Во исчекување на полуфиналето, морам да посочам едно видео, како очигледен доказ за успорувањето на терените и значителната промена на играта со текот на годините, со примарна цел доминацијата на Федерер да заврши, како и профитот од мечевите - спонзорите да се зголеми, имено мечевите сега се со подолга размена на удари (релиа) многу е потешко да освои винер, топките имаат поголем баунс - (на нив беше извршена беше промена исто така) и многу други работи да не ги набројувам сега што го прават спортот теоретски поинтересен/актрактивен и возвудлив за новите фанови но и исцрпувачки и нехуман за голем дел од тенисерите. Тука би додал една изјава на еден спортски новинар, кој изјави: ниту еден спорт каде што доминира еден спортист не е интересен, помал интерес = помал глобален профит од истиот спорт, парите и маркерингот си го прават своето.
Ако некој мисли дека ова го посочувам затоа што сум фан на Федерер и не држи вода.....ќе го поздравам со моменталниот скор на Федерер на вистински тврда подлога (25-0) во мометов, додека ако од тој скор се земат во предвид дуелите со Надал ќе добиете скор од 6-0, мечеви во кои Надал освоил само 3 сета, ова го посочувам затоа што Надал е најсилниот и единствениот доминатен тенисер во дуелите со Федерер, што докажува дека Федерер е без трошка сомневање најдобриот тенисер во историјата на вистински брзи подлоги. Да се вратам на темата и да го оставам ривалитетот на страна, останати средно брзи/брзи подлоги се следните:
Базел, Синсинати, Дубаи, Ротердам, АТП ворлд тур, додека пак во моментов грен слем турнирите се скоро еднакви според начин на игра, т.е. разликата помеѓу RG, и AUS Open е многу помала него што беше порано, тревата е сега еднаква на брзината на старите тврди подлоги, додека сегашните тврди подлоги се толку спори што според динамиката на играта и одскокнувањето на топката би биле еднакви на терените со земјена подлога пред 10-на години, тука неморам да спомнувам дека терените со земјена подлога се и додатно успорени за разлика од порано, што е за мене несватливо и на некој начин мамење.Еве ако се земе RG како пример, на овој турнир воза да освоиш винер треба да погодиш најмалце 3/4 пати по ред во самиот агол, екстремно брзо и длабоко (генерално) поготово против тенисери од топ 5 ранг листата, ако ова се спореди со вистинска брза подлога ќе добиете резултат од само 1 или 2 потребни такви удари за да се освои поенот со винер.
Истово би го тврдел доколку терените се убрзаат повеќе него што треба верувајте ми...никој несака да гледа константи serve and volley поени, но од друга страна, сте виделе ли некој да игра сега на тој начин, НЕ! а знаете зошто? затоа што тој стил сега би ве донел до 9 од 10 порази доколку против себе имате играч од типот на Мареј, или Џокович, или пак било кој играч кој е добар во одбрамбената игра т.е. играч кој е физички на високо ниво.
Повелете,