RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Океј ајде истово прашање ама во обратна насока. Зошто Роже не се адаптирал на промените на терените за да ја продолжи доминацијата? Работава ќе излезе дека како и да свртите или Новак и Надал не се толку добри или пак Роже не е добар. Муабетов понеблагодарен не може да биде.А ако тенисерите денес се прилагодуваа на сите подлоги тогаш зошто Надал и Џокович не се прилагодат сега на Мадрид? Ако дојдат пак следанта година и настапат, ок ке признаам дека си во право.Ама биди сигурен дека ке јадат гомна уште и дека направат што можат се врати старата подлога.
Не постои спорт на планетава кој не претрпел измени. Земи го кој сакаш пример. Фудбалот во 90 тите со овој сега, не може да се спореди. За оној па од поодминати години ич муабет да не правиме. НБА денес и некогаш е многу поразлична. А пази и денес го поставуваат она смешно прашање: Дали Џордан би се снашол во оваа лига денес? Па тоа се две различни работи мајке му. Да не забегувам оф топик со набројувањето.
Друга работа е што во време на доминација на Федерер, Надал беше втор подолго време. За да стигнеш до втор значи си се адаптирал на секоја можна подлога, зашто поените не доаѓаат сами по себе, туку со освојување турнири. Еве Ноле запна, ја адаптираше играта на сегашните услови и стана прв. Промените нема никогаш да застанат. За 10 години со сигурност тениската игра ќе се промени особено во делот со условите. И што со тоа? Ништо. Ќе се адаптираат спортистите и толку.
Што се однесува до Мадрид, прво утврдивме дека Надал не го поврза својот пораз со подлогата туку рече: Изгубив зашто заслужив. Патем, коментаторот на спортклуб ми се чини кажа дека според испитувањата, теренот навистина ги немал својствата на вистинска земја. Нешто со тапкањето и подлогата врз која е ставена истата беше напоменато. Мадрид е еден турнир со таква експериментална подлога и не гледам зошто е толкав баук ако сакаат да се повлечат од него. Факт е дека она не беше земја како оваа во Рим, Барселона или Монте Карло. Се виде. Може да тераме инат, ама се гледаше по самата игра дека благе нема везе со земја. Погледнете го само клизањето на терен во Мадрид со ова на Рим. Има разлика нели? Е сега ќе ми рече некој имале една недела време за адаптација пред да откажат учество на истиот. Како прво, разликата во поени меѓу Рафа, Роже и Ноле е многу мала, ниеден од нив не е луд да се откаже од поени тукутака во оваа состојба без нити да проба да го одигра турнирот. Пробаа со пресинг уште кога организаторот најави промени, не им успеа, одиграа и излезе дека сите биле во право. Ако не, нека воведат уште една подлога, па тогаш барем официјално ќе се знае дека тоа не е земја и ќе се вежба играта на тенисерите на неа. Вака да викаш дека некој игра на земја, кога благе везе нема, е смешно.