ATP тенис - општа дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Ова највеќе го прават фанови на Новак пошо се и најбројни и само ја ракосуваат евентуалната дискусија која би се развила меѓу нормални членови. Секако, има и Надаловци и Федовци што го прават истото али се во помал број. Сериозно не сфаќам која е поентата да пишеш пример пуши кур Федерер откако изгубил епско финале против Надал... Мислам, големава тројка направи толку многу за тенисот и спортот да и еден обичен ТВ гледач од ФИРОМ е срамота и дебилно да ги вреѓа и пцуе на социјални мрежи или форуми. Кариери без дамка, врвни спортисти, рол модели за сите млади.

Еве сеа тренд беше да се хејта Надал од Нолевци и антиваксерковци божем он лично и персонално го депортираше, бог да чува и да брани. И секако читање изјави од српски и македонски мртви порталчиња со лошо преведени и испревртени изјави. Небитно ај, се надевам на што помалце такви глупости на темава у иднина.

Него, што мислите Роџер до кога ќе игра? Јас мислам годинава иде во пензија, или на Вимблдон или во Базел.
Повеќе го мислев во контекст на фановите на големата тројка, така се погоди сега фанови на Рафа да бидат земени за пример, не го сфаќај толку лично. Немам намера да споредувам која фан група е подосадна или потоксична.
Во вториот дел од коментарот горе зборам за тоа дека на тенисот му е потребна нова публика, а тоа со фановите на Рафа на почетокот беше како увод на поентата што сакав да ја доловам.

И Новак и Федерер да тепаа на АО годинава пак истото ќе го кажев бидејќи исто ќе се појавеа 10-тина ликови, ќе остават еден коментар, и ќе си отидат. Најверојатно не ни го прателе турнирот :D
Али небитно тоа, секогаш има зголемен број на коментари кога се дешава нешто големо што е нормално. Поентата ми е да играа финале Медведев - Беретини, никој немаше да знае дека имало грен слем финале. Мора АТП, ВТА, ИТФ и што ти ја знам која друга организација да поработи на промовирање на тенисот надвор од Big 3.

За Надал нит сум читал лошо преведени изјави од глупи сајтови нит ништо.
Мене ми беа крајно идиотски неговите изјави дека Новак си е крв што не се вакцинирал и дека бил среќен што нема да игра. Второво го кажа уз шала, ама пак е идиотско.
Не само Надал, него 90% од играчите што беа присутни во Австралија испаднаа тешки мивки за тоа што им се случи на Новак и останатите кои беа депортирани. Ама барем другиве си ќутеа/избегаваа да зборат, не се ситеа.

Иначе Федерер ќе игра на Лавер Куп годинава со Рафа, не верувам дека ќе се пензионира на Вимблдон. Најверојатно Базел како што викаш.
------------------------------------------------------------
Секоја чест за Џокович што нема да се вакцинира само за да игра на турнири.
Људина, карактериште.

Не се ни заебавам кога го викам ова - тешко дека ќе продолжев да му бидам фан ако поткленкеше на притисокот само за да игра тенис, макар и фејк сертификат извадил.
Некои работи се поголеми од рекорди и пари.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.670
И сега би било убаво да објасни што тоа му смета вакцината на неговото тело, онака да даде конкретна причина. Може стварно има нешто не викам не, ама па ако има не гледам што е толку страшно што не објавува која е причината.
Автоматски споено мислење:

И извади фејк позитивен тест. :pos: :pos:
 
Член од
6 март 2019
Мислења
390
Поени од реакции
590
Што ќе објасни кога тие информации му се од неговите надри лекари, ќе се избрука ако пише било што. Што им фали на другите тенисери што се вакцинираа? Што им фали на милиони спортисти што се вакцинираа и си продолжија со животот и кариерите сасвим нормално?

Ако не сака, не мора. Негово тело е, негово право е да одлучи што ќе прави. Ама нека не глуми жртва само, свесен за последиците си ја донесе оваа одлука. Што и да се деси во иднина, колку и да изгуби ради оваа одлука на него си паѓа одговорноста...
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672

Немора да значи дека ќе му наштети. Прашањето е зошто да се вакцинира?

Еве ќе зборам од моја перспектива (ама истото би било и од на Новак претпоставувам)... Прво и најбитно прашање - дали ми е нужна вакцината? Два пати имав корона невакциниран (првиот пат пред да ги пуштат вакцините, па веќе и имав антитела кога почнаа со вакцинација) и двата пати не ја осетив. Очигледно од здравствена гледна точка, апсолутно не ми е потребна. Второ прашање - дали вакцината спречува ширење на заразата? Одговорот е не. Значи вакциниран или невакциниран, јас пак ќе можам и да се заразам и да пренесувам. И сега, ако можам да ја прележам короната со скоро никакви симптони и ако вакцината не значи спречување на ширењето на заразата, тогаш која е мојата корист (и користа на моето пошироко опкружување) од вакцината? Би рекол незначителна, ако воопшто постои. А ако е незначителна, зошто некој ме тера на сила да се вакцинирам? Зошто некој ми вика "ако не се вакцинираш нема да играш на Грен Слем турнир"?

Немој само со муабетот дека треба да и веруваме на науката, пошто има и доктори и научници кои велат дека вакцините се недоволно тестирани од една страна, а од друга страна зошто западниве земји не и веруваат на науката на Русија или Кина на пример? И тие се научници, и тие учеле цел живот медицина, така да - факт е дека има многу политика во целиот циркус со вакцинацијата.

И не @Mad Jack, Џоковиќ никаде не глуми жртва. Само јавно укажува дека немаат никаква смисла поголемиот дел од мерките против Ковид-19. Што му фали па на Новак што не е вакциниран? Фати корона, му пројде. После тоа изигра уште 100 утакмици на високо ниво. Зошто да се вакцинира?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.670
Боро јас се слагам со тоа бе, ама ако веќе не отстапува од својот став зашо вади лажни тестови или зашо шета позитивен? Тоа ми е поентата, да си останеше доследен на ставот немаше ни да оди во Мелбурн, како што сега изјави дека е свесен за последиците поради тоа што не е вакциниран.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672
Боро јас се слагам со тоа бе, ама ако веќе не отстапува од својот став зашо вади лажни тестови или зашо шета позитивен? Тоа ми е поентата, да си останеше доследен на ставот немаше ни да оди во Мелбурн, како што сега изјави дека е свесен за последиците поради тоа што не е вакциниран.
За тоа си прав, огоооомна глупост од негова страна.
 
Член од
6 март 2019
Мислења
390
Поени од реакции
590
Не сакав да кажам дека глуми жртва сега, туку да не глуми жртва на крај, ако испадне лошо по неговата кариера ваквата одлука.

Сега зборува самоуверено дека ја прифаќа цената, ама време ќе покаже колку стварно ја прифатил. Сасвим е можно ова лошо да се одрази на неговата кариера, не е веќе 23. На негови години, со неговите амбиции за слемови треба да се бори за секоја можност. Да испадне на крај волку ќе освоев, толку ќе освоев ама не ме пуштаа да играм. Никој не го врзал, свесно се откажува сам.

Надал имаше цела кариера проблеми со повреди и многу шанси пропушти поради тоа. Си го прифати како факт, не се вади на повредите. Ноле носи свесна одлука да не игра на турнириве, избор има, ама тенисот не му е приоритет сега. Така да, кога ќе дојде време да се спореди кој, колку и што направил не сакам да слушнам коментари од типот короната го спречила или вакцината. Сам себе се спречи, и ако не му испадне на крај како што замислил, нека си се сноси со последиците како маж. Фановите исто...
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Со ова се паѓа во вода, како бил опседнат со рекордите, како сакал да биде сакан. Се ова во моментов е далеку од тоа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
И сега би било убаво да објасни што тоа му смета вакцината на неговото тело, онака да даде конкретна причина. Може стварно има нешто не викам не, ама па ако има не гледам што е толку страшно што не објавува која е причината.
Автоматски споено мислење:

И извади фејк позитивен тест. :pos: :pos:
И шо дека извади позитивен тест?
Му беше кажано дека може да игра со прележена корона, си извади фејковача, го сјебаа политички во аустрелија и еве го сега и кај Вучил на баци рака иде :icon_lol:

Али озбилно, не гледам проблем во вадење лажен позитивен тест за да заобиколиш крајно ретардирани и нелогични мерки. Кога системот пробува да те ебе, не се трти.
Тенисер е, сака да освојува турнири, зошто да не оди да игра кога му е кажано дека може без вакцина? Ќе беше смешно да извадеше фејк сертификат за вакцинација, вака мех.
Надал имаше цела кариера проблеми со повреди и многу шанси пропушти поради тоа. Си го прифати како факт, не се вади на повредите.
Буквално пред некој ден даде изјава каде што (ин)директно вика дека изгубил од Новак на РГ лани поради повреда :icon_mrgr:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.670
Али озбилно, не гледам проблем во вадење лажен позитивен тест
Ти не гледаш ама многу други гледаат. Од една страна се збори дека е број 1, рол модел за сите, а од друга страна лажира документи, логика никако. Кривично дело е лажирање ковид тест али ајде, не ми се објаснува сеа што како. Проблемот е што ја гледате едната страна на паричката, дека биле ретардирани мерките во Аус, а тоа што Новак лажирал документи као небитно, пробал да им се исере на системот. Епа проба ама они му се исраа него, што поише да ти кажам...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Ти не гледаш ама многу други гледаат. Од една страна се збори дека е број 1, рол модел за сите, а од друга страна лажира документи, логика никако. Кривично дело е лажирање ковид тест али ајде, не ми се објаснува сеа што како. Проблемот е што ја гледате едната страна на паричката, дека биле ретардирани мерките во Аус, а тоа што Новак лажирал документи као небитно, пробал да им се исере на системот. Епа проба ама они му се исраа него, што поише да ти кажам...
Види, да не примеа 10 невакцинирани пред Џокович немаше збор да зуцнам за неговата депортацијата. Ова кога и да го спомнам секогаш го одбегнуваш и тераш едното исто.
Плус Џокович не беше избркан за лажирање документи бидејќи се му беше валидно (хвала брате Вучич). Така да и технички гледано, се е исправно на негова страна. Го избркаа бидејќи е закана за општеството, терорист лол

Иначе што мислиш за изјавата на Рафа дека не можел да стои после натпреварот со Новак на РГ лани? Ради повреда изгуби ко по обичај или регуларна е победата? :icon_mrgr:
 
Регуларна. Рафа има хронична повреда на стапалото уште од 2005 година и живее со неа од тогаш и се прилагодува на истата. Самиот Рафа кажа дека осетил болки и проблеми во четвртиот сет али не сакал да предава поради почит према противникот и публиката. Не зезај три сета се рокаа ко болесници, луд ниво на тенис беше тоа, така да нема што да се препишува поразот поради повреда и слично.
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Што ќе објасни кога тие информации му се од неговите надри лекари, ќе се избрука ако пише било што. Што им фали на другите тенисери што се вакцинираа? Што им фали на милиони спортисти што се вакцинираа и си продолжија со животот и кариерите сасвим нормално?

Ако не сака, не мора. Негово тело е, негово право е да одлучи што ќе прави. Ама нека не глуми жртва само, свесен за последиците си ја донесе оваа одлука. Што и да се деси во иднина, колку и да изгуби ради оваа одлука на него си паѓа одговорноста...
Мозок им фали и малце логика. :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom