Атлантида - Македонија - Александар

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Stoimenov
  • Време на започнување Време на започнување
Лет 1,2,3,..............................твојата теза за од кога настанале македонците е многу лаечка,и не заборавај дека сум македонец и ја бранам Македонија со научни и аргументирани факти,историски и научно докажани,затоа ако сакаш биди поконкретен за народот македонски,вака никој не можа да те свати,едноставно смешно е.

Ти имаш врска со наука колку и баба ми со атомската програма на Северна кореја.
Значи за тебе е смешно да постоеле Македонци но не е смешно да пред Македонци постоеле Тракијци (за кои вие бугарите тврдите дека сте нивни потомци) а за тебе озбилна историја е дека Македонци настанале од како некој на некои безимени племиња му назначил крал кој се викал Македон. Македонија како земја се поменува од кога прв пат човекот запишал нешто. Постои и пред да се спомене грција, албанија, србија, бугарија. Постои Македонија и пред да се напиши Библија и пред Тракиците да долутаат овде прогонувани од глад од последното ледено доба. Македонци и Македонија има континуитет од првите луѓе кои живееле овде до денешните Скопјани, Битолчани, Охриѓани, Кавадарчани.пред и некој крастав Тракиец да се довлечка на балкан полугладен и да почни да лови гуштери и скакулци, Македонците веќе си имаа своја историја.
 
Додека Таоса е ќерка на Форк, односно внука на Понт и правнука на Етер, од што се подразбира дека татко на Понт е Етер. Оваа родословна гранка води до самиот Хаос, односно почетокот на нашето памтење преку постоечките записи што ни ги нуди историјата како наука.
Пред да продолжиме со следењето на Полифемото родоначелство, да кажеме дека прв владетел со светот по Хаосот бил кралот Етер, по него владееле Крон, Понт и Јапет - неговите синови, со што доаѓа до делење на териториите на тогашното единствено кралство или царство кое се протегало на трите континенти меѓусебно поврзани со копно, Европа, Азија и Африка.
Продолжува делбата на териториите со кои владеел со Скитија и Мала Азија, односно териториите лоцирани околу Црното Море кое тогаш се викало Понтско Море, а државата со која владеел Понт – Понтида. Подоцна ова кралство им припаѓа на синовите на Форк - Зевс и Посејдон, кои се судираат со синовите на Јапет - Атлант и Прометеј, со тоа што спрема легендата излегува дека Зевс го оковал Прометеја на една карпа на планината Кавказ, оставајќи го да ги окајува своите гревови, а Атланта го казнил така што на својот грб да го држи небото над Африка.

Почнал со бројката еден, кое броено од сега наназад би била 7512 кога се појавил кралот Полифем, односно од која година, не е утврдено, но приближно доста одмерено може да се каже дека неговата родословна гранка продолжува со неговите и синовите на сопругата му Галатеа, ќерка на Нереј, а правнука на Етер.
Значи Полифем и Галатеа изродиле три сина на кои им дале имиља Илириј, Гал-Галат и Келт кои по заминувањењто на татко им стануваат родоначалници на три големи територии и три народи кои по нивното име го добиле името Илири, Гали и Келти, односно ги нарекле териториите Илирија, Галија (Галатеа) и Келтида.
Од изнесеното се гледа дека кралството на Полифем се дели на три дела, а тоа е главно денешна Европа, бидејки и сега таа е населена со потомците на тие три народи, иако сега се јавуваат со нови имиња. Продолжуваме со следење на родословното стебло на кралот Илириј и неговата жена Електра, бидејки тој е крал на Балканот, во чиј состав сме и ние, додека што се се одвивало на просториите на останатиот дел на Европа ќе добие свој епилог само по себе

Илириј и Електра под своја власт ги имале териториите на денешна: Сбија, ЦрнаГора, Словенија, Хрватска, Македонија, Ромaнија, Бугарија, Молдавија, Украина, Албанија, Босна, јужниот дел од Русија и населениот дел од денесна Грција.
Дека е тоа навистина така потврдува податокот што освен во Албанија, Грција и донекаде во Романија, се зборува на ист или сличен јазик, се пишува на исто или слично писмо, распро- странети се исти или слични обичаи, на новороденчињата им ставаат исти или слични имиња, се негува ист или сличен фолклор и разни други нешта.
Времето како и за другите жители на Земјата, така и за кралот Илириј, и кралицата Електра минело, и тие изродиле голем пород - девет синови и една ќерка. На синовите им ги дале следните имиња:
Автариј, Јасон(Јасион) Дардан, Таулат, Перхеб, Дарт, Парт, Енхелај и Дисар. Единствената ќерка ја нарекле Хармонија.
Имињата на синовите на Илириј не се наведени по редослед на раѓањето. Кралот Илириј постапил како и неговите пре- тходници, така што на своите потомци им доделил дел од своето кралство така што стасувале со годините, и се стекнувале со способност да владеат. По смрта на кралот Илириј своите територии над кои имале воспоставено влад- ение ги нарекле по своето име, но и народот бил наречен соодветно, пр:Дарданија-Дардани, Автариј-Автаријати,и.т.н
Ако почнеме да госледиме историјатот на илирската држава, за која многу историчари тврдат дека по Хаосот е првата конституирана држава, Балканот и пошироко, е токму таа со нејзиниот прв поглавар Илириј, син на Полифем, брат на Галат и Келт.

Родословната компонента е пат што навистина дава солидни можности за утврдување на генезата на народите и нивните територии од самиот почеток.
Ќе се обидеме да го следиме тој пат. Веројатно кралот Илириј не го поделил кралството Илирија на своите синови одеднаш, туку кој како стасувал и созревал во личност што може да управува и раководи со делот од кралството што ќе му биде доделено, но тешко да се најде пишан матерјал за тој процес во постоечката литература. Во главно од постоечките пишани матерјали може да се види дека кралските наследници во своето владение ги добиле овие територии:

Зетот Кадмо, кој за жена ја зел Хармонија ќерка на кралот Илириј, ја добил територијата околу денешна Будва во Црна Гора, каде гради еден град,кој го нарекува раководејќи се од своето име Кадмеја. Жителите на таа територија стану- ваат Кадмејци, кралството Кадмеја.
Автарие во владение ги добива териториите што денес ги имаат во владение Србите, дел од Р.Бугарија по венецот на планината Родопи и реката Места се до Егејско море.
Парт добива територија околу реката Дрина и тоа по југ од нејзиното течение. По таа територија и народите се наре- куваат Партинија и Партини.
Северно од Партинија териториите околу Сава ги добива Дарт, јужно од Дарданија кон Јадранско море се териториите на Дисар.
Таул добива територија јужно од Кадмо, покрај Скадарското езеро, во дел од денешна северна Албанија, јужно од него се териториите што се под влијание на Анхелеј, што значи поголемата територија на денешна Албанија.
Северниот дел од Епир и дел од денешна Македонија, нејзиниот југозападен дел го добива на владение Перхеб, јужно од него тогаш населениот дел од денешна Грција го добива Јасон, кој народ што живеел на тие териттории го нарекува Јаси или Јасонци.
Дардан добил дел од кралството Илирија меѓу териториите на Автариј, источно од Таул, Перхеб и Јасон, односно дел од северна Македонија, Косово и дел од јужна Србија. Исто и тој го нарекол делот што го добил Дарданија, а народот Дарданци.
Така било запишано во некои писанија од кои историчарите се труделе да извлечат несоборливи вистини врз основа на постоечките докази и ни го презентираат нашето минато исполнето со што поприсатната објективност.
Мораме притоа да признаеме дека постоеле, постојат и ќе постојат потешкотии за потврдување на вистината со обзир на се низ што минала оваа цивилизација.

Како што ни сите прсти на рацете не се исти, така и сите чеда на кралот Илириј и Електра не биле обдарени со еднакви способности да владеат и да го сочуваат своето кралство. Во случајов Илирија.
Во некои пишани матерјали стои дека Дардан уште во животот на кралот Илириј го шири своето кралство на сметка на своите браќа одземајќи делови од нивните територии. Одземањето територии од послабите кралства подразбира и војни меѓу браќата наследници, така што новосоздадените држави час станувале помали, час поголеми.
Со тек на времето на балканските простори под силната рака и карактерот на кралот Дардан се создава кралството познато како Хетитиско кралство,од кое подоцна се создава и државата наречена Троја или Троада.
Хетитиското кралство, подоцна Троја-Троада или Илион,

нашата историја (македонска) како и на соседите, од времето на самиот почеток на формирање на посебностите на народите кои се издвојуваат од целината, процес кој траел многу години за кои се одвивале разни нешта, што по вина на човекот, но и од дејствија од самата природа за кои можеме да потврдиме дека и денес не сме далеку од тие процеси кои водат кон уништување на придобивките од минатото.
Предмет на нашето писание како што рековме е историјата на етногенезата на Македонија и македонскиот народ и се што е во заемност со неа и нејзиниот народ.
Значи, Илировото кралство се поделило на дест дела и се формирани десет кралства што представуваат посебни држави кои во историјата се забележани како што наведовме претходно. Во нашиов случај во понатамошното писание ќе ја следиме историјата на Јасите, Автаријатите и Дарданите за која сметаме дека ќе не одведе до посакуваната цел.
Автариј и Автаријатите имаат своја историја од која заклучуваме дека неговото кралство го остава на синот Паон, кој го нарекува Паонија. Во подоцнежните години им одредува територии на своите синови Трибал и Скодар кои синови успеале да донесат такви закони што нивните наследници да ги сочуваат тие имиња на државите Трибалија и Скодрија, но и територијата да им остане цела, што се гледа и од пишаниот матерјал кога Филип Македонски, кра- лот на Македонија, го шири своето кралство војувајќи со овие народи.
Кралството Трибалија и Скодрија имале свои потомци, од кои во ова прилика ќе спомениме дека кралот Трибал го имал синот Миној кој стапил во брак со Трачанката Тарса и имале два сина, Адрија и Оксил. Според Адрија денешното Јадранско Море го добило името. Кралот Адрија го имал синот Јонион, според кого јужниот дел од Јадранското Море е именуван како Јонско Море, а народот наречен Јонјанци или Јонци и така натаму.
Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија.
 
Ова малку офтопик ама целава секција стана банална преплавена е само со коментари на двајца членови на форумот и нивното преклопување.
 
Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија.
Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато.

Додека на крајот на југ на Балканскиот полуостров кралство создал синот на Илириј и Електра, Јасион или Јасин кое како што рековме го нарекле Јасонија со народ Јасонци или Јаси кои можат и денеска да се сретнат на просторот околу Крстина, Хрватска населени од Епир во денешно време.
Многу автори во своите дела напишани за подемот на македонската држава особено под раководство на кралот Филип втори Македонски и неговиот син Александар трети Македонски споменуваат дека со своите војски војувале со соседните народи како што се: Перхеби, Тауланти, Дардани, Паонци, Трибали и Трачани.
Знаеме дека Филипа дошол на кралска позиција во Македонија во 361 год. п.н.е, а тоа е податок дека и покрај тоа што за неколкуте милениуми години пред него се измениле многу кралеви како во овие држави така и во неговата, народот под раководство на тие кралеви го менувал името, и името на својата територија, но сепак успевал и да си го врати некогашното.

,,Таулантите биле моќно илирско племе населено околу Епидамна, денешен Драч, во денешна Албанија,,.
,,Автаријатите биле исто така илирско племе населени северно од Таулантите,,.
Аријан во истото поглавје вели: ,,дека Александар со војската се движел по реката Еригон, денешна Црна Река во Паонија - кон градот Пелиј, град во Илирија, кој кралот Клито го држел во свои раце како најдобро утврден во тоа време, со обѕир на неговата локација во планината Пелиј. Кога Александар ста- сал до реката Еордика, сега Девол, се улогорил.
Реката Еордика била во Илирија,,.
Квинт Куртиј Руф во своето дело: ,,Историја на Александар Македонски,, во книга прва, глава 5 наведува:
,,Кога се враќал Филп од Скитија со голем воен товар, минувал низ земјата на Трибалите, а тие ги зафатиле погодните места и не му допуштале да премине ако не им даде од пленот,,.
Во војската на Филип втори Македонски имало и Грци како наемна војска, кои тешко ги поднесувале неволјите, како и лишувањето од привилилигиите што ги уживале. Поради тоа се јавил бунт во кој изгинале многумина од двете страни, а кралот Филип бил ранет во бедрото. Раната била многу тешка и му остава трага се до неговата смрт.

Еве што пишува таканаречениот татко на Историјата, Халикарнишанин Херодот, во своето дело:
,,Херодова,Историја,,.
,,Од моето време до Тројанската војна има најмногу осумстотини години,од моето време до Дионис, синот на Кадмовата ќерка Самела, има илјада и шестотини години,,.
Дионис, запишан во многу истории како најславен и најголем освојувач, живеел и творел приближно пред повеќе од четири илјади год. п.н.е. Тој имал син по име Македон, кого по враќање од Медија го поставил за крал на Тракија и по кого подоцна своето пошироко кралство го нарекува Македонија.
Поаѓајки од овој податок може да се заклучи откога потекнува името на Македеонија и колку време го носи тоа име, како и дека пред тоа народот бил и останал со исконско потекло од родоначалникот Илириј.
Наведеното нека послужи како вовед во она што значи ориентација за времето во кои настаните подоцна добиваат свои димензии.

Авторот на Историјата за која станува збор во делото наведува дека конечно Паонците, односно племињата паонски што живееле околу езерото Прасијада, Сиропаонци, Пајоплите и др. биле протерани од своите живеалишта додека тие што живееле околу планината Паонгај, Доберите, Агријаните, Одоманите, како и тие што живееле на самото езеро, не биле покорени.
Кога сме кај планината Паонгај да спомениме дека градот Амфипол опфаќал еден огранок од оваа планина, сместен на 4км. од Белото Море, кој се префрла на на десниот брег на реката Стримон-Струма. Сместен на Виа Игнација, главен пат за комуникација меѓу Рим и Истокот. Овој град господарел над единствениот лесен премин за да се продре од бреговите на заливот Контеса во низината Македонија. Стримин-Струма прави еден полукруг околу него и го заштитува на тој начин од север, запад и од југ. На исток градот се поврзува со планината. Понатаму Херодот раскажува: ,,Откако ги покорил Мегабиз Паонците-Пеонците испраќа пратеници во Македонија кај кралот Аминта да бараат земја и вода за кралот Дареј. Од езерото Прасијада има еден сосема краток пат за Македонија .Прво нешто што е до езерото е рудникот од кој подоцна Александар први Филхеленот секојдневно му доаѓало по еден талант сребро. По рудникот зачекоруваме на планината што се вика Дисарон и веќе сме во Македонија,,

пратешли ме лет1,2,3, уште не сум завршил за формирање на македонија.
Се обидовме преку овие извадоци-цитати од делата на Аријан, Јустин или Помпеј Трог, Квин Куртиј Руф, Херодот да ја прикажеме состојбата на Балканот врзана со настаните што се случувале непосредно пред и за време на почетокот на создавање на македонската империја.

Постојат и други авттори како што се Плутарх, Тукидит, Страбон, Псевдо, Калистен од античкиот свет, кои главно пишуваат за идентични состојби. Нивниот пример е следен и од поновите автори на античката историја, бидејќи тие им се извори, но со присуство на субјективизам и невистини што најверојатно доаѓаат од политички причини. Не е напразно ако се обидеме некои работи што се изнесени во овој матерјал ги дообјасниме, и бидеме поблиску до читателите.
Херакле, античкиот јунак од Арголида – синот на Амфитрион и Алкамена е историска личност која завзема видно место во престројувањата меѓу народите пред и по Тројанскатса Војна. Ние немаме намера да се занимаваме со неговите патешествија, но преку нив доаѓаме до сознанија интересни за нашето писание.

Чичкото на Херакле, Евристие бил крал на тогашната држава Арголида. Самиот Херакле се стекнувал со голема храброст од која дури и Евристие се плашел и сакал внукот да му биде што подалеку од неговото кралство, и од тие причини му давал задача како војсководец да војува надвор од Арголида за да не изврши удар во кралството.
Од тие причини јунакот Херакле ги направил подвизите во тогаш познатиоѕ свет. Меѓу другите историчари и Јустин го наведува во своето дело: ,,филипова историја,, и во книга 42. глава 2 вели:
,,Арменија се протега од Каподокија до Каспиското Море,, Основана е од Тесалиецот Армениј, придружникот на Јасон кој што кралот Пелиј сакал да го погуби поради неговата исклучителна храброст што ја сметал опасна за неговото кралство. Одкако му објавил војна тој му заповедал на Јасон да замене на Халкида и да го донесе она знаменито за сите народи ,,овново руно,,.
Пелиј се надевал дека Јасон ќе загине. Кога се слушнало за овој толку славен поход и кога кај него се насобрале влдечките првенци речиси од целиот свет, тој од нив составил војска од многу храбри мажи кои биле наречени Аргонаути.
Откако Јасон извршил многу подвизи се вратил назад жив и здрав и синовите на Пелиј повторно го изгониле од Тесалија. Тогаш Јасон со огромно множество луѓе кои откако слушнале за неговата храброст секојдневно доаѓале.

Имено, рековме дека Илириј имал девет синови и една ќерка. Времето во кое се појавил Илириј на европска сцена може да се лоцира меѓу четвртиот и петиот милениум, почнувајки од денес на назад.
Ако тврди Херодот дека од него до Дионис имало разлика во време од илјада и шестотини години, тоа се заедно со тие читиристотини години пред појавата на Херодот два миле- иума. Ако е точно, а треба да веруваме дека е така, должината на владеењето на тогашните кралеви е седумдесет години, тоа значи дека треба да се додадат годините на Дионис, околу дваесет, на Самела, неговата мајка, како и годините на Кадмо, од тоа произлегува дека се работи за околу четири илјади и двесте години на држави како што се: Автарија, Дарданија, Македонија, Перхебија, Паонијa, Тавлантија, Кадмеја, Тракија ,чии родоначалници произлегува дека се нивните први кралеви, синови на Илириј.
Додека кралот Дионис во историјата на тогашниот свет се појавува во разни имиња како што се: Рамзес први, Рамзес втори, Озирис ,Амон Ра, Ороталт, Рампсинит, Загреј, Апид, Серапис, Бекхос, Усире и др.
Овој крал – бог Дионис познат како најголем освојувач во тогашно и сегашно време кој во својот долг живот, изродил со своите вонбрачни жени, љубовници многу машки потомци меѓу кои и самиот Македон. Македон го имал со својата немажена свеска.
Постојат и други предпоставки дека родоначалникот на македонците потекнува од други родители, но спрема: Домазетовиќ ,,Античка Македонија,,

Како најприфатлива предпоставка која се совпаѓа со времето кога и јасите се преименуваат во македонци како што и бил обичај во тогашно време се ставаат имиња на држави и народи спрема името на кралот во случај со Македон крал на трачаните и македонците.
Понатаму Македон има два сина Пиер и Емат по чие име биле именувани териториите со кои владееле.
Авторите на тврдењата дека Македон е основоположник на името на Македонија делимично се разидуваат во времето на појавувањето на Македон, но како и да е, се птретпоста- авува дека времето може да се лоцира помеѓу 1 500 год.п.н.е Што значи дека оваа територија на денечна Македонија, денешна Грција и Тракија некогаш имале заедничко име Македонија.
Историјата како наука не може точно да даде одговор кога и каде се одиграла Тројанската Војна, со што многу се отежну- ваат работите околу утврување на последователните настани од тој временски период, што навистина само по себе претставува чудо. Некои научни работници од таа свера тврдат и застапуваат едно мислење, а на спроти нив други го тврадат спротивното, односно целосно го негираат претходното тврдење, од што произлегуваат несигурности кај обичните читатели на историјата од тој период.
Кнкретно нам ни се наметнува да бираме меѓу сите научно историски тврдења дека највистини се оние кои нудат логичност помеѓу нештата како на пр: дека Јонското Море е меѓу Грција, Албанија и Италија, а не покрај бреговите на Мала Азија, каде што некои историчари ја лоцираат Јонија како држава, или пак таа е настанала по одвивањето на граѓанска војна како еден вид светска војна.
Од постојаната историска литература до колку истата внимателно и објективно се прочита и протолкува ќе се заклучи дека кралот Дионис со своите дејствија на воен и економски план, како да бил предвесник за случувањата врзани пред и после Тројанската Војна.

Лет1,2,3,.................................зошто се исклучи уште не сум завршил за доказите за Македонија.

Споменатата војна спрема мислењето на некои историски истражувачи навистина била светска војна со оглед дека во тоа време го зафатила познатиот свет исфрлајќи протагонисти од типот на Херакле, Пријам, Хелен и др.
Македонија во тоа бурно време како и останатите држави ја зафатила борбата за опстојување што е многу тешко да се опише во еден ваков временски и просторен теснец.
Ќе напомениме дека таа не можела да ги одбегне настаните на процесите кои траеле повеќе десетици години и каде доаѓало до менување на кралеви и територии како на филмска лента.
Било како било историјата како наука ќе истражува и ќе докажува некои тврдења ќе ги потврдува, а некои ќе ги негира и така во недоглед, но сепак евидентно е дека Македонија е држава која менувала кралеви, кои и го менувале името раководени од нивното име, но народот кој живеел во неа од некои па до сега останува со исти или слични традиции, особености и посебности во однос со сите од подалечното соседство.
Ќе ни треба многу време и простор да ја презентираме историјата на Македонија и нејзините соседи во времето од Тројанската Војна па до појавата на македонските кралеви од династијата Темениди почнувајќи од Пердика први но затоа пак ќе се потрудиме да напоменеме за периодот во кој се појавува кралот Хелен, син на Пријам кралот на Троја.
 
Хелен како уважен и голем антички пророк имал бурен патешествен живот кој го довел во ситуација да стане крал на Хелада, денешна Грција, но територијата и народот кој живеел во неа не биле така именувани од самиот Хелен како што досега било обичај, туку од неговиот наследник – синот Кестрин кој по смрта на неговиот татко земјата ја нарекол Хелада, а нородот хелени. Кои се територии од тогашниот свет влегувале во кралството на Хелен и во кои држави сега се наоѓаат е тема за друго списание, но за нас е важно дека хеленизамот се појавува на историската сцена многу подоцна од колку македонизамот кој те се појавува, те се губи како некоја река подморница се до доаѓањето на власт на новата династија на кралеви Аргеади – Темениди од како што рековме Пердика први.
Секоја од овие држави има своја историја, време низ кое нејзините народи минеле, проткаено со добро или лошо, со војни и мир и со градење на своја култура, која пак сведочи за нивната самобитност.
Од изнесеново преку извадоците од споменатите автори јасно се гледа каква била геополитичката состојба на Балканот, кои народи биле присутни и со кои народи се судрил таткото на тогаш современата Македонија, кралот Филип втори Македонски.
Од ова читателот може сам да ги извади заклучоците што му се потребни за да ја утврди вистината за генезата на тогашните жители на балканските држави и на крај да се убеди дека на тие територии живееле народи што потекнуваат од ист корен.

Преку изградената култура и нејзините сведочења можеме да ја следиме и судбината на државата. Тоа ќе ни одземе многу време и простор во овој случај но во ова сегашно време, со обѕир на повампирените националисти на Балканот, потребно е да им се каже на таквите дека се на крив пат.
Времето течело за соменатите народи, но течело и за останатите за нивните соседи, па ние во понатамошното наше излагање ќе се обидеме преку историјата на Македонија да ги следиме и фактички состојби на останатите народи на Балканот.

Мислам дека за денес е доволно,и нека утврад членовите на форумов кој е Бугарот.
 
Абре Проф.

Некои од фактите околу пирамидите,стрикно ти се однесуваат на Кеопсовата пирамида???На пр за Пол-центар,Пирамида-Центар?


Да за Кеопсовата:helou:

Земјата не е секогаш исто одалечена од сонцето.
од најблиску до најдалеку е разлика “само“ 6 милиони километри.



Перихел (почеток јануари) оддалечена од сонцето 149,6 мил.км
Афел (почеток јули) ...........................................152 мил.км
152-149,6 = 2,4 мил.км
6-2,4 =3,6 мил.км
За малку си утнал пријателе:smir:
 
Према податоците кои сведочат...
Многу автори во своите дела напишани за подемот на македонската


Еве што пишува таканаречениот татко на Историјата, Халикарнишанин Херодот, во своето дело:
,,Херодова,Историја,,.
Аријан, Јустин или Помпеј Трог, Квин Куртиј Руф, Херодот да ја прикажеме состојбата на Балканот врзана со настаните што се случувале непосредно пред и за време на почетокот на создавање на македонската империја.

Постојат и други авттори како што се Плутарх, Тукидит, Страбон, Псевдо, Калистен од античкиот свет, кои главно пишуваат за идентични состојби.

Лет1,2,3,.................................зошто се исклучи уште не сум завршил за доказите за Македонија.

На располагање ти се гледам сите автори кои Македонците ги нарекуваат ГРЦИ или ХЕЛЕНИ. Барем си докажа дека изворот на сите твои тврдења ти е во штабот на бакојани во Атина.

Прво да почниме од помпеј Трог и Калистен. Во кои нивни дела црпиш докази за Македонци и Македонија? Тоа многу ме интересира.

А сега за твоите докази и “авторитети“


Каранус на чело на грчка војска, а по совет од пророштвото замина да за себе си основа кралство - Македонија - Јустин

Секако, Македонија е дел од Грција - Страбо

Сакајќи да тоа биди општа победа на сите хелени, на Атињаните им прати 300 штитови. На другиот плен, пак, нареди да се стави натпис: Александар, син на Филип и Хелените освен лакедомонците, од варварите кои живеат во Азија - Плутарх

А дека тие потомци на Пердика се Хелени, како што и самите зборуваат, и јас така знам, па во натамошното мое излагање, ќе покажам дека се Хелени - Херодот

Значи ти безгрижно ни поддаваш докази од автори кои Македонците ги сметаат за грци или дел од грчки народ и ич не се загрижуваш за тоа. Нормално, тие се за тебе света вистина. Исто како што ти е света вистина дека кога постоеле Тракијци не постоиеле Македонци. Само беше прашање на време кога ќе мораш да излезиш со вистинските побуди и тврдења. Али на време те раскринкав така да сега само можеш во очајање да прифрлиш уште некој грчки автор како “доказ“ дека сме хелени.
 
На располагање ти се гледам сите автори кои Македонците ги нарекуваат ГРЦИ или ХЕЛЕНИ. Барем си докажа дека изворот на сите твои тврдења ти е во штабот на бакојани во Атина.
Прво да почниме од помпеј Трог и Калистен. Во кои нивни дела црпиш докази за Македонци и Македонија? Тоа многу ме интересира.

А сега за твоите докази и “авторитети“


Каранус на чело на грчка војска, а по совет од пророштвото замина да за себе си основа кралство - Македонија - Јустин

Секако, Македонија е дел од Грција - Страбо
Сакајќи да тоа биди општа победа на сите хелени, на Атињаните им прати 300 штитови. На другиот плен, пак, нареди да се стави натпис: Александар, син на Филип и Хелените освен лакедомонците, од варварите кои живеат во Азија - Плутарх
[FONT=&quot]А дека тие потомци на Пердика се Хелени, како што и самите зборуваат, и јас така знам, па во натамошното мое излагање, ќе покажам дека се Хелени - Херодот[/FONT]
[FONT=&quot]Значи ти безгрижно ни поддаваш докази од автори кои Македонците ги сметаат за грци или дел од грчки народ и ич не се загрижуваш за тоа. Нормално, тие се за тебе света вистина. Исто како што ти е света вистина дека кога постоеле Тракијци не постоиеле Македонци. Само беше прашање на време кога ќе мораш да излезиш со вистинските побуди и тврдења. Али на време те раскринкав така да сега само можеш во очајање да прифрлиш уште некој грчки автор како “доказ“ дека сме хелени.[/FONT]

Овие афтори се на располагање на сите оние кои сакаат преку нив да дознаат за одредена вистина,И ВЕ МОЛАМ НЕ БИДЕТЕ СМЕШНИ ПРЕД ЦЛЕНОВИТЕ НА ФОРУМОВ,ако знаеш други афтори престави ги те молам,бидејки за рок од пет минути го менеш мислењето,те сум Бугарин,те сум Грк.............................многу не озбилно од тебе кога се најдеш во мат позиција не памтеш и веќе што си ме врегал,но јас верувај ми не ти наогам мана,сето тоа е одраз на твојата домашна култура,ти ако сакаш продолжи со твоите испади,сега е наред етикета дека сум албанец,пото што .....................................и така во недоглед бидејки ист кака мачката никогаш не пгаш на мевот,па и не случајно е ерменски заштитен знак.
 
Овие афтори се на располагање на сите оние кои сакаат преку нив да дознаат за одредена вистина,И ВЕ МОЛАМ НЕ БИДЕТЕ СМЕШНИ ПРЕД ЦЛЕНОВИТЕ НА ФОРУМОВ,ако знаеш други афтори престави ги те молам,бидејки за рок од пет минути го менеш мислењето,те сум Бугарин,те сум Грк.............................многу не озбилно од тебе кога се најдеш во мат позиција не памтеш и веќе што си ме врегал,но јас верувај ми не ти наогам мана,сето тоа е одраз на твојата домашна култура,ти ако сакаш продолжи со твоите испади,сега е наред етикета дека сум албанец,пото што .....................................и така во недоглед бидејки ист кака мачката никогаш не пгаш на мевот,па и не случајно е ерменски заштитен знак.
Ти стоиш на Бугарската теза (постоеле тракијци но не и македонци) и на грчката (Македонци се хелени) така да си ми подеднако “драг“.
Сега дај кажи и не бегај како на прашањето за Рамсес втори за чија фамилија, делување, век во кој живеел си изнел толку невистини, значи кажи ми:
Во кои дела на Помпеј Трог и Калистен си нашол докази за Македонија и Македонците
Во кој век за Александар и Филип пишуваат Руфус и Аријан и колкава временска дистанца ги дели нив од Александар и Филип.
Ете лесни прашања.
 
Конечно дојдов до посакуваната цел Лет1,2,3,...........................за да си го откриеш скриениот фаронски - ерменски ген,па затоа мислам дека коренот твој ти е на тебе добро познат,јас 50 постови доставив за мојот македонски корен,и не би сакал да се мешам во твојотн корен.На тоа прашање кој самиот си го постави ке мора и самиот да си одговориш,за мене Македонија ми е во срцето.
 
Конечно дојдов до посакуваната цел Лет1,2,3,...........................за да си го откриеш скриениот фаронски - ерменски ген,па затоа мислам дека коренот твој ти е на тебе добро познат,јас 50 постови доставив за мојот македонски корен,и не би сакал да се мешам во твојотн корен.На тоа прашање кој самиот си го постави ке мора и самиот да си одговориш,за мене Македонија ми е во срцето.
Значи во кои дела на Помпеј Трог и Калистен ги црпиш податоците за Македонија и Македонците

Колку време пооминало од времето на Филип и Александар и пишувањата на Ариан и Руфус.
 
Со 4000 постови пред тебе се правиш смешен,зошто си посатвуваш глупави пршање кога се ти е напишано за Македонија,од мене во претходните постови,и ако сакаш ке ги прочиташ,овде јас завршувам со тебе ,што си разбрал,разбрал за ова тема,бидејки ти докажав за Атлантида,(ако не ти е нешто јасно можеш да ме следиш и на темата Атлантида,кој ке се обидам со факти и аргументи да докашам што сум пишал на оваа тема)ти докажав за Македонија следните денови ќе ти докажам и за Александар Македонски.
За сите останати прашања кои ке ги испраќаш према мене ке мора самиот да си одговараш,бидејки едноставно твоите постови ке ми бидат исто каљко празни листови,
остани ми со здравје ,од мене толку.
 
1. Во кои дела на Помпеј Трог и Калистен ги црпиш податоците за Македонија и Македонците

2. Дали сметаш дека Херодот, Страбон, Плутарх, Јустин, Полибие, Диодор.. ја зборуваат и пишуваат вистината за Македонија и Македонците

3. Колку време помина од Александар и Филип доо пишувањата на Руфус и Ариан.
 
Слаб сум математика, колку рече е разликата помеѓу 6 000 000мil.кm и 3,6мил.мк (чисто онака за да видиш колку си учен географија , а башка и математика, за англиски не знам)
на сите останати им се извинуфам за напишаново кое е надвор од темата , да не речам off topic)
 
Слаб сум математика, колку рече е разликата помеѓу 6 000 000мil.кm и 3,6мил.мк (чисто онака за да видиш колку си учен географија , а башка и математика, за англиски не знам)
на сите останати им се извинуфам за напишаново кое е надвор од темата , да не речам off topic)
Растојание од земјата до сонцето е секогаш различно пошто патеката на земјата не е кружница. зато има разлика од 6 милиони километри од најблиската до најдалечната тожка до сонцето од земјата а другите прашањета беа до Стоименов пошто спомна дека податоците ги вади од делата на помпеј трог и Калистен како и докази за Македонија и Македонци, за Филип и Александар ги дава од пишувањата на Аријан, Руфус, Страбон, Плутарх, Херодот.... го прашувам:

1. Во кои дела на Помпеј Трог и Калистен ги црпиш податоците за Македонија и Македонците

2. Дали сметаш дека Херодот, Страбон, Плутарх, Јустин, Полибие, Диодор.. ја зборуваат и пишуваат вистината за Македонија и Македонците

3. Колку време помина од Александар и Филип доо пишувањата на Руфус и Ариан.

(секако останува да чекаме на одговор и за рамсес втори, значи во кој век живеел Рамсес втори, дали Рамсес втори вовел или воведувал култ на еден бог, дали Нефретити има некаква врска со Рамсес втори и дали целото семејство на рамсес втори е ликвидирано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom