Брату, почитувам шо си верен фан на Новак и веруваш дека ќе освои 25+ слема , ама ептен си субјективен и се понашаш тврдоглаво.
Муабетот од твоја гледна точка е дека ќе биде прв фаворит , а ја сигурен сум дека покрај ваква сезона што ја имаат Алкараз , Медведев , Руне треба само повреда да ги спречи да не се носат со Новак и да немаат шанси против него. Ај Синер нека не биде , ама нивото на тенис што го игра е многу блиску до останативе тројца шо се најдобри годинава исклучувајќи го АО. Алкараз веќе сега е прв фаворит за РГ ,а го нема освоено... стварно мислиш дека ако продолжи со оваа игра Алкараз , нема да биде ставен за прв фаворит на УС како бранител на титулата?
До сега сезонава на Новак е сосема просечна за негови стандарди (најверојатно тоа со повредата има удел) , освен ете АО каде што е за очекување да издоминира кога е во добра физичка состојба. Па не ми е јасно од кај тоа дека има големи шанси против Алкараз , освен ако не идеш со глава во ѕид.
Ми збориш за минатото , Ноле бил најдобар на тврда подлога , бла бла... а ја само ти кажувам за оваа сезона и како стојат работите моментално. Више кога го праиш тој муабет, УС Опен и не е некој слем каде што он доминирал и дури сеуште има помалце слемови од Надал.
И не ми го спомињај Надал ко да очекувам од него да стане 20 годишен и да има сила да се бори за слемови кога јасно ко бел ден е дека е готов. Единствено ете се труди да ја заврши кариерата на голем начин , а не со пораз од Мекдоналд во Австралија.