Многу лошо, накај срамно ниво на тенис на Новак први 2 сета, не беше ни слем левел ова, не па финале левел, одамна не бил волку индиспониран на терен против некого, само со Надал на земја, и у други порази од 3-0 (Медо јуес оупен, Мареј тука), боље изгледал, зборам стриктно за финалиња.
Штета за тениските љубители што ете не отиде во 4ти сет после оние 3 врзани меч топки каде повеќе Алкараз поклони делеше, отколку што Новак нешто направи, па да видевме каков развој ке имаат работите а и потенцијално можеше да се сведочи на еден од најголемите пресврти општо во спортото, ама за да тоа се десеше, требаше да се заслужи све што следеше, а Новак истера со исто темпо во ТБ со несвојствени неизнудени и генерално лош тенис, односно, Карлос беше многу подобар.
Страшно ниво на Алкараз од сам почеток до крај, и оние 3 меч топки што ги утна не го повредија ментално, а многумина тука ни до ТБ немаше да отидат, ќе потонеа ќе јадеа 2 врзани брејка, челични муда и шампионски карактер каков што ретко кој и имал во овој спорт.
Со среќа нека им е и на моменталниве генерации и на оние што доаѓаат со ваква спортска грамада, убаво е све тоа што Синер прави и му е главен ривал од младите ама не е ова ниво, ова е вонсерсиско нешто што реално на ваква возраст прв пат сведочиме..
За Ноле, разочаран од денешново негово издание, али среќен што повторно се враќа во конкуренција, сеуште не треба да се отпишува, ваквиот развој на настани секако е и очекуван, Алкараз ќе расте тениски што е реално лудо зашто гледај какво ниво сега има на тенис, ќе си речеш па боље и не може, Новак со тек на време ќе паѓа. Ама сеуште сме во ситуација освен со Карлос, Новак може да се носи со другиве на турот дефинитивно без проблем, зашто шпанецов е класа над сите нив, така да сеуште не е време за пензија, иако многумина после ова би биле со таков став. Ќе има едно две поклапања на коцки до крај на негова кариера сигурно на слемови.