ATP тенис - општа дискусија

L

Löwe

Гостин
Штета што Надал решил да го прескокне турнирот во Дубаи, ќе имаше големи шанси конечно да го победи Џоковиќ. (ама Марко :D )
И од порано не го играл Дубаи многу многу, Февруари скоро секогаш го прескокнува
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Победа на Ноле во првото коло во Дубаи, против Германецот Штебе до 6-4 6-2 :)
Пораз на Марко Џоковиќ од Голубев со 6-3 6-2
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Се намачи малце во првиот сет, ама добро, после АО нема играно тенис, си го ладеше тоа време, па првите 2-3 кола ќе биди овака „напнато“ со послабите..додека се приспособи.

Многу силен турнир е овој во Дубаи, од Топ 10, учествуваат 7мина тенисери, без Надал, ама тука се Федерер, Мареј, Дел Потро и остала багра..
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.034
Поени од реакции
3.615
Се знаеше дека ќе изгуби Марко, далеку е од било кој тенисер во топ 250.
Го нема тој талент како Новак, за најмладиот брат допрва ќе видиме :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Тешко, тешко Ноле го победи Стакховски, 7-6 6-3... Првиот сет се идеше гејм за гејм, без брејкови... Додека на почетокот на вториот Стакховски зеде брејк и поведе со 3-1... Потоа Ноле додаде гас и зема 5 гејма по ред и победи...

Трето коло или 1/8 финале, Ноле vs Јанко :D
 
L

Löwe

Гостин
Тешко, тешко Ноле го победи Стакховски, 7-6 6-3... Првиот сет се идеше гејм за гејм, без брејкови... Додека на почетокот на вториот Стакховски зеде брејк и поведе со 3-1... Потоа Ноле додаде гас и зема 5 гејма по ред и победи...

Трето коло или 1/8 финале, Ноле vs Јанко :D
Јако ќе биде, и нормално очекувам победа на Типса :D
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Овој Типсаревич трагикомедија невидена е. Можеше слободно да го земе вториот сет :facepalm:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.872
Поени од реакции
16.079
Битно послем мечот ќе пијат пиво, ако веќе и не го испиле додека го пишувам постот.:cool:
Како и да е, утре ќе гледаме добри 1/2 финални мечеви.
Новак-Мареј
Федерер-Дел Потро/Цонга
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.034
Поени од реакции
3.615
Утре сум на училиште од 14, ништо од гледањето добар тенис :( Но, ако ништо друго ќе го гледам финалето :D
 
L

Löwe

Гостин
Нема шо да гледаш, јас че ти ги кажам финалистите.
Мареј и Федерер
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.034
Поени од реакции
3.615
Нема шо да гледаш, јас че ти ги кажам финалистите.
Мареј и Федерер
А тебе така ти одгораше, да изгуби Новак?
Шала на страна, Мареј беше чуден денеска, не знам дали беше повреден или што, не беше во ред. Тешко да тепа Мареј...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Новак и Федерер ќе играат финале :pipi:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Во исчекување на полуфиналето, морам да посочам едно видео, како очигледен доказ за успорувањето на терените и значителната промена на играта со текот на годините, со примарна цел доминацијата на Федерер да заврши, како и профитот од мечевите - спонзорите да се зголеми, имено мечевите сега се со подолга размена на удари (релиа) многу е потешко да освои винер, топките имаат поголем баунс - (на нив беше извршена беше промена исто така) и многу други работи да не ги набројувам сега што го прават спортот теоретски поинтересен/актрактивен и возвудлив за новите фанови но и исцрпувачки и нехуман за голем дел од тенисерите. Тука би додал една изјава на еден спортски новинар, кој изјави: ниту еден спорт каде што доминира еден спортист не е интересен, помал интерес = помал глобален профит од истиот спорт, парите и маркерингот си го прават своето.



Ако некој мисли дека ова го посочувам затоа што сум фан на Федерер и не држи вода.....ќе го поздравам со моменталниот скор на Федерер на вистински тврда подлога (25-0) во мометов, додека ако од тој скор се земат во предвид дуелите со Надал ќе добиете скор од 6-0, мечеви во кои Надал освоил само 3 сета, ова го посочувам затоа што Надал е најсилниот и единствениот доминатен тенисер во дуелите со Федерер, што докажува дека Федерер е без трошка сомневање најдобриот тенисер во историјата на вистински брзи подлоги. Да се вратам на темата и да го оставам ривалитетот на страна, останати средно брзи/брзи подлоги се следните:

Базел, Синсинати, Дубаи, Ротердам, АТП ворлд тур, додека пак во моментов грен слем турнирите се скоро еднакви според начин на игра, т.е. разликата помеѓу RG, и AUS Open е многу помала него што беше порано, тревата е сега еднаква на брзината на старите тврди подлоги, додека сегашните тврди подлоги се толку спори што според динамиката на играта и одскокнувањето на топката би биле еднакви на терените со земјена подлога пред 10-на години, тука неморам да спомнувам дека терените со земјена подлога се и додатно успорени за разлика од порано, што е за мене несватливо и на некој начин мамење.Еве ако се земе RG како пример, на овој турнир воза да освоиш винер треба да погодиш најмалце 3/4 пати по ред во самиот агол, екстремно брзо и длабоко (генерално) поготово против тенисери од топ 5 ранг листата, ако ова се спореди со вистинска брза подлога ќе добиете резултат од само 1 или 2 потребни такви удари за да се освои поенот со винер.

Истово би го тврдел доколку терените се убрзаат повеќе него што треба верувајте ми...никој несака да гледа константи serve and volley поени, но од друга страна, сте виделе ли некој да игра сега на тој начин, НЕ! а знаете зошто? затоа што тој стил сега би ве донел до 9 од 10 порази доколку против себе имате играч од типот на Мареј, или Џокович, или пак било кој играч кој е добар во одбрамбената игра т.е. играч кој е физички на високо ниво.

Повелете,

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ау каков старт за Мареј. Секоја чест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom