ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Налби имаше бубачки во глава, и сеуште има.

Иначе сигурен сум дека сега ќе беше тенисер со најмалце 4/5 слема исто како и Сафин кој заради повреди беше оневозможен да го стори тоа.
 
Ова е резултат на пропуштени 5 сет топки :) и мило ми е што освои Белучи :D

tennis-head.jpg
 
Типса пропушти убава шанса да врзе две титули по ред. Но, не случајно загуби од Белучи. Дечково е одличен тенисер, го пратам подолго време, изминатите година дена имаше страшен пад на формата а со тоа и на ранг листата, но дефинитивно местото му е меѓу првите 30 тенисери. Левак е, одличен бекхенд има, исто и форхенд, солиден сервис, има се што е потребно за да биде таму. Од Вимблдон навака формата драстично му се подобрува, што резултираше со титула во Гштад и тоа против Јанко од кого изгуби минатата недела во 1/2 финалето во Минхен.
Белучи е добар играч и на брзите подлоги, мислам дека го намачи Федерер на еден мастерс само не ми текнува во која рунда беше. Ќе видите дека добри резултати ќе бележи на мастерсиве во Торонто и Синсинати, нормално доколку го служи здравјето и остане неповреден.
 
Ако се погоди вс Федерер у Синси, а Федерер да биде во добра физичка форма, (изигра многу турнири оваа година) ќе гледаме газење :D
 
Белучи :)

Синсинати е доста брза подлога и може да се игра агресивно, а знаеме сите во такви ситуации кој е газдата.
 
Па Федерер ако е во форма како шо беше до Вимблдон, и Новак ќе го помине како брзи воз, не пак Белучи .
Интересни мастерси ќе следиме се до почеток на УСО, е таму ќе биде покољ.
 
Затоа реков зависи каков физичка подготвеност, незнам колку ќе сака да игра максимум во Синси, знаејќи дека премногу тенис изигра оваа година а USO е најверојатно приоритетот сепак има 31 година.

Е сега. ако на Синси игра за да ја освои титулата, а не само за да се загрее за USO тоа ќе биде веќе нешто друго.
 
Ако се погоди вс Федерер у Синси, а Федерер да биде во добра физичка форма, (изигра многу турнири оваа година) ќе гледаме газење :D
Не претерувај и ти сеа :D Против првите четворица минорни шанси има, јас онака го спомнав ко солиден тенисер кој може меѓу првите 30 без проблем. :)
 
Знам ама ти спомна дека изиграл вс Роже добро на некој турнир, па сакав да истаканам дека таа форма порано е нешто сосема поинакво од ова сега, иначе да ме утепаш и мене не ми текнува во моментов на кој турнир беше :D
 
Мајами или Индијан Велс, еден од нив.
 
20 поени брани во Торонто, 180 во Синсинати што и не се многу, но битно е да се подготви добро за турнирот. :) Иначе и Федерер го откажа учеството во Торонто па ќе биде малце мизерен турнирот без можеби двајцата најдобри тенисери во историјата на тенисот.
:pos:
 
Шо е смешно, знајш како ми се смее моментално, а ако ми кажиш шо е смешно и јас да се насмеам нема да е лошо.

Ајде видите топ 8 носители па размислите кој е во нив ... :

Хуан Монако, и тоа 7. носител на ваков престижен турнир, на тврда подлога. Немој, те мољам.
 
Tрескаш глупости, ако не играле Федерер и Надал, не значи дека турнирот ќе е мизерен.
Па и подобро што не игра Надал, така мизерен со повреда и надвор од форма, нема потреба да се појавува на турнирот.
А ако мислиш дека толку ќе е мизерен ич не коментирај, погледни ја листата и ќе видиш.
Олимпискиот првак ќе е, бронзениот, четврто пласираниот и тн.
http://www.rogerscup.com/men/english/playerList.php

Може и за тоа нема посебна тема, заради мизерноста.
 
Напишав јас во некоја тема дека нема да можам летово да отворам теми бидејќи немам време за тоа, а не дека турнирот е ваков таков или онаков.
--- надополнето: 6 август 2012 во 12:03 ---
Ете ја темата ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom