ATP тенис - општа дискусија

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.735
Поени од реакции
2.824
Тешко ќе му е на Рафа оваа година.. според мене Циципас ќе освои, знае да игра со Рафа, одличен е на земја, има ненормално добар кик сервис..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.022
Поени од реакции
116.855
Тешко ќе му е на Рафа оваа година.. според мене Циципас ќе освои, знае да игра со Рафа, одличен е на земја, има ненормално добар кик сервис..
Молим те оди плисни си ладна вода у фаца. Од Циципас у финале ќе изгубел :pos: :pos:
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.735
Поени од реакции
2.824
Молим те оди плисни си ладна вода у фаца. Од Циципас у финале ќе изгубел :pos: :pos:
Брат цел живот сум за Рафа знаеш, сакам да освои ама не сум најсигурен ко лани и 2018 пример..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.022
Поени од реакции
116.855
Брат цел живот сум за Рафа знаеш, сакам да освои ама не сум најсигурен ко лани и 2018 пример..
Нема ништо сигурно ама од Циципас у финале нема да изгуби па макар без една нога играл.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Не знам што е поголемо разочарување, продадениот скалп на Ролан Гарос и тоа директно на најголемиот ривал или вака ноншалантно скокање на турнирите со форите од Роџер, "I have to listen to my body". Ако, нема проблем, има други кои ќе додадат гас и ќе си ги искористат шансите.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.923
Поени од реакции
11.305
Не знам што е поголемо разочарување, продадениот скалп на Ролан Гарос и тоа директно на најголемиот ривал или вака ноншалантно скокање на турнирите со форите од Роџер, "I have to listen to my body". Ако, нема проблем, има други кои ќе додадат гас и ќе си ги искористат шансите.
Зар мислиш дека ако може без проблем, не би ги играл?
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.735
Поени од реакции
2.824
Му кажував на другар уште после РГ дека у Лондон не се појавува Рафа.. трагично е ова што го прави секоја година ама го фатија и годините веќе и него за жал.. не очекувам да игра ни на Америчкава турнеа ниеден турнир.. па ни во Кина, мислам дека тоа е тоа од сезонава, бедна и очајна за жал.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.363
Поени од реакции
47.132
Федерер откажа настап на олимпијада, а големи се шансите и Новак тоа да го направи. Федерер има проблеми со коленото, додека за Новак верувам дека е исцрпеноста и фактот што поради сјебаните рестрикции во Јапонија повторно ќе биде долго време без неговите. Всушност он ова го посочи го главна причина зашто веќе не е сигурно дека ќе оди во Јапонија, немал да може нити со Бадио да иде кој е клучна фигура од неговиот тим така да мали се шансите во моментов и Новак да го гледаме.

За мене најпаметна одлука ќе му е таа и искрено се надевам дека ќе и удри рецка на олимпијадата, на физички план а и психички премногу ќе му дојде олимпијада уз bubble и одма после тоа нов bubble и идење во Америка за слем. Све ако се земе у предвид, цела оваа напорна сезона до сеа, негледање со фамилија во рок од 2 месеци на подолг период а тука спаѓа и периодот дур беше во Лондон каде исто смееше само со 3 души да допатува, сметам дека премали се шансите да се согласи да иде во Јапонија во вакви околности, плус тука е и цел оној муабет што го тера годинава а тоа е дека во иднина ќе се фокусира најмногу на слемовите.
Дефинитивно вреди жртвување на олимпијада и фокусирање на атакот за 4ти слем во една година.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не верувам да се откаже од ОИ, никогаш нема освоено, а веќе има 34 години. Ќе оди All in.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.363
Поени од реакции
47.132
Не верувам да се откаже од ОИ, никогаш нема освоено, а веќе има 34 години. Ќе оди All in.
У моментов огромни се шансите да се повлече, види и на пресот по освојувањето на трофејот у Недела што кажа, до дознавањето на деталите како ќе е во Јапонија беше дециден дека ќе оди, сеа од bubble у bubble со посјебани рестрикции, па пак низ истото и во Америка, пред месец ипол исто и у Париз ... тешко. Наведов повеќе причини зашто шансите да не оди у моментов се многу поголеми од тие да оди, од фамилија, вложен напор цел овој период кој веќе почнува да се одразува и врз неговата игра, до тоа дека нема да може да ги земе сите оние кои му се потребни за олимпијадата, а без кои тешко функционира, нарочито физиотерапевтот.

Единствено ете да тера на go with the flow моментот и серијата што ја врза, и да иде на нешто што не освоил али ова може да има и (голем) контра ефект за Америка така да бар ја конкретно навивам за опцијата да не оди ...
 
Член од
13 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
139
Федерер откажа настап на олимпијада, а големи се шансите и Новак тоа да го направи
Ова би било пресмешно да пропушти Олимпијада која се одржува на цели 4 години ради глупост ај да беше повреда у прашање ќе разберев...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.363
Поени од реакции
47.132
Ова би било пресмешно да пропушти Олимпијада која се одржува на цели 4 години ради глупост ај да беше повреда у прашање ќе разберев...
Нит е пресмешно, нит е преглупо, напротив, логично би било развојот на работите да е таков.
Прилика за да освои 4 слема у година еднаш у кариера доаѓа, не на секои 4 години, 3, 2, туку сеа и никад веќе, не се десило до сеа да иде у Америка со сите слемови у џеб. Идење на Олимпијада и те како ќе му ги наруши шансите за да атакува на трофеј во Америка и глупо е да се објаснува ова зашто е тоа така, доволно е да се наврати човек на сите мечеви што ги изигра на Вимблдон освен финалето и второ коло со Андерсон, му влијае веќе све она што го изигра до сеа сезонава, и на психолошки план и на физички.

Друго, фамилија, деца, да не ги глеа 3-4 месеци веќе исто е фактор конкретно за него кој сигурно ќе влијае на ова, а исто и да не се објаснуеме многу што како и зашто би значело неидењето и на Бадио со него во Јапонија, човек кој нарочито сезонава е од круцијално значење за Новак, без него никад немаше да освои АО. 34 години е, не 25, ова ко да забораваат сите иако самиот Новак црта дека е у фаза од кариера каде ќе се фокусира само на слемовите, а у моментов атак на сите 4 у една година > Олимпијада. :toe:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.022
Поени од реакции
116.855
Ова би било пресмешно да пропушти Олимпијада која се одржува на цели 4 години ради глупост ај да беше повреда у прашање ќе разберев...
ОИ за тенисерите се важни исто колку што и Карбао Куп за англиските посилни екипи. Факт е дека секој е горд да ја претставува својата земја на ОИ ама во однос на Слемови и Мастерси далеку помалце е вреднувана истата.

Новак со титула на УСО има можност да постигне уште едно неверојатно достигнување, 4 ГС титули во иста сезона, нешто што никој до сега не го направил, па сеа видете дали ОИ или УСО му е побитен турнир.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.022
Поени од реакции
116.855
Му кажував на другар уште после РГ дека у Лондон не се појавува Рафа.. трагично е ова што го прави секоја година ама го фатија и годините веќе и него за жал.. не очекувам да игра ни на Америчкава турнеа ниеден турнир.. па ни во Кина, мислам дека тоа е тоа од сезонава, бедна и очајна за жал.
Ќе игра уште во Вашингтон но добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom