ITPL започна на 2. декември месецов и ќе трае до 11ти. Со тоа завршува тениската сезона, ако ова воопшто се смета за продолжеток на истата бидејќи не е во рамки на ATP / WTA.
Како вистинско загревање за новата сезона ќе се егзибиците во доцниот дел од месецот декември.
Давид Ферер и Дел Потро ќе одиграат 2 егзибициони меча во Аргентина, 27ми декември (Буенос Аирес), 28ми декември (Мар дел Плата).
Од 29ти до 31ви декември ќе се заокружи календарската година, ќе се одигра силниот егзибиционен турнир во Абу Даби на кој традиционално се натпреваруваат 6 играчи, годинава тоа ќе бидат (Мареј, Раонич, Надал, Бердих, Тсонга, Гофан).
За крај, каде ќе играат топ 20 играчите во машка конкуренција во првите 2 недели од 2017 пред АО?