ATP тенис - општа дискусија

Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Па нема баш сјаен рекорд на УСО Новак али ајде, башка влече повреда на лактот веќе 2-3 месеци така да не се знае и со него што ќе биде. Со ваква форма ко сегашнава не глеам како Новак ќе е фаворит пред Алкараз на УСО, али има време до тогаш, може многу работи да се сменат.
Новак во полна форма на бетон, против Алкараз во полна форма, тоа ти е еднонасочна улица.
 
Член од
12 ноември 2022
Мислења
840
Поени од реакции
1.206
Nadal so edna noga e vo penzija... podobro da ne igra odkolku da izgubi vo prvo ili vtoro kolo...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.175
Поени од реакции
107.729
Новак во полна форма на бетон, против Алкараз во полна форма, тоа ти е еднонасочна улица.
Може да објасниш како го заклучи ова? Некој доказ, параметар, меѓусебен дуел, било што??
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Може да објасниш како го заклучи ова? Некој доказ, параметар, меѓусебен дуел, било што??
Па не треба да бидеш Никола Пилич да го видиш тоа. Новак е многу покомплетен тенисер од Алкараз. Единствено нешто што Алкараз го прави подобро од Новак е дроп шотот. Се друго, сервис, ритрн, бекенд, форхенд, се е подобро кај Новак. Џокович генерално е најкомплетниот играч во историјата на тенисот.

Јас лично воопшто не сум импресиониран од Алкараз. Има нешто кај него фалшиво, иако точно не можам да одредам што.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.175
Поени од реакции
107.729
Па не треба да бидеш Никола Пилич да го видиш тоа. Новак е многу покомплетен тенисер од Алкараз. Единствено нешто што Алкараз го прави подобро од Новак е дроп шотот. Се друго, сервис, ритрн, бекенд, форхенд, се е подобро кај Новак. Џокович генерално е најкомплетниот играч во историјата на тенисот.
Со ништо од ова не се согласувам така да џабе ќе правиме муабет понатака.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Со ништо од ова не се согласувам така да џабе ќе правиме муабет понатака.
Што игра подобро Алкараз од Џокович? Сервисот на Алкараз е просечен, ударите од основна линија одлични, далеку од спектакуларни. Делува дека игра подобро од што реално игра заради тоа што ненормално се движи по теренот и многу покрива. Со онакво трчање ќе видиме колку ќе трае.
Освен тоа, скоро во секој сет јади по еден брејк. Така не се освојуваат слемови.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.175
Поени од реакции
107.729
Што игра подобро Алкараз од Џокович? Сервисот на Алкараз е просечен, ударите од основна линија одлични, далеку од спектакуларни. Делува дека игра подобро од што реално игра заради тоа што ненормално се движи по теренот и многу покрива. Со онакво трчање ќе видиме колку ќе трае.
Освен тоа, скоро во секој сет јади по еден брејк. Така не се освојуваат слемови.
Брат види, не пробувај да ми објасниш нешто што не е така. Прво и основно Алкараз нема просечен сервис, често сервира и по 215/220 km/h, али не е се и во брзината, дечкото има страшен кик сервис. Второ, ударите му се далеку од спектакуларни.... хахахаха како бе ова го пиша и остана жив? Па не постои поспектакуларен играч од Алкараз моментално на светот, топ има во рацете, се може да одигра и со форхенд и со бекенд, може да игра дефанзивно ако не му оди, може да бомбардира ако е во зона, онака може да игра што ќе посака во зависност од противникот. Трето, за тоа дека немало долго да трае пошо трчал ко луд... Позната прича од негде? Да ти барам коментари од 2013 го праќаше Надал во пензија па човекот со 36 години освои 2 слема така да полека малце со блампертизите.

Не постоел до сега млад играч како Алкараз, последен таков беше Рафа али веќе го надмина и него. Најмлад број 1, веќе има 1 ГС и 4 Мастерси, 5/5 на големите турнири (Мастерси и Слемови) и да не набројувам понатака за скор вс топ 10, играч што најбрзо стигнал до 100 победи итн итн. Новак не е ни близу до овие бројки кога ги имал годините на Карлос така да и те како има основа Алкараз да се споменува како можна подобра верзија од тројцава во иднина.

П.с. На првата реченица одговор: Све игра подобро Алкараз од Новак во моментов.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Да ти барам коментари од 2013 го праќаше Надал во пензија па човекот со 36 години освои 2 слема така да полека малце со блампертизите.
Затоа татко ми на 84 години изгледа помладо и посвежо од Надал. Баш ќе видиме колку ќе трае Алкараз, веќе сега покажува склоност кон повреди.
Инаку, нека игра Џокович на бетон како што одигра со Де Минор на АО, па ќе видиш колку може Алкараз против него.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.175
Поени од реакции
107.729
Затоа татко ми на 84 години изгледа помладо и посвежо од Надал. Баш ќе видиме колку ќе трае Алкараз, веќе сега покажува склоност кон повреди.
Инаку, нека игра Џокович на бетон како што одигра со Де Минор на АО, па ќе видиш колку може Алкараз против него.
Ајде важи ќе правиме муабет, живи били па видели.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.186
Поени од реакции
2.687
Кога подобро ќе размислам, оваа длабоко мисла треба посебно да се одбележи. На Новак му бил единствена шанса Вимблдон за слем, затоа што во Америка ќе играле Медведев, Синер, Алкараз и Руне. Четворицата заедно во целата кариера имаат освоено онолку слемови колку што Новак освојува во половина година.

Единствена шанса му била на Вимблдон. На Новак, кој е најдобриот играч на тврда подлога во историјата, со најмногу освоени слемови и мастерси на истата подлога. Што би рекле Србите, велике мисли из малог мозга.
Брату, почитувам шо си верен фан на Новак и веруваш дека ќе освои 25+ слема , ама ептен си субјективен и се понашаш тврдоглаво.
Муабетот од твоја гледна точка е дека ќе биде прв фаворит , а ја сигурен сум дека покрај ваква сезона што ја имаат Алкараз , Медведев , Руне треба само повреда да ги спречи да не се носат со Новак и да немаат шанси против него. Ај Синер нека не биде , ама нивото на тенис што го игра е многу блиску до останативе тројца шо се најдобри годинава исклучувајќи го АО. Алкараз веќе сега е прв фаворит за РГ ,а го нема освоено... стварно мислиш дека ако продолжи со оваа игра Алкараз , нема да биде ставен за прв фаворит на УС како бранител на титулата?
До сега сезонава на Новак е сосема просечна за негови стандарди (најверојатно тоа со повредата има удел) , освен ете АО каде што е за очекување да издоминира кога е во добра физичка состојба. Па не ми е јасно од кај тоа дека има големи шанси против Алкараз , освен ако не идеш со глава во ѕид.
Ми збориш за минатото , Ноле бил најдобар на тврда подлога , бла бла... а ја само ти кажувам за оваа сезона и како стојат работите моментално. Више кога го праиш тој муабет, УС Опен и не е некој слем каде што он доминирал и дури сеуште има помалце слемови од Надал.
И не ми го спомињај Надал ко да очекувам од него да стане 20 годишен и да има сила да се бори за слемови кога јасно ко бел ден е дека е готов. Единствено ете се труди да ја заврши кариерата на голем начин , а не со пораз од Мекдоналд во Австралија.
 
Смешно е кога зборувате за Новак како да му помина времето, а последниот освојувач на слем е Џокович, со еден изгубен сет. Кај е проблемот со неговата сезона? Во САД не го пуштија на двата мастерси, потоа дојде сезоната на земја, која никогаш не му била посебно по воља на Новак. Па дури и ваков, за 20% да ја крени играта ќе игра финале на РГ. Кој ќе го добие пред тоа? Циципас, Медведев на земја?

А за УСА Опен, ќе видиме. Алкараз никогаш не може да биде фаворит на тврда подлога против Џокович. Инаку, милион посто ќе освои барем 25 слема. Тоа се само уште три. Не гледам кој ќе го добие на Вимблдон, а на АО е буквално како дома.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2013
Мислења
2.186
Поени од реакции
2.687
Смешно е кога зборувате за Новак како да му помина времето, а последниот освојувач на слем е Џокович, со еден изгубен сет. Кај е проблемот со неговата сезона? Во САД не го пуштија на двата мастерси, потоа дојде сезоната на земја, која никогаш не му била посебно по воља на Новак. Па дури и ваков, за 20% да ја крени играта ќе игра финале на РГ. Кој ќе го добие пред тоа? Циципас, Медведев на земја?

А за УСА Опен, ќе видиме. Алкараз никогаш не може да биде фаворит на тврда подлога против Џокович.
Може може , како рекет број 1 што многу веројатно ќе се случи ите како може.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Може може , како рекет број 1 што многу веројатно ќе се случи ите како може.
Чекај, не се разбираме. Ти ми зборуваш кој ќе биде официјано прв носител? Ако е тоа, може да биде Алкараз. Јас ти зборувам кој суштински ќе биде прв фаворит.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.186
Поени од реакции
2.687
Чекај, не се разбираме. Ти ми зборуваш кој ќе биде официјано прв носител? Ако е тоа, може да биде Алкараз. Јас ти зборувам кој суштински ќе биде прв фаворит.
Убаво се разбираме. Гледај моментално кој е прв фаворит на РГ , така ќе биде и на УС Опен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom