Не сум изненаден од канал 5/5+, ова им премина во практика, очекувајте преноси од вторник или среда.
Не можам многу да коментирам за играта, поради моменталната мала брзина на конекцијата едвај успеав да видам нешто од мечот на Федерер и Вердаско.
Моја претпоставка е дека Федерер не е во најдобра форма, бидејќи дозволуваше рибрејк и еден анонимус како Сера, на двапати да го доведе до tie break. (двајцата имаа по 3 брејка)
Вердаско е константен во својата неконстантност. 31 винер и 53 неизнудени грешки. Со сервисот имаше големи проблеми, само 5 аса и дури 12 двојни сервис грешки.
Со таква игра ќе биде тешко против Чилич.