- Член од
- 4 август 2023
- Мислења
- 373
- Поени од реакции
- 940
Не можам да ти објаснам колку малку се замарам со тебе. Колку ти разбираш или не разбираш од тенисот е ирелевантно, и мене ми е потполно сеедно. Од муабетот дека мора да добиеш 5 квалитетни тенисери сега остана дека мораш САМО да играш против 5 квалитетни тенисери, не мораш сите да ги добиеш. Тоа малку менува на суштината. Мораш да добиеш само 4, но понекогаш можеш да го освоиш и со 3 добиени. Тоа апсоултно менува на концептот на тенис, затоа што е единствениот турнир кој можеш да го добиеш со еден или два порази. На еден меч можеш да калкулираш и да си го ладиш, или ако имаш два порази може да се протнеш понатаму.prvo,dva posta pogore detalno opishav zoshto zavrshniot e povreden od pustinata.Posebno detalot deka za da osvoish mora da igrash 5 mecha protiv top ten igrachi.Nema losh dobar zreb.Nema scenario kako vo pustinata da stignesh do finale a najdobro rangiran teniser da ti bil von top 10.
I krajno guglaj,prashaj koj e najvreden turnir posle slemovite.Tezata so Djovak ne ti drzi oti i Fed go ima osvoeni 6 pati pa ete,pak pogore chitaj,sepak go rangiram pozadi Rafa.Komercijalizacijata si nema vrska so kvalitetot.Paralelata so liga na sampioni i poranesniot kup na sampioni isto ti e debilna,sporeduvash babi i zabi.Zavrshniot datira od sedumdesetite,taka da muabetot od koi motivi e napraven ne lepi.Posle slemovite nosi najmnogu poeni,isto posle slemovite najgolem e parichniot fond,ATP bordot valjda znae shto pravi,eve prashaj go i gugleto, a ti ako go dozivuvash kako cirkus,toa e tvoe mislenje,top ten teniserite ne mislat taka.Tvrdam,podaleku od vistinata , zdravje i amin u paket.Spij ubavo ,ne se zamaraj so mene,mnogu ne go razbiram tenisot.
Друга работа, нема никаков идентитет турнирот. Не е врзан за одреден град, за одередени митски терени. Го продаваат како курва to the highest bidder. Досега се играл во 17 градови. Постојат челенџер турнири со поголема традиција од овој "мастерс". Никој не се сеќава на победниците на овој турнир, да не водат статистики никој нема да знае кој го освоил пред две години. Засекогаш ќе биде запамтено дека некој анонимус како Томас Јохансон го освоил Аустралиа Опен, никој нема да се сеќава дека Димитров или Циципас го освоиле овој циркус. А и по имињата на овие двајцата можеш да претпоставиш колку им е гајле на другите кој ќе го освои.
Во врска со парите и бодовите, тенисот како и секој професионален спорт е пред се индустрија. Ако АТП бордот смета дека некој настан носи пари, ќе му одредат да носи многу бодови. Луѓето отсекогаш повеќе оделе во циркус отколку во театар. Не знам што мислат топ 10 тенисиерите, затоа што не сум телепат. Ти очигледно си телепат, затоа што гледам знаеш.
Многу ми е јак муабетот, прогуглај, ќе видиш дека е многу важен турнир. Ти сакаш да видиш дека Серена Вилијамс е всушност маж? Прогуглај, напиши такво нешто на интернет, ќе ти излезе видео на Јутјуб каде што го тврдат тоа.
Последно уредено: