред и кога почнува ??

Инаку ако продолжи така Рафа без проблеми, незнам кој ке го сопре, едноставно прејак е. Зборам за на земја.

А за на Грен Слемовите ке видиме, многу го праите слаб Надал таму, ке стигнеме и до таму, и таму ке ги гризи медалите. :Р :)

Оваа недела има турнири во Минхен, Белград и Есторил, но тие се вреднувани со 250 поени т.е класа, така да нема некои атрактивни играчи, освен Ноле во Белград кој ќе учествува( и ќе ја брани титулата освоена лани) друг познат тенисер од топ 10 мислам дека и нема на овие турнири, сите се чуваат за мастерсот во Мадрид кој почнува идната недела
 
Рим е следен за Надал, ќе одмара на другите, на Естроил ќе учествува Федерер најверојатно за да се спреми за Мадрид.
 
Рим е следен за Надал, ќе одмара на другите, на Естроил ќе учествува Федерер најверојатно за да се спреми за Мадрид.

Рим се одржа мислам, колку што те разбрав викаш дека ќе учествува таму Надал:toe: ...а ќе одмара една недела само, бидејќи наредниот понеделник почнува мастерсот во Мадрид

A Федерер ќе настапи в Среда во Есторил во второто коло
 
Од јакиве турнири следни се...Мадрид Мастерс 1000 и Роланд Гарос Гренд Слем 2000:smir:
 
Грешка у пишување ака typo :) мислев на Мадрид.
 
На Мадрид ке биде интересно, најважно за мене да го видам Федерер меѓу првите кола за него, како ке игра, дали ке ја одбрани титулата од лани, сепак не верувам. Надал е тука, кој покажува премногу агресивна и јака игра, а ако не се подобри Федерер односно ако не се концентрира сега на овој турнир а пред него е Естроил, ова е направено за да дојде на прегледност на теренот, ваљда ако не се вклопи како што беше малку порано Федерер и овој турнир го губа 100%.
 
Фантастичен меч одиграа Серена Вилијамс и Јелена Јанкович, поуспешна беше Српската тенисерка и утре ќе игра во финалето на турнирот во Рим против подобрата од дуелот Ана Иванович-Санчез Мартинез (овој меч следува наскоро, директен пренос на Еуроспорт)

Али Јелена денеска, а и вчера против другата сестра Вилијамс изигра фантастичен тенис:vozbud:
 
Есторил 1/2 финале

Големо изненадување на турнирот во Есторил...Федерер е поразен од Монтањез со 2-0 во сетови и тоа убедливо во првиот сет со 6-2, а вториот го добил во тај брејк со 7-6, а во другиот 1/2 финален натпревар Гарсија Лопез игра моментално против Жил, 1-1 е во сетови се игра третиот решавачки сет


Минхен 1/2 финале

Чилич поуспешен од Багдатис со 2-1 во сетови, направи пресврт Чилич за да дојди до посакуваната победа во сетови резултатот беше : 3-6;6-2;6-3...а во другото 1/2 финале Русинот Јужни беше поуспешен од Петшнер со 7-5;7-6 и во финалето ќе игра против Хрватот Чилич.

Белград 1/2 финале

Изненадувањето на овој турнир го направи Иснер кој го совлада далеку подобриот тенисер на оваа подлога, Швајцарецот Вавринка и тоа доста убедливо со два пати по 7-5.
По се изгледа противник во финалето на Американецот Иснер ќе биди сонародникот Квери кој води со 1-0 во сетови против Крајинович од Србија.



Во финалето во Рим, Јелена Јанкович загуби од Санчез Мартинез со 2-0 во сетови


Новак го откажа учеството на мастерс турнирот во Мадрид кој стартува во Понеделник:toe:
 
Незнам колку е тешка повредата на Ноле но шом одкажал учество а и вчера предаде меч на домашен терен сигурно не е добро иако не го сакам..Федерер само си докажа колку е јак денеска..
 
Незнам колку е тешка повредата на Ноле но шом одкажал учество а и вчера предаде меч на домашен терен сигурно не е добро иако не го сакам..Федерер само си докажа колку е јак денеска..

Алергија изгледа има, па ќе биди аут се до Ролан Гарос :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom