ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кога Троицки успеа да го тепа Матошевиќ во 2 сета, а овај да го совлада Вердаско исто така во 2 сета ... недела дена претходно, што ум му барате на Вердаско? :tapp:
 
Во тој случај, утре Гулбис тепа со хендикеп против Вердаско.
 
Утре продолжуваат мечевите на турнирот во Барселона, ќе играат Берлок и Гимено-Травер со цел да победат и да обезбедат пласман во второто коло каде победникот ќе има за задача да му се спротистави на " кралот на земјата " . Јас како фан на Рафа Надал, во ова мое последно мислење, пред да го избришам своето членство на Кајгана форум, би ги поздравил најпрво фановите на Рафа. Ми беше задоволство да ги дискутираме сите овие турнири, имав шанса да бидам и модератор тука година и една недела. Пред се благодарност што во најголем дел од времето тука владееше фина дискусија, без расправии и непотребни " мислења ". Нормално, имаше и такви моменти, но јас едноставно не можам да се пожалам, на почетокот беше се одлично, додека дискутиравме само мал број на членови... имаше се помалку расправии, но сепак различните ставови и мислења го прават овој подфорум можеби поинтересен.

Јас дефинитивно одлучив, без многу размислување да го избришам членството на форумов, без некоја посебна причина, едноставно ќе наминувам да ги читам мислењата на подфорумов кој се креира после моето доаѓање, особено задоволство ми е што бев првиот модератор и го развивме на еден повисок степен, а сум сигурен дека го оставам во добри раце. :D

Пред да го завршам мислењево, благодарам за подршката, извинете доколку некому нешто сум згрешил, а овие 15тина месеци поминати на Кајгана форумот ќе останат во сеќавање.

Голем поздрав до : RocknRolaa , Psyside , Види Фотос, Петар Р. , Stefan-kobe .

Некого сигурно заборавив да цитирам, но овие се дефинитивно најактивните членови во овој подфорум со кои можев да дискутирам на подфорумов и воедно мислам дека истите ги пишуваа едни од најквалитетните мислења поврзани со тенискиот свет на Кајгана.

Поздрав, igorjos9/ Игор Ј. / The King of Clay.
 
Фала ти за твојот труд и генерално одличната работа која си ја вршеше, отвараше многу добри теми за турнири, и најчесто беше коректен во ставовите и мислењата, поздрав и све најдобро, добро име си одбрал, стварно е крал на земјената подлога, без разлика на последниот пораз, што и да се случи Надал ќе остане најдобриот играч на земјена подлога во историјата.
 
Зошто бре Игоре? Кај ќе одиш седи тука. Ако не можам да влијаам на твојата одлука тогаш само ќе ти кажам дека беше одличен модератор, одлично си ја вршеше работата, отвараше теми како што треба, без пропусти и пред се беше коректен во своите мислења. Поздрав и се најдобро. :)
 
Nemoj be Igore nemoj, brojot na Nole "fans" e se pogololem, ce ostanime malcintvo tesko nas.
Дете ај остани :) Може има време да те предомислиме.

Абе ајде, форумов генерално функционираше и пред да дојдам, така и ќе биде. Веќе направив " избриши членство " вчера пред да го напишам тоа мислењето, а профилот треба да ми се избрише вечерва околу 1 часот. :)
 
Во тој случај, ит вас а плежр хевинг ју хир. Посебно пошто навиваш за мојот човек. Се најдобро. :)
 
Абе ајде, форумов генерално функционираше и пред да дојдам, така и ќе биде. Веќе направив " избриши членство " вчера пред да го напишам тоа мислењето, а профилот треба да ми се избрише вечерва околу 1 часот. :)
ne dupi be, ke ti stigne mail i ke stisnes cancel. ;)
 
The King of Clay седи бе, кај ќе одиш, ќе пискаат после фановите на Надал како сум против нив цело време... овака ќе е 50/50:icon_mrgr:

Иначе, за муабетот од погоре, Гулбис го совлада Вердаско, 2-0 во сетови.
И Давиденко - Бердих одиграа интересен меч, 2-1 за Бердих.

Утре на турнирот во Барселона ќе има доста интересни дуели, а од четврток и започнуваат со преноси на Спорт Клуб.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom