Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
П.С. Секоја чест за постов, тотално се согласувам со него , а гледам пошто нема реплики и од фановите на другите тенисери значи и тие се согласуваат целосно со него.Во исчекување на полуфиналето, морам да посочам едно видео, како очигледен доказ за успорувањето на терените и значителната промена на играта со текот на годините, со примарна цел доминацијата на Федерер да заврши, како и профитот од мечевите - спонзорите да се зголеми, имено мечевите сега се со подолга размена на удари (релиа) многу е потешко да освои винер, топките имаат поголем баунс - (на нив беше извршена беше промена исто така) и многу други работи да не ги набројувам сега што го прават спортот теоретски поинтересен/актрактивен и возвудлив за новите фанови но и исцрпувачки и нехуман за голем дел од тенисерите. Тука би додал една изјава на еден спортски новинар, кој изјави: ниту еден спорт каде што доминира еден спортист не е интересен, помал интерес = помал глобален профит од истиот спорт, парите и маркерингот си го прават своето.
Ако некој мисли дека ова го посочувам затоа што сум фан на Федерер и не држи вода.....ќе го поздравам со моменталниот скор на Федерер на вистински тврда подлога (25-0) во мометов, додека ако од тој скор се земат во предвид дуелите со Надал ќе добиете скор од 6-0, мечеви во кои Надал освоил само 3 сета, ова го посочувам затоа што Надал е најсилниот и единствениот доминатен тенисер во дуелите со Федерер, што докажува дека Федерер е без трошка сомневање најдобриот тенисер во историјата на вистински брзи подлоги. Да се вратам на темата и да го оставам ривалитетот на страна, останати средно брзи/брзи подлоги се следните:
Базел, Синсинати, Дубаи, Ротердам, АТП ворлд тур, додека пак во моментов грен слем турнирите се скоро еднакви според начин на игра, т.е. разликата помеѓу RG, и AUS Open е многу помала него што беше порано, тревата е сега еднаква на брзината на старите тврди подлоги, додека сегашните тврди подлоги се толку спори што според динамиката на играта и одскокнувањето на топката би биле еднакви на терените со земјена подлога пред 10-на години, тука неморам да спомнувам дека терените со земјена подлога се и додатно успорени за разлика од порано, што е за мене несватливо и на некој начин мамење.Еве ако се земе RG како пример, на овој турнир воза да освоиш винер треба да погодиш најмалце 3/4 пати по ред во самиот агол, екстремно брзо и длабоко (генерално) поготово против тенисери од топ 5 ранг листата, ако ова се спореди со вистинска брза подлога ќе добиете резултат од само 1 или 2 потребни такви удари за да се освои поенот со винер.
Истово би го тврдел доколку терените се убрзаат повеќе него што треба верувајте ми...никој несака да гледа константи serve and volley поени, но од друга страна, сте виделе ли некој да игра сега на тој начин, НЕ! а знаете зошто? затоа што тој стил сега би ве донел до 9 од 10 порази доколку против себе имате играч од типот на Мареј, или Џокович, или пак било кој играч кој е добар во одбрамбената игра т.е. играч кој е физички на високо ниво.
Повелете,
Подруго се гледа на работите кога си број 1, а уште подруго кога сакаш да станеш број 1 во тенисот.Типичен коментар на фан на србинот. Ако не му било гајле за исходот на натпреварот зошто тогаш воопшто играл на турнирот? Од кур кејф сигурно не се пријавил!
Само молим те не го сфаќај ова го провокација за да не мора да се препуцаваме.![]()
Шо не земи на Надал лекција да му одржи? 25 години е Надал.
На 31 години им држи лекции на 24 годишни тенисери, кои се во својата најдбора форма (генерално), 6:04 & 6:47 OMG!!!
А колку има на земја скор ?1.Надал не му лежи како противник, веќе посочив дека е единствен противник кој има доминантен скор против Федерер на претходната страна.
2. Со сите други се снаоѓа одлично, поготово со најдобриот во моментов, Џокович на којшто успеа да му ја прекине неверојатната серија во неверојатната година, на RG и тоа на земјена подлога.
3. И ако веќе толку сакаш да знаеш, на вистински тврда подлога (брза) меѓусебен скор со Надал им е 6-0 во корист на Федерер, дуели во кои Надал земал само 3 сета, повеќе нема што да се пишува.
Иначе ќе го видиме Надал на 31 година како ќе се носи со тенисерите од типот на Томич и слично.
Те сваќам те сваќам, само ти кажувам дека ми се фалиш 6-0 на брза подлога. Епа Надал не е тој тип на играч, стилот на Надал е за спора подлога, мислам дека само една победа во 10тина дуели има Федерер на земја против Надал...Не ми ја сваќаш поената.....
Otkako vo finaleto vo Dubai, Marej bese porazen od Federer, teniserot od Skotska, rece: "Mislam deka tvrdata podloga definitivno mu lezi na Roger, da bi imalo poveke turniri vo tekot na godinata na vakvi podlogi, toj sigurno mnogu podolgo vreme bi se naogal na prvoto mesto na ATP listata".