ATP тенис - општа дискусија

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Надал денес го одржа првиот тренинг на трева на терените на Mallorca Open, турнир кој моментално се одржува во женска категорија.

Погледнете го поенот :)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Обратете внимание на Felix Auger-Alliasime.
http://www.atpworldtour.com/en/players/felix-auger-aliassime/ag37/overview

Дечково е Канаѓанец и со 16 години бележи фантастични резултати, ретко постигнати за таа возраст (можеби само Рафа). Изминатиов викенд го освои и првиот челинџер со што се искачи на 231во место. Лани со 15 години, играше полуфинале на Роланд, 1/4 на Вимби, го освои УС. Значи пазете, со 15 години против играчи што се 2,3 години постари од него. Имам гледано неколку меча, детево буквално нема ниедна слаба точка. Форхенд, бекхенд, движење(неам коментар), сервисот перверзија. Според мене за таков офанзивен играч омилена подлога би требало да му е бетон, ама конкретно освоениот турнир викендов беше на земја, така да...
Канада стана извор на тенисери/ки и покрај тоа што Раонич и Бушар веројатно не ги исполнија очекувањата, Шаповалов и Алиасим доста ветуваат.

Хајлајтс од финалето на челинџерот во Лион
https://www.youtube.com/watch?v=b5vQ32aPreE
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.162
Поени од реакции
107.614
Феликс беше забележан уште во 2015 на Челенџерите во Канада, Драмондвил и Гренби, кога со неполни 15 години играше ненормално добро. Му се држеше на Нишиока и го мачеше во три сета, а ги победи Витингтон и Дариан Кинг. Значи со 14 години....

Не ме чуди освоенава титула, го гледав цел меч против Руд во Лион, страшно одигра, СТРАШНО. И Руд е еден од поголемите таленти моментално, ама изгледаше ко мало дете покрај Феликс. Ненормално добар пакет поседува Феликс, висок е а многу подвижен, еластичен, добар во дефанзива, значи нема да му е маана дефанзивата во никој случај, офанзивно е перверзија, форхенд бекенд се тоа работи како саат и има многу силен сервис. Ќе видиме како ќе се развива ама за сега е ветувачки неговиот развој.
 
Финалето да го глеаше вториот сет :D Па и квоти колкави му даваат, частење.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Прв сет 6-0,опомена,поен одземен,гем одземен следно му е мечот :D Утакмицата ја игра само за да ја заврши лупа безвезе..... срамота како ги примаат вакви на турот ..........
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Најлош број еден... :confused: мученик
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Карлович, докторе,се да ти ебам.Само тој бе од 15 утакмици :гомце:
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Прв сет 6-0,опомена,поен одземен,гем одземен следно му е мечот :D Утакмицата ја игра само за да ја заврши лупа безвезе..... срамота како ги примаат вакви на турот ..........
Каков клошар... Ова посериозна суспензија заслужува. Што е ова дивеење бе, Мекинро вака не праеше.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.162
Поени од реакции
107.614
Каков клошар... Ова посериозна суспензија заслужува. Што е ова дивеење бе, Мекинро вака не праеше.
И он и Киргиос треба да бидат посериозно казнувани кога се понашаат вака, малце нема да им иде и одма им смета цел свет, кршат, пцујат, лупаат.. Маер на крај последниот поен го прослави како ГС титула да земал, а и со право, кретенов го изнервира до немај каде, класично непочитување на противникот, судиите и публиката.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
И он и Киргиос треба да бидат посериозно казнувани кога се понашаат вака, малце нема да им иде и одма им смета цел свет, кршат, пцујат, лупаат.. Маер на крај последниот поен го прослави како ГС титула да земал, а и со право, кретенов го изнервира до немај каде, класично непочитување на противникот, судиите и публиката.
Кирјос крши рекети, не се залага и слични ствари... Ама овој бе? Ова буквално дивеење е, коа му е тоа мавање мрежа бе, лупни му 6 месеци суспензија нека падне 300то место на АТП па нека ми игра челинџери во Бушан и Шенжен.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Најограничен тенисер Димитров заедно со Нишикори. Нема опции кога ќе тргне на лошо , никаква алтернатива нема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom