Есторил 1/2 финале
Големо изненадување на турнирот во Есторил...Федерер е поразен од Монтањез со 2-0 во сетови и тоа убедливо во првиот сет со 6-2, а вториот го добил во тај брејк со 7-6, а во другиот 1/2 финален натпревар Гарсија Лопез игра моментално против Жил, 1-1 е во сетови се игра третиот решавачки сет
Минхен 1/2 финале
Чилич поуспешен од Багдатис со 2-1 во сетови, направи пресврт Чилич за да дојди до посакуваната победа во сетови резултатот беше : 3-6;6-2;6-3...а во другото 1/2 финале Русинот Јужни беше поуспешен од Петшнер со 7-5;7-6 и во финалето ќе игра против Хрватот Чилич.
Белград 1/2 финале
Изненадувањето на овој турнир го направи Иснер кој го совлада далеку подобриот тенисер на оваа подлога, Швајцарецот Вавринка и тоа доста убедливо со два пати по 7-5.
По се изгледа противник во финалето на Американецот Иснер ќе биди сонародникот Квери кој води со 1-0 во сетови против Крајинович од Србија.
Во финалето во Рим, Јелена Јанкович загуби од Санчез Мартинез со 2-0 во сетови
Новак го откажа учеството на мастерс турнирот во Мадрид кој стартува во Понеделник