Psyside stefan-kobe Игор Ј. RocknRolaa Божино Петар Р. и @останати, не ми текнуе во моментот, дај бе малце по активни, срам ме фати сам си коментирам, барем нека има опција сам и да си лајкам.
Што е сеа, Надал повреден и нема да настапува до АО 2013 и вие не глеате тенис/коментирате?
Интересни турнири има моментално, можеби не така атрактивни, ама доста интересен тенис се игра, поготово во Стокхолм каде во 1/2 финале ќе се сретнат Алмагро - Бердих и Цонга - Багдатис, Алмагро како што имам пишано поназад се бори за влез на завршниот турнир во Лондон, па секој поен му е битен. Конкурентот негов за тоа 9 (поточно 8 место, ако се знае дека Надал нема да настапува на турнирот), Србинот Типсаревиќ исто така се пласира во 1/2 финале на турнирот во Виена, ќе игра против Земља од Словенија, во другото 1/2 финале ќе се сретнат Дел Потро и Мулер, ако се оде според планот финале треба да гледаме помеѓу Типса и Дел Потро.
И во Москва се игра добар тенис, со најголем награден фонт е, но фаворитите кои беа пред почетокот на турнирот, отпаднаа во рана фаза, па најпознато име во 1/2 финалето ќе е Иво Карловиќ, ќе игра против Томаш Белучи, а во првото 1/2 финале ќе се сретнат, изненадувањето на овој турнир Језири против Сепи од Италија.