Браво за Надал!
Момакот победи иако мене не ме импресионира со играта. Прв пат му гледам цел меч, повеќе играше од основна линија, и тоа длабоко назад (што значи дека на брза подлога нема вака да му иде) на сервис слаб (не знам дали имаше некој ас, ама ми се чини дека немаше) неверојатно бробен и брз. Нешто слично како Хјуит само со далеку послаб сервис. Со оглед на тоа што е специјалист за земјени терени мислам дека нема да стигне до финале на Вимболдон и УС. А баш би сакал затоа што е млад.
Федерер правеше чудни грешки. Прв пат го гледам во вакво издание. Јас мислам дека сам се победи. Неќам да му ја оспорувам победата на Надал ама не сакам тенисери што еднаш во 3-4 гема ќе се одлучат да нападнат. Невидов статистика на крај ама мислам дека Федерер имаше премногу неизнудени грешки. И како што рекоа на крај од Еуро Спорт среќата овој пат беше на страната на литл-бој како што го нарекоа.
И уште еден коментар од Еуро Спорт - шампионот сигурно ќе се врати. И тоа веќе на Вимболдон.
А на Надал му посакувам да го освои овој турнир. Дете е .. ќе се радува
